Разговори за иднината во 12:05“ -Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува!
ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпад
1Разговори за иднината во 12:05“ -Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува!
2ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпад
3Четири земји одбиваат да ја финансираат Украина. Германија се заканува дека ќе го блокира буџетот на ЕУ
СветБагерист прегази жена на плажа - не му било прв пат, се фалел со снимките (ВИДЕО)Елиса Спадавекија (66) беше убиена кога возач на булдожер помина преку нејзиното тело на плажата Пинарели ди Червија, во близина на градот Равена.Лари Њоли е ослободен со кауција и е под истрага за убиство од небрежност, објави Ил Џорнале. „Мојот клиент е длабоко потресен, ова е огромна трагедија. Тој не може да разбере како можеше да се случи оваа ситуација и изразувам сочувство до семејството на жената што почина“, рече неговиот адвокат, Виторио Манеса. „Тој е во оваа работа 35 години“, додаде адвокатот за 54-годишниот маж. Според Јавното обвинителство на Равена, Њоли е под истрага за убиство од небрежност бидејќи се случило на плажата за време на реновирање, а не за убиство во сообраќајот, што би барало апсење. Во меѓувреме, истрагата продолжува да ги разјаснува точните околности на несреќата, на која сведочеле неколку сведоци, како и природата на работата што се извршувала на плажата - која, според градоначалникот на Червија, градот не ја одобрил, објави РАИ со снимка од местото на ужасот. Истражителите сега работат на утврдување кој му дал наредба на возачот на багерот да работи на местото, што веројатно ќе ја зголеми одговорноста за убиството на повеќе од едно лице. Телото на починатата жена е префрлено во мртовечница, а во наредните денови се очекуваат форензички испитувања на запленетото возило и, евентуално, обдукција на телото на Елиса. Дали возачот претходно прегазил маж? По трагедијата, во италијанските медиуми се појави информација дека Њоли претходно бил осомничен за убиство на патот кога го прегазил Џузепе Кверчоли. Понатамошната истрага откри дека имал кокаин во крвта, а тој тврдел дека ја консумирал дрогата во претходните денови, но не и на денот кога го прегазил мажот. Сепак, од непознати причини, Њоли не бил осуден за ова убиство. Потоа се вратил на својата работа со градежна механизација и често објавувал видеа на социјалните мрежи како управува со багер на плажа. Едно од постарите видеа го покажува како се врти помеѓу чадори за сонце и капачи - маневар сличен на оној што доведе до трагедијата. Тој го објави последното видео само неколку часа пред несреќата, повторно покажувајќи го багерот во акција. Катерина Феди, внука на Џузепе Кверчиоли, кој починал во 2022 година, исто така се огласи на социјалните мрежи. „Со длабока тага и гнев ја примам веста што ме потресе: истата личност што ја предизвика несреќата во која загина мојот дедо - човек кој не заслужуваше таков неправеден крај - го одзеде животот на уште една невина личност. И таа повторно беше зад воланот. Ова е неприфатливо“, рече внуката. „Неверојатно е некој што веќе уништил едно семејство со својата неодговорност да може повторно да го стори тоа. Моите мисли се со семејството на жената што го загуби животот. Знам каква болка е тоа, колку е неправедно, неподносливо. Моето срце е со нив“, додаде таа.Тагови: багер плажа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЗапален автомобилот на Александра Пријовиќ и Филип ЖивојиновиќЏип во сопственост на мегапопуларната пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг, продуцентот и менаџер Филип Живојиновиќ бил запален во текот на ноќта на Бежанијска коса, пред нивниот семеен дом.Драма во текот на ноќта во елитната населба во белград, Бежанијска коса, каде интервенирала полицијата и екипа на итната помош Џип во сопственост на мегапопуларната пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг, продуцентот и менаџер Филип Живојиновиќ бил запален во текот на ноќта на Бежанијска коса, пред нивниот семеен дом. Автомобилот бил паркиран во непосредна близина на куќата на Александра и Филип, а пламените јазици го зафатиле возилото што се наоѓало до џипот. Полициските службеници набргу започнале со истрага и прибирање траги што би можеле да помогнат во расветлувањето на сите околности на овој инцидент. Сега влезот во семејниот дом на Прија и Филип е обезбеден од припадници на полицијата, а ролетните на прозорците од куќата се спуштени. Засега сè уште нема официјални информации за тоа како се случил инцидентот.Тагови: Александра Пријовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРазговори за иднината во 12:05“ -Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува!Новиот Кривичен законик е резултат на притисокот на Европската Комисија, која и во годинешниот Извештај за напредокот на Македонија забележи за крајно негативните последици од скандалозните измени на кривичното законодавство од 2023. Во врска со најавата за донесување нов Кривичниот законик Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ го соопштуваат следниот став: Новиот Кривичен законик е резултат на притисокот на Европската Комисија, која и во годинешниот Извештај за напредокот на Македонија забележи за крајно негативните последици од скандалозните измени на кривичното законодавство од 2023. Факт е дека најавата за нов Кривичен законик е чекор напред во борбата против политичката корупција, но апсолутно не дава одговор како да се спроведе правдата и исполнат очекувањата на граѓаните. Борбата против политичката корупција не смее да се сведе на гола реторика и обиди за перење совест за претходните гревови! Тоа што едни наводно изразуваат каење и ги оценуваат измените на Кривичниот законик во 2023 како грешка, а другите сега популистички најавуваат нова казнена регулатива која наводно ќе важела само за сегашните нивни функционери, а не и за претходните, не ја менува горчливата правосудна реалност. Мнозинството граѓани со право се сомневаат дека меѓу актуелната власт и опозиција постои договор за меѓусебна амнестија. Да не заборавиме дека измените на Кривичниот законик во септември 2023 се усвоија во итна постапка, водена со ЕУ знаме, немаше ниту еден амандман од тогашната опозиција која направи кворум на гласањето, указот беше веднаш потпишан од тогашниот претседател на државата, а иницијативата за испитување на уставноста на овие измени и барањето за времена мерка со која ќе се стопираше примената на овие одредби беше конечно запрена од Уставниот Суд на 25 февруари 2026. Со скандалозните измени на Кривичниот законик се намалија затворските казни за злоупотреба на службената положба што отвори можност за брзо застарување на кривичните дела сторени со политичка корупција, се избришаа одредби кои предвидуваа казни за злоупотреба на јавни набавки и оштетувања на државниот Буџет. Проценката кажува дека околу 800 поранешни и сегашни носители на функции ги злоупотребуваат овие скандалозни измени на Кривичниот законик за ослободување од кривична одговорност. Нема никаква дилема дека со скандалозните измени на Кривичниот законик од 2023 дел од политичарите - пазарџии и објавија војна на правдата во Македонија. Заради иднината на државата сметаме дека е дојдено крајно време од декларативни заложби да се премине на дела. Тоа и го должиме на актуелната младина и на генерациите кои доаѓаат. Корумпираните политичари без разлика на етничка, верска и партиска припадност мора да одговараат и покрај скандалозните измени на Кривичниот законик во 2023. Затоа, предлагаме: После членот 112 од актуелниот Кривичен законик со кој се дефинира „незастарливост на кривични дела геноцид и воени злосторства“, да се додаде нов член 112-а со кој ќе се дефинира незастарливост на кривичниот прогон и конфискацијата на противправно стекнат имот и за кривичните дела сторени од сите избрани и именувани лица како и од јавни и државни службеници во централната и локалната власт кои располагаат со буџетски средства и државен капитал а кои со незаконито однесување и политичка корупција стекнале противправна имотна корист. Со ваква законска интервенција ќе се испрати јасна порака дека никогаш повеќе нема да има ниту јавна ниту скриена амнестија за политичари; Во актуелниот Кривичен законик, во главата триесетта каде се дефинирани „кривични дела против службената должност“, во членот 359-а кој го дефинира кривичното дело „противправно стекнување и прикривање имот“ да се зголемат минималните казни затвор и тоа од шест месеци на три години и од една на пет години, а максималните казни затвор да се зголемат од пет на десет години и од осум на петнаесет години; Конечно усвојување на посебен Закон за потекло на имот со кој ќе се создадат неопходните правни механизми за испитување на потеклото на движен и недвижен имот на сите сегашни и претходни избрани и именувани лица и нивните потесни семејства. ОРГАНИЗАТОРИ НА „РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12:05“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпадВо текот на изминатиов викенд, непознати сторители опожариле четири садови наменети за одлагање на комуналниот отпад. Опожарени се два пластични контејнера со зафатнина од 1,1 м3, лоцирани во населбата Ново Лисиче во скопската општина Аеродром, како и два метални контејнера со зафатнина од 1,1 м3, лоцирани на булеварот Македонско-косовска бригада во општината Чаир. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена-Скопје во најкус можен рок опожарените садови ги замени со нови. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира да престане уништувањето на садовите за одлагање отпад, со цел екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа. Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и се очекува да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите. Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија вкупно 760 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одложени на јавни и собраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество отпад од диви депонии – вкупно 190 кубни метри, е расчистено во општината Центар. Воедно, во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општината Кисела Вода, беа реализирани еко-предавања за правилно постапување со отпадот и придобивките од неговата примарна селекција. Со едукативните активности беа опфатени вкупно 100 ученици од четвртите одделенија во училиштето.Тагови: ЈП Комунална хигиена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter