Бачев од Неготино: Лесно е да се решат проблемите на народот – треба само чесни политичари

Лесно е да се решат проблемите на народот – треба само чесни политичари, ја бараме довербата со ечсни адри кои с еобврзуваат на одговнро и домаќинско работење.

Караванот „Сега имате избор“ ја промовираше советничката листа и носителката на листата за Неготино од Единствена Македонија, Мирјана Нуткова.

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев истакна:

„- Мора да си ја вратиме општината назад на граѓаните, а потоа е лесно да ги решиме реалните проблеми на народот. Науката ги измислила механизмите како се гради современа и убава општина за живеење. Потребни се само чесни и честити народни претставници. Токму тоа е нашиот најсилен квалитет - ја бараме довербата со чесни и честити кандидати. Не ни недоставува знаење, туку желба за чесно, домаќинско и одговорно работење, на што се обврзуваат идните советници од Единствена Македонија. Овојпат гласајте за себе, за сопствените интереси, гласајте за доброто на Неготино, гласајте за доброто на Македонија, гласајте за листата на советници од Единствена Македонија “ - потенцираше Бачев.

На настанот зборуваше и Координаторот на Единствена Македонија за Неготино, Кавадарци, Градско, Росоман и Демир Капија , Атанас Стојанов, кој изрази задоволство од квалитетната советничка листа за Неготино и носителката Мирјана Нуткова како и чесните кадри на сите советнички листи за општините во тиквешијата.

Центар за комуникации со јавноста на Единствена Македонија

Фото: Се соблече Елена Китиќ и покажа зошто е сон на секој маж

Таа е многу активна на социјалните мрежи и често ги почестува своите фанови со провокативни фотографии.

Елена Китиќ, ќерката на фолкерот Миле Китиќ, важи за една од најатрактивните пејачки на естрадата. Таа е многу активна на социјалните мрежи и често ги почестува своите фанови со провокативни фотографии.

Таа моментално престојува на егзотична дестинација и објавува фотографии од плажа на кои се гледа нејзиното извајано тело.

„Каква риба“, „Убавица“, „Леле“, „Најубава си“, „Преубава, прубава“ - ова се само дел од многуте коментари на фановите.

УЕФА исфрла неколку клубови од евро-натпреварите?!

Шест клубови се под закана од тригодишна суспензија во евро-куповите од страна на УЕФА поради финансиски долгови.

Порто, ЦСКА Софија, Бетис, Санта Клара, Спортинг и Монс Калпе од Гибралтар имаат рок да ја избегнат суспензијата до јануари идната година. Најдолжен е Порто со 300 000 евра, Спортинг и Бетис мораат да платат по 250 илјади, ЦСКА и Санта Клара по 75.000 а Монс Калпе 15. Сериозна парична казна но без закана за суспензија имаат и Астана со 150.000 евра и романски Клуж со 200.000.

Џорџ Клуни одбил 35 милиони долари - сопругата го поддржала

Актерот Џорџ Клуни изјави дека еднаш му биле понудени 35 милиони долари за еден ден работа, но тој ја одбил понудата откако заклучил дека не вреди.

Оскаровецот и продуцент ја раскажа анегдотата откако еден новинарот за време на интервјуто за „Гардијан“ го праша дали некогаш помислил дека има доволно пари.

„Па, да. Ми беа понудени 35 милиони долари за еднодневна работа за снимање на реклама за авиокомпанија“, рече тој, додавајќи дека се консултирал со Амал, неговата сопруга, и одлучиле дека не вреди. Авиокомпанијата била поврзана со како што вели тој, „земја која иако е сојузник, понекогаш е дискутабилна“.

„Си помислив: Па, ако ми одзема една минута сон, не се исплаќа“, изјави оскаровецот.

Покрај неговата повеќедецениска кариера во Холивуд, Клуни има и големо деловно портфолио, тој има заработено над 40 милиони долари за својата рекламна работа со една швајцарска компанија. Неговата компанија за текила „Casamigos“ беше продадена пред четири години за 1 милијарда долари, објави „Инсајдер“.

притисни ентер