Бадник во Тетово, одбележување со народни обичаи во текот на целиот ден и посна празнична трпеза - Канал 5

Бадник во Тетово, одбележување со народни обичаи во текот на целиот ден и посна празнична трпеза

На ден Бадник во Тетово со неколку народни обичаи и разни видови активности се одбележува денот во пресрет на Христовото раѓање-Божик.

Бадник во Тетово, одбележување со народни обичаи во текот на целиот ден и посна празнична трпеза

Од 2017 година овие одбележувања почнуваат со Бадникарска поворка. Голем број деца се собираат во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ од каде по добиениот благослов од митрополитот г. Јосиф во 10 часот почнува поворката. Групата деца минува низ градските булевари и улици пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, а на крај на градскиот плоштад се одржува културно-уметничка програма, пред се, со исполнување на празнични песни.

Традиционално, Бадникарски оган во Тетово, прво се пали во манастирот Свети Георгиј Победоносец во селото Мала Речица од 11 часот. Попладнето по вечерната Богослужба од 16 часот во пресрет на Божик во тетовската соборна црква „Свети Кирил и Методиј“, митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф врши осветување на бадниковите гранчиња, по што традиционално се пали бадникарски оган.

Веднаш потоа се палат и маалските бадникарски огнови покрај кои се подготвува и прослава со посна трпеза. Бадникарските огнови ноќта на Бадник спроти Божик се палат во речиси сите градски маала, а традицијата е прифатена и во тетовските села.

Во тој период од денот почнува и празнувањето на Бадник за децата.

Дарко Гавровски, хроничар на Тетово, кој го бележи живеењето во градот во неколку книги и интернет страницата „Тајните на Тетово“ вели дека најстара е детската забава за Бадниковата Вечер (Б'дњи Вечер) со песната „Б'дња Баба“.

Веднаш по стемнувањето се ставаат однапред изработените (или по најново и купени) маски и најчесто по групи од неколкумина одат од куќа до куќа пеејќи ја песната „Б'дња баба“, очекувајќи од домаќините да ги даруваат.

Се ставаат разни маски, како од детските јунаци од цртаните филмови, но има и такви кои сакаат да се облекуваат како полицајци, војници или слично. Зависно од тоа како ќе се договорат одат по неколкумина во група, а се посетуваат соседите и роднините кои живеат во близина. Кога ќе заѕвонат, децата започнуваат да ја пеат познатата песничка „Б'дња баба“. Домаќинките, се тие кои ја отвораат вратата со кошница каде имаат ставено ореви,костени, јаболки, печена тиква, бонбони или парички за да ги даруваат децата за испеаната песничка.

-Од памтивек во Тетово, и најстарите се сеќаваат дека постоел адетот. Постарите кажуваат дека маските во најстаро време биле со кожув или гуња, стап во рака, околу врат низа од пиперки или кромид. Така маскирани оделе од куќа на куќа и пееле бадникарска песна, раскажува Дарко Гавровски.

Песната Б'дња баба:

Кој што спие нека стане,нека меси колачиња

Ако нема колачиња, нека даде паричиња.

Ако нема паричиња нека даде бонбончиња

Ако нема бонбончиња нека даде оревчиња

Ако нема оревчиња нека даде тиквичиња

Ако нема тиквичиња нека даде све што има

Б'дња баба..(се извикува силно)

И младите од Тетово на Бадник, се маскираат и така облечени во подоцнежните ноќни часови одат по кафулињата, барови и дискотеки каде вообичаено се избира нај-маска на вечерта.

Што се однесува до Бадникарскиот оган во Тетово, Гавровски потсетува дека во другите градови се палат коледарски огнови вечерта на 5-ти, на Коледе, додека во градот под Шара тоа се прави на Бадник, вечерта пред Божик, со дружба со посна трпеза.

-Најстарите тетовчани раскажуваат дека особен настан било да се оди со чеза (коњска кола) на прослава во Манастирот во Речица или во Лешок, каде единствено имало Бадникарски огнови и прослава со собирање околу оган. Во самиот град со традицијата на Бадникарски огнови се започнува почетокот на 1990-тите, а прво маало со свој „оѓин“ (оган) кој ја иницираше оваа традиција е Певчина. Постепено се шири како адет и по други маала, и така од година за година, едно по едно маало, денеска нема маало кај што нема оѓин со кумој, музика, јадење, ора, раскажува Дарко Гавровски.

Тој вели дека на Бадник во Тетово од црква се земаат осветените дабови гранки, а со тие гранки се китат портите на куќите (путна врата).

-Вечерта на Бадник се спрема богата посна трпеза за најтесното семејство со посна сарма, ореви, костени, тиква печена-но никако дел од адетот не е пита со паричка - зошто тоа во Тетово се прави задолжително само на Василица (комат со париче), вели Дарко Гавровски, хроничар на Тетово.

Дел од тетовски семејства на ден Божик ја практикуваат старата градска традиција - мажите да ги посетат сите куќи од пошироката фамилија за честитање на Божик, исто како адетот за Велигден. Жените остануваат дома со подготвена трпеза да ги пречекаат и угостат гостите. За Божик вообичаено се подготвуваат одредени јадења.

-Тогаш веќе се служело и мрсно јадење, а особено не смеела да изостане пачата (пивтија) и греаната ракија, вели Дарко.

Карактеристика за божиќната трпеза е и поставувањето на подварок (зелка од зимница, која се сецка, се вари и се потпечува) со чадено месо. Божиќната трпеза мора да има и благо, најчесто баклава, гурабии, ванилици и слично.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Родители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долгот

Брачен пар од Рот ам Зе (округ Швебис Хол) во Германија е осуден на долги затворски казни од Регионалниот суд во Елванген за сериозно сексуално злоставување и силување на сопствената ќерка.

Родители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долгот

Судскиот совет го осуди 45-годишниот татко на 11 години и шест месеци затвор, додека неговата 41-годишна сопруга доби казна од девет години и шест месеци, пишува Nezavisne.com.

Во овој случај учествувал и нивниот семеен пријател, 54-годишен маж со двојно државјанство на Босна и Херцеговина и Хрватска, кој моментално е во бегство. По него е издадена меѓународна потерница. Според обвинението, германскиот пар му ја дал својата ќерка на овој маж, третирајќи ја како предмет на сексуална експлоатација.

Девојчето ѝ се доверило на својата наставничка

Според обвинението, родителите постојано ја принудувале нивната тогаш 11-годишна ќерка на сексуални односи во период од повеќе од една година. Подоцна, се сомнева дека нивниот семеен пријател, по потекло од Босна и Херцеговина, кој има и хрватско државјанство, исто така се придружил на злоставувањето.

Во обвинението се наведува и дека родителите му се заканувале на девојчето со електрошокови за да ја принудат да молчи. Истражителите се сомневаат дека таткото имал значителни долгови кон 54-годишниот познаник.

Случајот стана јавен откако девојчето ѝ кажала на својата наставничка за сè, која веднаш ја известила надлежната служба за заштита на деца и млади, која од февруари се грижи за девојчето, кое сега има 13 години. За време на судската постапка, родителите го искористиле своето право да не презентираат одбрана.

Контроверзната судска одлука предизвика вџашеност

За време на постапката, одлуката на судечкиот совет да ги ослободи обвинетите од притвор во јули привлече особено внимание. Во тоа време, судот процени дека нема доволно основа за итно сомневање дека сториле кривични дела, што е еден од условите за наредба за притвор.

Портпаролот на судот објасни дека во тој момент постоела можност обвинетите да бидат осудени, но дека нивната вина сè уште не била сигурна. Девојчето сè уште не било сослушано, а бидејќи родителите одбиле да се изјаснат за обвиненијата, судот се нашол во ситуација каде што имало две спротивставени верзии за настаните.

Сепак, Вишиот регионален суд во Штутгарт не се согласил со оваа проценка. Во август, повторно ја активираше потерницата за таткото и семејниот пријател. Сепак, дотогаш веќе беше предоцна да се спречи бегството на 54-годишникот, кој го искористил периодот на слобода за да ја напушти земјата.

Според властите, бегалецот најверојатно е некаде во Источна Европа. Портпаролот на судот потврди дека мажот, покрај хрватското, има и државјанство на Босна и Херцеговина, што би можело да го комплицира процесот на екстрадиција.

Таткото веќе бил осудуван

Судскиот совет ги отфрли тврдењата дека имало сериозна грешка во правдата за време на постапката. Судот рече дека одлуките се донесени врз основа на доказите и информациите што им биле достапни во тоа време.

Таткото веќе отслужувал затворска казна во Северна Рајна-Вестфалија за обид за измама. Претходно бил осуден и за дистрибуција на порнографски материјал.

За разлика од него, мајката била уапсена дури минатата недела. Една од клучните причини за проценката дека постои ризик од нејзино бегство беше психолошката експертска проценка на сведочењето на девојчето, која судот ја оцени како особено значајна.

Во случаите на сексуална злоупотреба, експертската анализа на сведочењето на жртвата игра важна улога во утврдувањето на фактите и донесувањето судска одлука. За време на сослушувањето, 13-годишното девојче го даде своето сведочење за насилството што го претрпела преку видео-снимка. Снимката, како и наодите и мислењето на вештакот, беа дискутирани на затворена седница, без присуство на јавноста.

Сомнителни финансиски трансакции на двојката

Дополнително, против мајката се води посебна постапка поради сомнение за злоупотреба на хуманитарни донации. Според истрагата, таа собрала пари преку платформата GoFundMe, презентирајќи им лажни информации на донаторите.

Надлежните органи истражуваат и сомнителни финансиски трансакции на банкарските сметки на двојката. Банките пријавиле сомневања за можно перење пари до надлежните институции. Според досегашните сознанија на истражителите, 54-годишен маж кој е во бегство бил исто така вмешан во спорните финансиски трансакции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијан ракун, кој го насмеа светот, помогна да се соберат 290.000 долари (ВИДЕО)

Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни.

Пијан ракун, кој го насмеа светот, помогна да се соберат 290.000 долари (ВИДЕО)

Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни да собере повеќе од 290.000 долари, објави Засолништето за животни во округот Хановер, објави АП.

Ракунот стана глобална медиумска сензација откако менаџерот на продавницата го пронашол во несвест покрај тоалетот неколку часа по провалата.

YouTube video

Засолништето купува камери

Животното се опоравило и било пуштено во дивината, на околу една милја од продавницата во Ашланд.

Неговата авантура инспирирала скеч во емисијата „Saturday Night Live“, а Засолништето за животни во округот Хановер ја искористило неговата популарност за да собере пари со продажба на маици, дуксери со качулки, капи, шолји и налепници со зашеметениот ракун.

Производите го носат слоганот „Wacky Panda“, додека се создадени тематски колекции за лето и Ноќта на вештерките.

Директорот за заштита на животните во округот Хановер, Џефри Паркер, рече дека собраниот износ е многу пати поголем од вообичаените годишни донации на засолништето, кои обично не надминуваат 20.000 долари.

Дел од парите ќе бидат искористени за купување камери за тело што ги носат осум службеници за заштита на животните.

Камерите ќе им овозможат да собираат докази во случаи на злоупотреба на животни, како и да ги документираат постапките на службениците за време на интервенциите.

YouTube video

Проба алкохол од повеќе шишиња

Локалната самоуправа едногласно го одобри купувањето на камерите на 28 октомври, а се очекува службениците да почнат да ги користат околу јануари.

Паркер рече дека сака дел од преостанатите пари да се издвојат за фонд за финансирање на третманот на повредени животни пронајдени за време на интервенциите.

„Не знам кога некогаш сме му должеле на животно толку голема благодарност како што му должиме на овој ракун“, рече членката на локалната самоуправа Феј Причард.

Ракунот се скрши и веројатно вкусил алкохол од неколку шишиња во продавницата, вклучувајќи рум, виски, вотка и други жестоки пијалоци.

Откако беше пуштен во дивината минатиот ноември, контролата на животните не добила ниту еден извештај за друга провала на ракун, рече Паркер, изразувајќи надеж дека животното сега живее мирен живот.

Продажбата на сувенири сè уште е во тек, а за да се одбележи годишнината од необичната провала, во продажба се појавија нови маички со слоганот: „Една лоша ноќ. Многу добри дела“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран откри што планира со збогатениот ураниум- на Трамп нема да му се допадне

Иран нема да дозволи ниту една честичка збогатен нуклеарен материјал да ја напушти земјата, а во случај на нови напади на САД врз Исламската Република, ќе има последици, изјави шефот на иранската безбедност Мохсен Резаи во телевизиско обраќање.

Иран откри што планира со збогатениот ураниум- на Трамп нема да му се допадне

Резаи зборуваше за либанската телевизиска станица Ал Мајадин, која е блиску до Иран, откако американските претставници ја намалија потребата од дополнителни воени дејствија против Иран.

Аналитичарите посочија на помирувачкиот тон на американскиот претседател Доналд Трамп по поразот на републиканците на изборите за Конгресот во САД одржани на 3 ноември.

Резаи рече дека во моментов нема преговори меѓу Техеран и Вашингтон.

„Ќе одговориме на секој нов напад на САД со таргетирање на американските бази далеку од нас“, рече тој.

Врховниот лидер на Иран издаде директива со која наредува иранскиот ураниум збогатен на нивоа блиски до оние потребни за производство на нуклеарно оружје да не може да се испраќа во странство, изјавија двајца високи ирански претставници во мај.

„Ни треба збогатен материјал за дизајнирање бродови и подморници на нуклеарен погон“, рече Резаи, додавајќи дека Техеран ја информирал Москва дека неговиот збогатен нуклеарен материјал ќе остане во земјата и „ќе го користиме ние самите“.

Русија претходно понуди да зема збогатен ураниум од Иран како дел од потенцијален договор за ублажување на загриженоста на САД, но рече дека Техеран е тој што треба да одлучи дали да го отстрани од земјата.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) проценува дека Иран имал 440,9 килограми ураниум збогатен до 60 проценти - ниво далеку над она што било потребно за цивилна употреба кога Израел и САД ги нападнаа иранските нуклеарни објекти во јуни 2025 година. Не е познато колку од тој материјал ги преживеал нападите.

Израел, САД и другите западни земји долго време го обвинуваат Иран дека се обидува да произведе нуклеарно оружје. Иран ги негира обвинувањата.

Вашингтон изјави дека нуклеарните прашања мора да бидат дел од сите почетни разговори со Иран насочени кон прекин на војната меѓу двете земји. Иран достави нуклеарен предлог до САД, преку Катар, кој ќе се дискутира дури откако Вашингтон ќе исполни седум барања што ги постави Техеран, изјави висок ирански функционер за Ројтерс минатата недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер