Бачев од Кратово: Општините на граѓаните а не испостави на власта за пљачка на народот - Канал 5

Бачев од Кратово: Општините на граѓаните а не испостави на власта за пљачка на народот

Единствена Македонија во Кратово со културно-уметничка програма во изведба на Кратовските тамбураши, во Домот на културата „Лазар Софијанов“ ја промовираше советничката листа и носителката на Листата за Кратово Стојна Димитровска - БООТХ.

Бачев од Кратово: Општините на граѓаните а не испостави на власта за пљачка на народот

Носителката на листата Стојна Димитровска детално ги запозна присутните со конкретните програмски точки и принципи за кои ќе се залагаат советниците од Единствена Македонија во Советот на Кратово доколку ја добијат довербата од кратовчани на локалните избори на 17 октомври.

Претседателот Бачев зборуваше за локалните избори од аспект на нивното локално значење како и од аспект на поширокото државно значење.

Од локален аспек Бачев истакна дека кандидатите за советници од Единствена Македонија имаат визија за општините. Единствена Македонија на локалните избори настапува самостојно со 33 советнички листи во 33 општини под слоганот „Сега имате избор“. Треба да си ја вратиме општината назад на граѓаните а после е лесно да ги решаваме локалните проблеми на народот. Науката се погрижила да ги изнајде механизмите како се гради убава општина за живеење. Треба само чесни политичари и токму тоа е најсилнот адут на Единствена Македонија. Ја бара довербата со чесни и честити кандидати за општина на граѓаните а не испостава на власта за пљачкање на народот.

Од аспект на поширокото држано значење Бачев истакна дека ова не се вообичаени локални избори. На 17 октомври паѓа марионетската власт која брише се што е македонско со што го отвораме патот за парламентарни избори и конечен крај на оваа ненародна власт која плива во беззаконие, криминал, корупција, непотизам и национално предавство.

Бачев со апел до кратовчани, овојпат гласајте за себе, гласајте за сопствените интереси, гласајте за доброто на Кратово, гласајте за доброто на Македонија, гласајте за листата на советници од Единствена Македонија.

Центар за комуникации со јавноста на Единствена Македонија

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Манекенка во топлес

 Убавата сопруга на светската музичка ѕвезда Џастин Бибер, манекенката Хејли Бибер повторно го привлече вниманието на љубопитната јавност. 

Фото: Манекенка во топлес

Таа позираше за модна кампања и ја разгори имагинацијата на многумина со својот атрактивен изглед.

Хејли Бибер денес важи за најпопуларен модел. Таа не е само дама што рекламира облека од светски брендови, туку и дама што знае како да ја носи и да ја комбинира таа облека.

Таа стекна големи симпатии кај јавноста на социјалните мрежи, каде што гордо ја носи титулата „трендсетерка“. Нејзините совети за постигнување совршен изглед на шминката се омилени меѓу жените, особено оние што покажуваат како да се постигне природен изглед и стил што зрачи со лежерна елеганција.

Сега, Хајли се огласи на социјалните мрежи за да ѝ ја претстави на светот својата нова соработка со брендот „Gap“.

Како што може да се види, 29-годишната убавица гордо позираше во широки фармерки со низок струк, но вниманието го привлече горниот дел од модната комбинација. топлес изданието на убавата манекенка.

Или, поточно, горниот дел што не го носеше, поради што голите гради вешто ги сокри зад парче ткаенина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анџелина Џоли подготвена за ново поглавје во животот: Размислува да го напушти Лос Анџелес

Холивудската ѕвезда, актерката Анџелина Џоли е подготвена за ново поглавје во својот живот откако нејзините најмлади близнаци, Вивиен и Нокс, го прославија својот 18-ти роденден.

Анџелина Џоли подготвена за ново поглавје во животот: Размислува да го напушти Лос Анџелес

Актерката и хуманитарка, која има шест деца со поранешниот сопруг Бред Пит, сега сака повеќе слобода и флексибилност во својот живот.

Според извор што разговарал со магазинот *People*, таа со години размислува да го напушти Лос Анџелес. „Таа со години зборува за тоа дека сака да си замине од Лос Анџелес. Среќна е што сега има поголема слобода и можност да прави поинакви избори“, изјавил неименуваниот извор.

На 12 јули, Џоли го одбележа полнолетството на близнаците Вивиен и Нокс, а според истиот извор, таа сега сака повеќе да патува со своите деца и да го истражува светот. „Нејзините деца отсекогаш биле нејзин главен приоритет. Сакаше тие да искусат различни култури и делови од светот, а сега со нетрпение очекува заедно да патуваат и да откриваат нови места. Таа е подготвена за тоа“, додал изворот.

Анџелина Џоли и Бред Пит се запознаа за време на снимањето на филмот *Mr. & Mrs. Smith* („Господин и госпоѓа Смит“), а се разделија во 2016 година, по 12-годишна врска и две години брак. Нивниот развод беше официјално финализиран во декември 2024 година.

Актерката уште минатата година навести дека планира да го напушти Лос Анџелес штом нејзините најмлади деца ќе станат полнолетни.

„Ќе можам да заминам оттука штом ќе наполнат 18 години“, изјави таа тогаш, мислејќи на Вивиен и Нокс. Таа додаде дека сака да им обезбеди мир, приватност и сигурност на своите деца, но дека веќе не го доживува Лос Анџелес како место каде што чувствува припадност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Електричните автомобили доминираа на фестивалот на брзината „Гудвуд“

Овогодишниот фестивал на брзината во Гудвуд повторно ги собра најбрзите и најексклузивните автомобили во светот, а на традиционалната трка со искачување на рид, Ford Super Mustang Mach-E го постигна најбрзото време.

Видео: Електричните автомобили доминираа на фестивалот на брзината „Гудвуд“

Овогодишниот фестивал на брзината во Гудвуд повторно ги собра најбрзите и најексклузивните автомобили во светот, а на традиционалната трка со искачување на рид, Ford Super Mustang Mach-E го постигна најбрзото време, совладувајќи ја патеката долга 1,16 милји (1,86 километри) за импресивни 41,98 секунди.

За управувачот на електричниот прототип се наоѓаше реномираниот француски возач Ромен Дима; со оваа победа, тој му ја обезбеди на Ford третата последователна победа во финалниот дуел на фестивалот, надминувајќи го болидот од четвртата генерација на Формула Е.

Третото место му припадна на легендарниот Shadow-Chevrolet DN4 – кој воедно беше и најбрзиот автомобил со мотор со внатрешно согорување – додека во првите десет се пласираа и Volkswagen Polo WRX, BMW M3 Touring 24H, Subaru Brataroo 9500 Turbo, Porsche 911 Cup (992.2), Nissan 300ZX Turbo, Dodge Viper GTS-R и Toyota-Judd Formula Supra.

Резултатите уште еднаш покажаа колку конкурентни станаа електричните погонски системи во трките на угорнина, иако апсолутниот рекорд на Гудвуд сè уште го држи електричниот „McMurtry Spéirling“, кој ја совлада патеката за неверојатни 39,08 секунди во 2022 година.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер