Баерн се повлече, Санчез го избра Манчестер Сити - Канал 5

Баерн се повлече, Санчез го избра Манчестер Сити

Баерн Минхен се откажа од доведување на Алексис Санчез од Арсенал, бидејќи Чилеанецот веќе донесе одлука за продолжување на неговата кариера, изјави претседателот на клубот Карл-Хајнц Румениге.

Баерн се повлече, Санчез го избра Манчестер Сити
Румениге индиректно потврди дека Санчез избра да оди во Манчестер Сити, веројатно на крајот од сезоната кога истекува неговиот договор со Арсенал.

- Мислам дека Санчез веќе одлучи во кој кулб ќе оди, така што вратата на неговиот трансфер кај нас е затворена. Тоа не е проблем за нас и Санчез не би бил замена за Левандовски, бидејќи не е класичен напаѓач, изјави Румениге за германски „Скај“.

Санчез во неколку наврати одби продолжување на договор со неговиот сегашен клуб Арсенал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потопен уште еден товарен брод во Црното море покрај брегот на Бугарија

Бугарија денеска примила повик за помош од товарен брод што тонел во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море, соопшти Министерството за транспорт.

Потопен уште еден товарен брод во Црното море покрај брегот на Бугарија

Бродот „Бетул 8“, кој пловел под сомалиско знаме и на кој имало 12 членови на екипажот, превезувал три тони пченица и пловел од Романија кон Египет. Од Министерството за транспорт не наведоа што се случило со посадата.

Два бугарски, еден романски и еден турски брод се упатени кон местото на настанот, се додава во соопштението.

Причината за инцидентот не е јасна, но во изминатите неколку недели имаше низа смртоносни напади со беспилотни летала врз бродови во близина на бреговите на Бугарија и Романија, за кои се верува дека се поврзани со војната во Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во Белград

Деветнаесетгодишен државјанин на Македонија е уапсен под сомнение дека се обидел да го убие Ненад Алајбеговиќ, познат како Алибек, во Белград.

Деветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во Белград

Осомничениот бил приведен на границата со Хрватска, додека се обидувал да ја напушти Србија, објавија српските медиуми..

По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, на А. А. му е одредено задржување до 48 часа поради сомнение за обид за убиство и недозволено производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи.

Според сомненијата, на 8 август минатата година, на улицата „Народни херои“ во Белград, осомничениот испукал повеќе куршуми од пиштол кон Ненад Алајбеговиќ, кој во тој момент се наоѓал во своето возило.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукаку се повлече од репрезентацијата на Белгија

Белгискиот напаѓач 33 годишниот Ромелу Лукаку денес преку социјалните мрежи, го објави крајот на својата репрезентативна кариера, која трае 16 години. 

Лукаку се повлече од репрезентацијата на Белгија

Од неговиот прв повик во националниот тим на 3 март 2010 година, кога имаше само 16 години, Ромелу го носеше дресот на репрезентацијата 135 пати и постигна 94 гола.

Со оваа импресивна статистика, тој е најдобриот стрелец на сите времиња за „Црвените ѓаволи“. „Шеснаесет години.

Во текот на овие 16 години, дадов сè што имав за националниот тим. Доживеав секакви емоции што можат да се замислат“, напиша Лукаку на Инстаграм, придружувајќи ја објавата со серија фотографии од неговата репрезентативна кариера.

Во текот на својата репрезентативна кариера, Лукаку настапи на четири Светски првенства и три Европски првенства. Тој беше клучен играч во белгиската „златна генерација“ – тим кој со години беше меѓу најдобрите во светот и подолго време го држеше првото место на ранг-листата на ФИФА. Во моментов настапува за турскиот клуб Фенербахче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер