Баерн сака да го продаде Коман на лето за 35-45 милиони евра - Канал 5

Баерн сака да го продаде Коман на лето за 35-45 милиони евра

Баерн Минхен има намера да го продаде Кингсли Коман по крајот на сезоната.

Баерн сака да го продаде Коман на лето за 35-45 милиони евра

Според „Билд“, клубот одредил цена од 35-45 милиони евра за 28-годишниот фудбалер од средниот ред.

Самиот Коман е отворен за трансфер во текот на летото. Премиерлигашот Арсенал и клубови од лигата на Саудиска Арабија се сметаат за потенцијална нова средина на Французинот.

Коман е меѓу играчите на Баерн од кои клубот сака да се ослободи за да го намали фондот за плати и да ослободи средства за нови фудбалери.

Во тековната сезона Кингсли одигра 22 натпревари во Бундеслигата, постигнувајќи четири гола и исто толку асистенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 3.000 гостиварци досега побарале лекарска помош, од ИЈЗ нема потврда дека се затруле од водата

Над 3000 луѓе од Гостивар досега побарале лекарска помош во болници, амбуланти и во службата за Итна медицинска помош со слични симптоми, стомачни тегоби и дехиратација.

Над 3.000 гостиварци досега побарале лекарска помош, од ИЈЗ нема потврда дека се затруле од водата

Над 3000 луѓе од Гостивар досега побарале лекарска помош во болници, амбуланти и во службата за Итна медицинска помош со слични симптоми, стомачни тегоби и дехиратација, ама од здравствените власти и од Институтот за јавно здравје нема потврда за тоа дека се затруле од водата, поточно од водоводната мрежа. Причината, како што кажа Министерот за здравство Сашо Клековски е ембарго од Обвинителството. Власта тврди дека надлежните реагирале веднаш, како и дека не се криеле информации, а од Институтот хипотетички објаснија, дека конзумирање на вода полна со фекалии може да даде ваква клиничка слика како што имаат граѓаните на Гостивар. Засега иако речиси нема семејство во Гостивар во кое нема барем еден со симптоми, сепак само 4-ца се хоспитализирани, од кои едно дете.

Од Институтот тврдат дека Обвинителството им наложило да земат примероци во време кога мал бил бројот на пријави за заболувања за сами да излезат на терен. За тоа дали некој ги попречувал службите да земат мостри, Директорката рече дека нема информации, па ниту ги потврди ниту ги демантираше.

Во меѓувреме за граѓаните на Гостивар каде што од вчера е прогласена епидемија првично ќе бидат обезбедени три шлепери со 76 илјади литри вода, а во наредните денови и ќе се зголемува зависно од потребите. Од Владата ги соопштија и локациите за граѓаните да знаат од каде може да наполнат чиста вода за пиење.

Се очекува и Комисијата за заштита од заразни болести да изглезе со понатамошни препораки. Во меѓувреме, од водата е забранета за било каква употреба откако АХВ утрвди дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, поставена е пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем. Клековски спомена дека ова не е прв ваков случај во Гостивар, во 2017 никогаш не биле разјаснети причините зошто 800 луѓе завршиле со инфективни тегоби.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ја донесе Одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

Со 88 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“, Собранието денеска ја донесе Одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври.

Собранието ја донесе Одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

Владата на седницата одржана на 17 јули ја донесе одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Северна Македонија.

Со донесената одлука, како што соопштија, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати.

– Целта на оваа одлука е Владата да располага со соодветен правен механизам за брза и ефикасна реакција, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, да се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството. Владата и понатаму внимателно ќе ги следи состојбите на домашниот и на меѓународниот енергетски пазар и доколку тоа го наложат околностите, ќе продолжи да носи навремени и соодветни мерки во интерес на сигурно, стабилно и непречено снабдување со нафта и нафтени деривати – посочија од владината прес-служба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синдикална минимална кошница за месец јули 2026 година изнесува 68 498 денари, за 156 денари пониска од јуни

Поради тензиите на Блискиот Исток повторно расте цената на нафтата.. На вонредна седница попладнево се очекува Владата да ја продолжи кризната состојба и да има повторно намалување на акцизите на горивата.

Синдикална минимална кошница за месец јули 2026 година изнесува 68 498 денари, за 156 денари пониска од јуни

Нема да дозволиме злоупотреба на ситуацијата и профитирање преку неопреавдано зголемување на цените кај храната - порача заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески во очи на средбата во ресорното министерство со дистрибутерите и производителите.

Двата извештаи на пазарен, во кои е констатирано дека во одреден период цените на рафтовите растеле побрзо од оние по кои се набавувале поради повисоки бруто профитни маржи, а во одреден период дури и кога набавните цени се намалиле крајните останале исти – се главните теми на состанокот во економија. Ристески вели иако засега цените на храната се стабилни, а тоа го покажуваат и аналзиите на пазарен и податоците за инфлација на статистика сепак доколку има потреба како влада може да интерневираат ос мерки...

„Ако има нормално не пазарно однесување енормни зголемувања и како што кажав ако имаме така наречени воени профитери во вакви услови да сакаат да спечалат на грбот на граѓаните ние имаме законски мерки кои можеме да ги употреиме... Главната цел на оваа влада е заштитата на животниот стнадард на граѓаните..“

Заменик министерот не сакаше да ја коментира миниамланата синдикална кошничка која ја пресметува ССМ, и истата бележи намалување од 156 денари, Ристески вели релевантни податоци за нив се оние од статистика. Инаку според преметките на синдикатот иако е забележано минимално намалување на кошницата, пред се од 108 денари кај храната и речиси 50 денари кај транспортот, на едно четиричлено семејство и натау му се потребни над 68 илјади денари за основните месечни потреби...

Во меѓувреме откако беше продолжена кризната состојба – владата повторно интервенира и во акцизите кај дизелот и бенизните. Премиерот Христијан Мицкоски вели со мерките кои се превземааат земајва остнаува со убедливо најниски цени на дериватите во регионот и пошироко.

„Ќе ги намалиме акцизите за безоловните и дизелот со што колку толку ќе влијаеме позитивно би рекол за граѓаните а негативно за цената бидјеќи ќе се намали, очекувам да бидеме и понатаму со најниска цена на горивата...“

Одговарајќи на новинраско прашање Мицкоски рече дека и покрај тешките надворешни околности, тие како Влада имаат план, буџетот вели се полни дури и над нивните очекувања, а смета дека како држава ќе имаме солиден раст на БДП и во вториот квартал.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер