Олимписки игриБах: Париз е подготвен за ЛОИ 2024Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах ја оцени подготвеноста на Париз, домаќинот на Олимпијадата 2024.- Гледаме огромен ентузијазам за Олимпијадата не само во Париз, туку и низ цела Франција. Милиони луѓе го следеа олимпискиот факел. Сè е организирано за Олимпијадата, сè е подготвено, но ние остануваме внимателни за преостанатите детали, изјави Бах. Летните олимписки игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година. На Игрите ќе настапат шест македонски спортисти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПремиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват15:16Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:27
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
МакедонијаПротест пред финансии: Кадар од Детска клиника пет месеци работи без платаПедесетина медицински сестри, техничари, лаборанти, административци пет месеци одат на работа во Клиниката за детски болести без пари. Тоа денеска не го направија и наместо во Клиниката да асистираат за болни дечиња застанаа пред Министерството за финансии за да прашаат зошто после месеци чекање добиле негативно мислење за нивните плати. Освен да им се исплати изработениот труд тие бараат решение за постојано вработување. По средбата во Министерството за финансии договорците од Детска останаа без одговори зошто речиси половина година се оставени на цедило, но со ветувања дека документацијата ќе била повторно разгледана. Директорот на Клиниката Д-р Реџеп Мемеди за Канал 5 вели дека без овие педесетина луѓе болницата не може да функционира и вели дека барањето било пратено на време до Министерство за финансии уште во декември лани, а одговор со негативно мислење стигнал кон крај на април. -Станува збор за помошен медицински персонал за кој како што секогаш правиме од декември праќаме барање, ама овој пат одговорот „патуваше“ пет месеци. Ние сме терцијарна установа за најкомплексно ниво на медицинска заштита, последна станица за третман, и немаме каде да ги пратиме децата на лекување како што се случува во внатрешноста. Од други болници ќе ги пратат децата кај нас во Скопје, а ние ако сме без кадар каде да ги препраќаме? - Д-р Реџеп Мемеди. Канал 5 се обрати до Министерството за финансии. Оттаму наместо конкретен одговор што понатаму со овие луѓе кусо ни одговорија дека и тие вратиле го почлитувале рокот за одговор на барања. -Министерството за финансии ги сослуша нивните барања и укажува дека постапува согласно важечките законски прописи. Во рамки на своите надлежности, Министерството по секое доставено барање од буџетски корисник кое се однесува на нови вработувањe, ангажирање или трансформација на работен однос постапува и доставува известување во законски утврдениот рок, согласно Законот за буџети. - МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ Од Министерството за здравство пак, не кажаа зошто до сега не им решен статусот на договорците од Детска, но потврдуваат дека барањата до Финансии се процесуирани од нивна страна и биле пратени на време. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДиректни преговори под услов: Кремљ бара средба во Москва, Украина сака меѓународни медијаториПо 1.600 денови војна и несебична поддршка на западните сојузници, украинскиот претседател Зеленски му пиша на рускиот колега Путин. Во отворено писмо од 1.800 зборови, Зеленски го повикува на директна средба лице в лице, зашто како што рече, погрешно е уште да се чека. Со одредена доза на потсмев, тој му пишува на Путин дека неговата возраст почнува да го зема својот данок и му предлага средба во неутрална земја сугерирајќи на Швајцарија и во Турција. -Гледаме дека Соединетите Американски Држави го посветуваат целото свое внимание на прашањето за Иран и погрешно е едноставно да се чека нивното внимание да се сврти кон војната во Европа. Украина предлага да се заврши војната во формат меѓу мене и вас. Ви нудам средба. , пишува Зеленски во писмото до Путин. Кремљ експресно му возврати, дека ако сака средба Зеленски може да дојде во Москва, нешто што украинскиот лидер досега категорично го одбиваше. Дека е подготвен за преговори, вчера зборуваше и самиот Путин, но како што порача, единствено под добро позната рамка од Аљаска, која предвидува Украина да се повлече од четирите региони под руска окупација. Изрази сомнеж и во легитимитетот на Зеленски. -Прашање е дали украинската страна е подготвена за компромиси. И дали Зеленски е воопшто е легитимен претставник на Украина? Тоа е прашање за правниците и за детална правна анализа. , вели Владмир Путин, претседател на Русија. Трамп ја поздрави иницијативата и изрази надеж дека двете страни се подготвени за компромиси. -Мило ми е што зборуваат за средбата. Мислам дека влијаевме на неа. Мислам дека би било одлично ако се сретнат. Треба да го завршат. , вели Доналд Трамп, претседател на САД. Украинците претежно скептични на писмото на својот на претседател, но велат преговорите мора некогаш да се случат. -Ова писмо не вреди ништо. Како ќе запре војна, кога некои барања се неразумни. На Русија и треба цела Украина. Ако сака Зеленски нека напише и 100 писма. , вели жител на Киев. -Од аспект на дипломатијата, писмото има голема тежина, но мислам дека повеќе е упатено до западниот свет отколку до Владимир Путин. , вели жител на Киев. Од почетокот на војната се одржаа неколку рунди преговори, во Истанбул, Женева, Абу Даби, но сите пропаднаа во најголем дел поради територијалните прашања.Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПремиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват15:16Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:27
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
МакедонијаДали ќе има конкретен план како главниот град да го реши проблемот со бездомните кучиња?Дали ќе има конкретен план како главниот град да го реши проблемот со бездомните кучиња? Овој проблем, кој постои со години, како да ескалира во последниот период, а граѓаните често се жалат дека се нападнати. Проблемот со уличните кучиња не може да се реши набрзина, и потребни ќе бидат околу две години за конечно кучињата да се тргнат од улиците, рече денеска директорот на ЈП Лајка, Војислав Димитровски. Тој нагласи дека имаат стратегија како на хуман начин да се справат со бездомните кучиња, и веќе имаат набавено опрема за заловување на проблематичните кучиња за кои граѓаните често пријавуваат, но повика и на одговорност кај граѓаните, да не продуцираат легла, кои потоа ќе ги остават на улица. Директорката на прифатилиштето за бездомни животни од Загреб, Татјана Зајез денеска го претстави искуството од Хрватска. Таа напомена дека во Хрватската метропола не можат да се видат улични кучиња, бидејќи казните за сопствениците кои нема да ги чипираат или на оние кои ќе ги напуштат се високи. ПРофесорот од ветеринарниот факултет, Влатко Илиески предупреди дека сите домашни кучиња кои во моментов не се чипирани, би можеле во било кој момент да станат улични, бидејќи не се регистрирани, и ако случајно го напуштат живеалиштето, веќе се во сопственост на градот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter