Љубиша Николовски Столе Наумов, Сафет Бишевац и Богдан Илиевски вечерва во „Само вистини со Видиновски“
1 Љубиша Николовски Столе Наумов, Сафет Бишевац и Богдан Илиевски вечерва во „Само вистини со Видиновски“
Близначките Матилда и Марија станаа хит- сите ја видоа нивната реакција на Светското првенство (ВИДЕО)
1Близначките Матилда и Марија станаа хит- сите ја видоа нивната реакција на Светското првенство (ВИДЕО)
КултураБадникови поворки на градскиот плоштад во Скопје и во останатите градови Под слоганот „Почувствувај радост“ и оваа година традиционално ќе се одржат Бадниковите поворки. Во Скопје празнувањето на Бадник почнува утринава на градскиот плоштад „Македонија“, а ќе се одбележи и во останатите градови и населени места во државата. Како што објавија од Здружението „Бадникови поворки“, во 11 часот денеска на Градскиот плоштад во Скопје ќе биде доделена Златна ѕвезда за секое дете кое ќе учествува, а потоа ќе се одржи златен концерт со Златните славејчиња и македонските поп-ѕвезди - Вера Милошевска, Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Стефан (Некст тајм), Пере (Нокаут). По краткиот концерт, учесниците ќе ја оформат најголемата бадникова поворка и преку Камениот мост ќе се упатат кон Соборниот храм „Св. Климент Охридски" каде што традиционално сите коледарчиња ќе бидат пречекани и дарувани од Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан. Истовремено, бадниковите поворки ќе се одржат и во останатите градови и населени места во државата. -И во сите останати градови и населени места во Републиката, на 6-ти јануари ќе ечи „Вечниот Бог". Децата како симбол на Ангелите, со своите чисти души и искрени насмевки ќе го наговестуваат Христовото Раѓање! Зарем се пропушта вакво нешто, Сите во поворка!, велат од Здружението. Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информираше дека и оваа година Општината дава поддршка на манифестацијата и ги повика сите деца да се приклучат на бадниковите поворки. -Збирно место е црквата „Св. Јован Крстител” во 9:00 часот од каде што сите дечиња ќе се упатат кон општинската зграда, а јас како градоначалник ќе ги пречекам и ќе ги дарувам дечињата со божиќно пакетче, напиша Костовски на Фејсбук. За таа цел, како што посочува, Општина Бутел организира автобуски превоз за сите деца. Автобусот поаѓа во 8:45 часот од СРЦ „Македонија”. -Да ја продолжиме Божиќната магија во општина Бутел и оваа година!, се вели на фејсбук страницата на градоначалникот. И Општина Гази Баба се приклучи кон организирање на Бадниковите поворки. -Традиционално и оваа година, како градоначалник на општина Гази Баба се приклучувам на организираните бадникови поворки по повод Бадник, денот пред Христовото раѓање - Божиќ. За таа цел во сабота во просториите на општината ќе ги пречекам сите дечиња кои ќе ги даруваме со божиќни пакетчиња и потоа сите заедно ќе продолжиме на бадниковите поворки на плоштадот Македонија во Центар, напиша на Фејсбук градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски. Општина Гази Баба организира и бесплатен автобуски превоз и тоа од Нова Колонија и од Црешево. Бадниковата поворка на Демир Капија ќе тргне во 12 часот од Градскиот плоштад и ќе заврши во Црквата „Успение на Пресвета Богородица". Во Битола собирно место за Бадниковата поворка е пред Офицерскиот дом во 11 часот. На Фејсбук страната на Бадниковите поворки се објавени местата каде што ќе се собираат дечињата во сабота на 6 јануари во повеќе општини во земјата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 29. јуни 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 29. јуни 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние кои уште бараат сродна душа, ќе се обидат да ја најдат на место касде се собираат со пријателите. Кариера Зад себе оставивте се уредно и како што треба и така очекувате да најдете. Сепак , ќе треба да проверите некои ситни работи за кои мислите дека недостасуваат. Здравје Веќе не сакате да ве искористуваат. Лав 23.7-22.8. Љубов Премногу зборување не води никаде , искрените прегратки и погледи ќе бидат доволни за да се чувствувате добро и исполнето. Кариера Можно е да почнете соработка со една прекуморска земја или со место што е поврзано со вода. Здравје Внимавајте на здравата исхрана, пијте повеќе течности. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во секој момент одржувајте пријателски став кон другата страна и не ја наметнувајте својата волја. Кариера Една фаза од вашата кариера денеска завршува и почнува нова. Можно е да ви претстават нов план за развој. Здравје Слабост и главоболка. Вага 24.9.-23.10 Љубов Постојаната стабилна врска ќе ви даде сила да се соочите со предизвиците во другите области од животот. Кариера Успешно ќе се борите со барања од кои нема сите да ви се допаѓаат. Ќе ги вртите работите во своја корист. Здравје Вежбајте за да зајакнете. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ги игнорирате грижите и ќе и се посветите на својата најмила личност со полно внимание.Ќе бидете задоволни. Осамените секако нека излезат. Кариера Бргу ќе го премотувате филмот целиот работен ден и ќер заклучите дека сте ги решиле сите проблеми онака како што требало. Здравје Движете се што повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои ќе влетаат во површна куса врска , во која ќе покажат голема доза на инвентивност. Кариера Се наоѓате на чекор до нови предизвици , кои се атрактивни и ви носат нова желба и мотив за работа. Здравје Движете се . Јарец 22.12.-20.1. Љубов За секој свој љубовен проблем денеска ќе најдете решение. Вашиот оптимизам ќе порасне и покрај емотивните празнини. Кариера Се отвора една голема врата низ која наскоро ќе поминете. Тоа е шанса за професионално усовршување. Здравје Јадете помалку и патувајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Многумина најмногу ќе сакаат да излезат меѓу луѓе , без притисок дека мора нешто да се случи. токму таквиот став ќе ви донесе ново познанство. Кариера Денеска ќе бидете многу активни во работењето со странки и со луѓе воопшто. Другите ќе го препознаваат вашиот труд околу нив. Здравје Не останувајте сами дома, излезете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во личните односи ќе се фокусирате на што поголемо зближување. Ќе ви биде потребен допир, прегратка и бакнеж. Кариера Вашиот стил на работа подразбира ред и континуитет. Неодговорните би можеле да ви се спротистават , но безуспешно. Здравје Останете свои. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска би можеле да ја почуствувате грубоста на партнерот , на кого му е доста од вашето лебдење во облаци. Обидете се да бидете позрели и поконкретни. Кариера Ќе напредувате во областа на уметноста, но сите конкретни работни задачи тешко ќе ги остварувате. Здравје Внимавајте на вируси. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе заклучите дека вашата самодоверба не е толку важна , колку што е важно да сакате , па што ќе биде, нека биде. Кариера Ќе ја анализирате својата листа на приоритети и на прво место ќе поставите нешто ново. Здравје Верувајте во себеси. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска е убав ден за секаков вид дружење и неврзани разговори на кафе. Прошетајте се , поразговарајте. Кариера Можеби ќе ви се јави некоја странка или ќе добиете заостанат меил. Се ќе решавате со леснотија. Здравје Радувајте и се на иднината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Македонија Љубиша Николовски Столе Наумов, Сафет Бишевац и Богдан Илиевски вечерва во „Само вистини со Видиновски“ Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат Љубиша Николовски Столе Наумов, Сафет Бишевац и Богдан ИлиевскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаРодители од пеколот: Детето им починало на 7 годишна возраст- побарале ветеринар за кучето, но не и доктор за момчетоРодителите на Каспер О'Брајан, 7-годишно момче кое починало на седумгодишна возраст, со тежина од огромни 115 килограми, се обвинети за убиство од втор степен, тортура и злоупотреба на деца, соопштија обвинителите од округот Џенеси.Дамиен, 40, и Џесика О'Брајан, 41, беа уапсени откако службите за итни случаи беа повикани во нивниот дом во ноември минатата година, кога нивниот син Каспер престана да дише. Момчето беше однесено во болница, но подлегна на срцево заболување кое се влошило поради неговата екстремна дебелина, според извештаите. Според окружниот обвинител Дејвид Лејтон, момчето било неподвижно, не можело да зборува и живеело во крајна мизерија. Условите во домот биле толку лоши што полицајците не можеле ниту да влезат за да им помогнат на лекарите поради недостаток на простор. Иако двајцата родители биле вработени и имале здравствено осигурување, Каспер - за кој се верува дека бил во аутистичниот спектар - и неговата помлада сестра не добивале медицинска нега. Лејтон особено ја истакна апсурдноста на ситуацијата: „Тие знаеја да се јават на ветеринар истото утро кога детето доживеа срцев удар бидејќи кучето било болно, но не ги носеа децата на лекар.“ Петгодишната сестра на Каспер, опишана од обвинителите како „дива“, веднаш беше отстранета од домот и ставена под привремен старателство во Центарот за услуги за заштита на децата. Обвиненијата против О'Брајан вклучуваат убиство од втор степен, тортура и повеќекратни обвиненија за злоупотреба на деца. Тие се соочуваат со сериозни обвиненија за предизвикување сериозни физички повреди на детето преку години занемарување. Случајот предизвика јавен шок поради екстремната тежина на момчето за неговата возраст - за седумгодишно дете со просечна висина од околу 128 см, нормалната тежина е помеѓу 20 и 30 килограми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook