Бадникова поворка се одржа во Тетово и покрај интензивен дожд - Канал 5

Бадникова поворка се одржа во Тетово и покрај интензивен дожд

По повод денешниот празник Бадник, во Соборниот храм на Тетовско-гостиварската епархија Свети Кирил и Методиј во Тетово, надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше Света Василиева Литургија. 

Бадникова поворка се одржа во Тетово и покрај интензивен дожд

Тој потоа ги благослови децата бадникари кои тргнаа со поворка од Соборниот храм Свети Кирил и Методиј пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ со која се најави Рождеството Христово низ градските улици и булевари.

Неколку стотини деца откако заврши празничната служба во црквата, ја формираа Бадниковата поворка која се одржа и покрај силниот дожд.

- Како ваш надлежен владика, ме радувате и ве пофалувам што ревносно и богољубиво ја чувате верата, празниците и нашите традиции, кои особено тука во наше убаво Тетово ги имаме многу. Наоѓајќи се во предвечерието на големиот празник Рождеството на Нашиот Спасител Господ Исус Христос, во овој свет храм во Тетово, треба да се потсетиме на големата улога и значењето на овој историски настан. Во оваа свештена ноќ на светот ќе му се јави големата благочестива тајна на Боговоплотувањето. Без оваа тајна светот сè уште ќе офкал од тежината на гревот и на злото. Од преголемата љубов кон севкупното создание, а пред сè љубовта кон човекот, Синот Божји во еден историски момент ќе се воплоти во човечко тело, истакна владиката г. Јосиф во празничната беседа.

Поворката ја помина и вообичаена патека на движење од црквата кон плоштадот, пазарот по што продолжи по булевар „Благоја Тоска“ па се до трговскиот комплекс „Тетовчанка“. Поворката се движеше и по улица „Борис Кидрич“ и заврши во Музејот на тетовски крај (Дом на АРМ) каде се одржа предвидената културно-уметничка програма со настап на детските хорови „Крешендо“ и „Лале“, КУД „Шара“ и Трио „Акустик“.

Претпладнево во чест на Бадник се благословија кумските лебови и бадникот во манастирот Свети Георгиј Победоносец во тетовска Мала Речица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Плутон го губи статусот на планета

Плутон беше една од деветте планети во Сончевиот систем во текот на 20-тиот век. Иако е откриен во 1930 година, за неговото постоење се претпоставувало и претходно.

Плутон го губи статусот на планета

На овој ден во 2006 година, Меѓународната астрономска унија го прекласификуваше Плутон само како џуџеста планета и го редефинираше бројот на планети во Сончевиот систем.

Плутон бил откриен во опсерваторија во Аризона. Клајд Томбо поминал една година во потрага по претпоставената деветта планета. Децении претходно, Персивал Ловел го предложил постоењето на деветта планета – која ја нарекол „Планета X“ – но не успеал да ја открие. По 14 месеци потрага, Томбо конечно го забележал големото небесно тело. Името му го дала Венеција Барни, млада девојка од Англија.

По откривањето на „Планета X“, таа предложила таа да го носи името на римскиот бог на подземниот свет. Нејзиниот дедо бил член на академската заедница, која го прифатила новото име, исто како и самиот Томбо. Дополнителна причина за изборот била тоа што првите две букви од името се совпаѓале со иницијалите на Персивал Ловел.

Планетата веднаш беше прифатена како деветта планета во Сончевиот систем, иако нејзиниот дијаметар изнесува само 2.377 километри – што ја прави помала од Земјината Месечина. Тоа беше значајно откритие, а Плутон стана симбол на мистериите во оддалечените предели на Сончевиот систем.

На почетокот на 21-от век, астрономите открија бројни објекти во Кајперовиот појас – регион од Сончевиот систем што се наоѓа зад орбитата на Нептун – од кои некои беа дури и поголеми од Плутон.

Ова откритие поттикна преиспитување на статусот на Плутон како планета. Ширум светот се водеа дебати за Плутон, кои кулминираа на 24 август 2006 година, за време на состанокот на Меѓународната астрономска унија во Прага. Таму беше утврдено дека планета е небесно тело што кружи околу Сонцето, поседува доволна маса за да добие сферичен облик и ја има „исчистено“ својата орбита од други објекти.

Плутон не го исполни овој последен критериум; следствено на тоа, тој беше прекласифициран во џуџеста планета, а од тој ден, Сончевиот систем официјално се состои од само осум планети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов Зеланд

Пратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.

Младите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов Зеланд

Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет.

За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругата

Жак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал  сопругата

Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале.

Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер