Баерн му вети безрезервна поддршка на повредениот Мусијала - Канал 5

Баерн му вети безрезервна поддршка на повредениот Мусијала

Извршниот директор на минхенски Баерн Минхен, Макс Еберл, вети целосна поддршка од клубот за германскиот репрезентативец Џамал Мусијала, кој претрпе фрактура на фибулата на левата нога за време на четвртфиналето на Светското клупско првенство.

Баерн му вети безрезервна поддршка на повредениот Мусијала

Извршниот директор на минхенски Баерн Минхен, Макс Еберл, вети целосна поддршка од клубот за германскиот репрезентативец Џамал Мусијала, кој претрпе фрактура на фибулата на левата нога за време на четвртфиналето на Светското клупско првенство во САД против ПСЖ.

„Едноставно ќе бидеме тука за него како семејство, за повторно да му помогнеме и да го водиме по патот кој дефинитивно не е лесен“, рече директорот на Баерн.

Прогнозите се дека Мусијала ќе биде надвор од терените до пет месеци.

Фудбалерите на Баерн се вратија во својата база во Орландо, откако во саботата беа елиминирани од турнирот, а летот назад кон Германија е закажан за подоцна денеска.

Се очекува Мусијала да патува со своите соиграчи, но за ова нема официјална потврда од Баерн Минхен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силниот ветер ги разгорува пожарите низ Грција, најтешка состојбата на Крит

Пожарникарите продолжуваат со борбата против големите шумски пожари низ грција, каде силниот ветер предизвикува нови жаришта и го отежнува локализирањето на огнената стихија.

Силниот ветер ги разгорува пожарите низ Грција, најтешка состојбата на Крит

Најкритична останува состојбата во областа Агиа Параскеви во Ретимно, на островот Крит, каде екипите цела ноќ се бореа со пожарот, а со првите утрински часови повторно беа вклучени и противпожарни авиони.

Грчката служба за цивилна заштита предупреди дека регионот Атика, поширокото подрачје околу Атина и уште неколку делови од земјата денес се под многу висок ризик од пожари и ги повика граѓаните строго да ги почитуваат предупредувањата и упатствата на надлежните служби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Коњановски: Цел свет на едно место, фолклорна дружба со гости од фестивалот „Илинденски денови“

САД- Венецуела, Порторико, Кина, Грузија, Холандија, Унгарија, Словачка, Грција и Шведска и секако од земјата домаќин Македонија, беа дел од годинашното издание на „Илинденски денови“.

Коњановски: Цел свет на едно место, фолклорна дружба со гости од фестивалот „Илинденски денови“

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и оваа година организираше прием, односно фолклорна дружба со гости од фестивалот „Илинденски денови“, кои изминативе недели ја разиграа Битола и ја обоија во боите на фолклорот.

Неговиот кабинет беше претесен за домашните и странските гости кои ги пренесоа своите позитивни импресии од фестивалот, организацијата, гостопримството на градот, од убавините на Битола со своите културни и историски посебности.

Градоначалникот Коњановски на средбата истакна дека во овој период Битола, посебно е разубавена, а светското шаренило, надополнето со музиката, играта и песната, никого не остава рамнодушен. Ова пак истовремено значи и светска промоција на градот, кој го има овој фестивал и повеќе од половина век ја негува традицијата, но и ги отвара ширум своите врати за традициите во фолклорот на други народи.

Добрата соработка за градење силни културно – уметнички врски беше повод и за размена на пригодни подароци и промотивни материјали во знак на сеќавање на изданието на фестивалот кое беше едно од најдолгите во својата историја со голем број учесници, како домашни така и странски од различни делови на светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дирекцијата за ТИРЗ продолжува со следење на реализацијата на инвестициските проекти

Директорот Димовски истакна дека ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои инвестираат во зоните, обезбедувајќи поддршка и навремена комуникација во сите фази од реализацијата на инвестициските проекти.

Дирекцијата за ТИРЗ продолжува со следење на реализацијата на инвестициските проекти

Во рамки на редовната комуникација со сите инвеститори во ТИРЗ, директорот Гоце Димовски ја посети компанијата Шахтерм, каде беше извршен увид во текот на градежните активности кои започнаа во мај минатата година, а веќе до крајот на оваа година се очекува почеток со производство.

За време на посетата, директорот Димовски оствари средба со менаџментот на компанијата, при што заеднички беше разгледана динамиката на реализација на проектот, тековните активности на локацијата, како и следните чекори до воспоставување на производствените капацитети.

Директорот Димовски истакна дека ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои инвестираат во зоните, обезбедувајќи поддршка и навремена комуникација во сите фази од реализацијата на инвестициските проекти. Тој посочи дека успешната реализација на секоја инвестиција е резултат на добра координација, отворена комуникација и партнерски однос меѓу компаниите и институциите.

Од страна на Фарук Шахин, генерален менаџер на Шахтерм, беше изразена благодарност за континуираната поддршка и соработка со Дирекцијата за ТИРЗ, при што беше истакната важноста од ефикасната координација со институциите во периодот на реализација на инвестицијата.

Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ продолжува со активностите насочени кон создавање стабилна и конкурентна инвестициска средина, како и поддршка на компаниите кои придонесуваат кон економскиот раст и развој на земјата. Инвестицијата на компанијата Шахтерм само во прва фаза ќе изнесува 25 милиони евра со 200 нови работни места, додека планот е инвестиција да изнесува 50 милиони евра и бројот на вработени се планира да биде над 500.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер