Францускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во сабота
1Францускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во сабота
3Осмиот ден од протестите во Тирана, повторно беше одбележан со судири меѓу демонстрантите и полицијата
ФудбалБаерн ја прекина успешната серија на ПСЖ Баерн Минхен му го нанесе првиот пораз на Пари Сен Жермен во последното (шесто) коло од Лигата на шампионите, откако синоќа славеше на домашен терен со 3:1.Сепак, победата за Баварците не беше доволна да завршат на првото место во Б-групата со оглед на поразот во Франција од 3:0. Покрај ПСЖ и Баерн, осминафинале во елитното фудбалско натпреварување изборија: Манчестер Јунајтед, Базел, Рома, Челзи, Барселона и Јувентус. Резултати од 6.коло и конечен пласман сегмент А-Д: А-група: Манчестер Јунајтед – ЦСКА Москва 2:1, Бенфика – Базел 0:2. Табела: Манчестер Јунајтед 15 бода, Базел 12, ЦСКА Москва 9, Бенфика 0. Б-група: Баерн Минхен – ПСЖ 3:1, Селтик – Андерлехт 0:1. Табела: ПСЖ 15 бода, Баерн 15, Селтик 3, Андерлехт 3. Ц-група: Челси – Атлетико Мадрид 1:1, Рома – Карабах 1:0. Табела: Рома 11 бода, Челси 11, Атлетико Мадрид 7, Карабах 2. Д-група: Барселона – Спортинг 2:0, Олимпијакос – Јувентус 0:2. Табела: Барселона 14 бода, Јувентус 11, Спортинг 7, Олимпијакос 1. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранцускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во саботаВо пресрет на протестите најавени за оваа сабота ширум Франција, францускиот премиер Себастиен Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, откако властите признаа дека полицијата ја загубила контролата.Во пресрет на протестите најавени за оваа сабота ширум Франција, францускиот премиер Себастиен Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, откако властите признаа дека полицијата ја загубила контролата во некои градови за време на немирите и насилствата од минатиот викенд. Откако вчера беше воведен полициски час во неколку критични области зафатени од минатонеделниот хаос, ноќва ширум Франција поминала мирно, велат властите. Во меѓувреме, досегашната проценета материјална штета од немирите и грабежите особено во Париз, Марсеј и Лион, се проценува на милијарда евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаОбвинителите бараат итно одлучување за намалените платиСоветот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители бараат Уставниот суд итно да одлучи за намалувањето на коефициентите за пресметка на нивните плати.Во заедничко соопштение изразуваат сериозна загриженост поради осуммесечното непостапување по поднесените иницијативи.Тие ги оспоруваат измените на законите со кои платите на јавните обвинители и членовите на советот беа намалени во три наврати. Како аргумент го посочуваат и решението на Уставниот суд од 24 декември 2025 година, со кое беше поведена постапка за оценување на уставноста на законските измени.Во него судот изразил сомнеж дека намалувањето на коефициентите може да ја доведе во прашање уставно загарантираната самостојност и независност на Јавното обвинителство.Од јавнообвинителската фела предупредуваат дека одложувањето на одлуката создава диспаритет меѓу судската и јавнообвинителската функција.Според нив, намалувањето на платите е спротивно на европските стандарди за владеење на правото.Предупредуваат и на можен одлив на обвинителски кадар, што би можело да го загрози нормалното функционирање на Обвинителството. Како дополнителни проблеми ги наведуваат ниските плати, недостигот од кадар, ограничениот буџет и несоодветните услови за работа.Сметаат дека ваквата состојба директно може да се одрази врз остварувањето на правата и заштитата на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканОсмиот ден од протестите во Тирана, повторно беше одбележан со судири меѓу демонстрантите и полицијатаОсмиот ден од протестите во главниот град на Албанија, Тирана, повторно беше одбележан со судири меѓу демонстрантите и полицијата, но со помал интензитет на директни напади во споредба со претходните денови.Професори и студенти најпрво се собраа пред политехничкиот универзитет, а потоа маршираа кон кабинетот на премиерот под мотото „Стоп на насилството врз студентите“. Професорите покренаа и петиција со која бараат да бидат слушнати барањата на студентите.По маршот низ улиците на Тирана, демонстрантите се собраа на булеварот „маченици на нацијата“, каде што ситуацијата околу два часа беше мирна. Тензиите ескалираа по стемнувањето, кога маскирани лица почнаа да фрлаат молотови коктели и камења кон полицискиот кордон.Полицијата одговори со водени топови и солзавец, откако претходно преку мегафон ги повика жените и децата да се оддалечат од местото на протестот.Интервенцијата ја растури толпата, а судирите продолжија на повеќе локации во градот. Плоштадот „Скендербег“ накратко се претвори во жариште на судири, при што демонстрантите фрлаa пиротехнички средства кон полицијата.Тагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter