ФудбалБаерн го праќа Ренато Санчес на позајмица во СвонсиФудбалерот на Баерн Минхен, Ренато Санчес, следната сезона ќе настапува во премиерлигашот Свонси како позајмен играч, потврди претседателот на баварскиот клуб Карл-Хајнц Румениге. Младиот Португалец поради мала минутажа не беше задоволен од престојот во Баерн и побара дозвола да оди во друга средина, а клубот му излезе во пресрет. - Сакавме да му овозможиме на Санчес да оди во клуб каде што ќе игра. Тој поседува неспорни квалитети и му треба средина каде ќе има континуитет во настапите. Тоа кај нас не му беше загарантирано, изјави Румениге. За едногодишната позајмица на Санчес, Баерн Минхен од Свонси ќе добие 8,5 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Балкан Се урна воен авион во Србија, нема официјална потврда за жртви- леталото гори среде нива (ВИДЕО)Авион на српската армија се урна на поле помеѓу Нова и Стара Пазова, а според неофицијални информации, станува збор за борбен авион МиГ-29.Фотографиите од местото на несреќата го покажуваат воениот авион во пламен на отворено поле. Во моментов нема официјална потврда дали има жртви или повредени во оваа несреќа, иако се стравува дека има жртви, објави Телеграф. Бројни екипи за противпожарна заштита, брза помош, полиција и воена полиција веднаш беа испратени на местото на несреќата, обезбедувајќи го местото на несреќата. View this post on Instagram A post shared by 192.RS (@192_rs) Причината за несреќата засега е непозната, а повеќе детали ќе бидат познати по официјалното соопштение од надлежните органи и истрагата. View this post on Instagram A post shared by SERBIA LIVE - VESTI (@serbialive_vesti) Тагови: воен авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДесетици повредени во железничка несреќа во Прага: Се судрија два воза на влез во станицата (ВИДЕО)Два воза се судрија утрово во близина на главната железничка станица во Прага. Според противпожарната служба, на местото на настанот се повредени десетици лица, од кои некои се сериозно повредени.Вклучени се сите служби за итни случаи и спасување. Железничкиот сообраќај на линијата во правец на Вишочани и Либња е прекинат. Ова е според информациите од службите за итни случаи, Управата за железници и Чешките железници, објави Блеск. Несреќата се случила околу 7 часот наутро на мостот преку улицата Сејфертова, во третиот округ во Прага. Се судриле два патнички воза, кои се движеле со помала брзина. Според портпаролот на противпожарната служба во Прага, Мирослав Резач, несреќата не била катастрофална. „Пожарникарите реагираат на местото на итната состојба како дел од второто ниво на тревога. Примарна задача е да се тријажат повредените“, рекоа пожарникарите. Според нив, немало потреба да се извлекуваат патниците од остатоците од возовите. Všechny složky IZS zasahují u srážky dvou vlaků u Hlavního nádraží na přemostění se Seifertovou ulicí v Praze 3. Na místě je několik zraněných osob. https://t.co/33NUSn7zjI — Policie ČR (@PolicieCZ) November 17, 2026 Повеќето луѓе претрпеле полесни повреди, но некои се потешко повредени. „Евидентиравме неколку сериозно повредени лица кои беа во опасност да ги изгубат своите основни животни функции“, изјави портпаролот на прашката брза помош Карел Кирс за новинарите. Сите оние со сериозни повреди веќе се пренесени во болниците во Прага. Десет екипи на брза помош и четири медицински екипи се на местото на настанот. Спасувачките служби имаат на располагање и специјално возило за евакуација. „На местото на настанот е испратен и тим за посттрауматска нега за да им пружи психолошка поддршка на погодените од инцидентот“, соопшти противпожарната служба. Министерот за транспорт Иван Беднарик, кој дојде на функцијата со поддршка на партијата СПД, ја опиша несреќата како многу сериозен инцидент. Според него, најважно е да им се пружи помош на повредените сега. „Според најновите информации, сите патници од двата воза веќе требало да бидат евакуирани. Им посакувам на сите брзо закрепнување и им се заблагодарувам на спасувачките служби за нивните напори“, рече министерот, додавајќи дека Железничкиот инспекторат веќе ги истражува причините и околностите на несреќата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Целосно разобличување на лагите на Кочовска и Мицкоски за долготМинистерката Кочовска изјави дека во 2027 година има 2 милијарди евра доспен долг кој требало наводно да се врати.Ова е уште една лага на Кочовска и Мицкоски која целосно ја разболичуваме. Самата Кочовска во предлог Буџетот за 2027 година, на страна 16 и 17 го напишала следново: „Отплатата на долгот во износ од 64,6 милијарди денари (од кои за надворешен долг 46,5 милијарди денари, за домашен долг 18,1 милијарди денари) ќе се финансираат преку домашно и странско задолжување.“ Значи самата Кочовска вели дека вкупно доспениот долг за 2027 е една милијарда евра. Но и овие 1 милијарда евра, само 500 милиони се за еврообвзницата од 2023 година а друго се долгови на Мицкоски и Кочовска. Го признава и самата Кочовска. Е тука завршува приказната за старите долгови наследени од СДСМ. Доаѓаме до клучното. Долговите се на Кочовска и Мицковски кои ги направиле последниве 2 до 3 години и тие сакаат да гои зголемат. Мицкоски создаде долг од 4 милијарди евра за само 2 години, а сака дополнително да ги задолжи граѓаните за уште 2 милијарди евра во 2027 година. Тоталното разобличување стои во самиот Буџет, на иста страница каде е наведено дека во 2027 -та Кочоска и Мицкоски ќе се задолжат 121 милијарда денари односно 2 милијарди евра, се наведеува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter