Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
1Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
МакедонијаБачев: Нашата советничка листа со чесни кадри е најдобрата понуда за БитолаКараванот на Единствена Македонија „Сега имате избор“ ја промовираше советничката листа и носителот на листата за Битола од Единствена Македонија, Мирјана Мирчевски.Нашата советничка листа со чесни кадри е најдобрата понуда за Битола за да ја спречиме 30 годишната пљачка на општината Караванот на Единствена Македонија „Сега имате избор“ ја промовираше советничката листа и носителот на листата за Битола од Единствена Македонија, Мирјана Мирчевски. Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев истакна: -“ Денеска на три дена до изборите сме во Битола да ја промовираме советничката листа на Единствена Македонија и носителката на листата Мирјана Мирчевски. На многубројни средби со битолчаните ги изложуваме нашите програмски точки и принципи на кои што се обврзуваат советниците од Единствена Македонија. Ние како Единствена Македонија настапуваме во 33 општини со 33 советнички листи и можам да речам дека имаме многу квалитетни листи бидејќи нашиот главен адут на овие избори е да настапиме со чесни и честити кадри со кои ја бараме довербата на овие локални избори. Локалната самоуправа не е спорно дека треба да создава услови за подобар живот на граѓаните, ние сме на едно милење дека тука нема некоја филозофија, може општината во секое време да се направи добро место за живеење, потребно е само чесни и честити кадри кои што се најголем адут на овие избори. Мора опшштините да ги вратиме на граѓаните, а не општините да бидат испостава на власта за непрофитабилно трошење на општинските пари. Ние мора да ја поразиме мариоентската власта и така да почне конечниот пад на оваа ненародна власт која не ја ужива довербата на народот. Ги повикувам битолчани да ја дадат довербата на листите на кандидати на Единствена Македонија кои што се под број 19. Се разбира битолчани како и на други места во Македнија ќе се прашате зошто баш за Единствена Македонија. Нашиот одговор е многу едноставен, вие почитувани битолчнаи на овие избори носите една од најважните одлуки со која го дефинирате вашето живеење во наредните четири години. Ги повикувам битолчани: овојпат гласајте за себе, за сопствените интереси, гласајте за доброто на Битола, гласајте за доброто на Македонија, гласајте за листата на советници од Единствена Македонија “. Носителката на советничката листа Мирјан Мирчевски со повик до битолчани: Ве повикувам во недела, 17 октомври да гласате за листата на советници на Единствена Македонија. Заокружете го бројот 19. Центар за комуникации со јавноста на Единствена МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисЛина Ѓорческа испиша историја, прва Македонка на ВимблдонЛина Ѓорческа испиша историја во македонскиот тенис.Таа е првата македонска тенисерка која обезбеди пласман на Вимблдон и која ќе настапи во поединечна конкуренција на најпрестижниот тениски турнир. Во финалното коло од квалификациите, Ѓорческа убедливо ја совлада Италијанката Лусија Бронцети со 2:0 во сетови (6:1, 6:2), по само 73 минути игра. Ѓорчевска стигна до овој историски успех со три победи во квалификациите. По елиминациите Шпанката Анхела Фита Болуда и Португалката Франциска Жорге, во решавачкиот меч беше подобра и од Бронцети, која беше 20. носителка во квалификацискиот турнир и се наоѓаше дури 96 места погоре од Ѓорческа на ВТА-листата. Денес Ѓорческа ќе го дознае името на својата прва противничка.Тагови: Лина Ѓорческа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, нема подолги задржувања за влез и излез од државатаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничнитe премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта. На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: петок од 15:00 – 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот. Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока. РАБОТИ НА ПАТ: Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности. Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности. Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт. Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај. На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна). Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес сончево и топло со мала до умерена облачностВремето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има мали услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени. За време на викендот и почетокот на следната седмица под влијание на топла воздушна маса времето ќе биде сончево и топло. Температурата насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигне до 39 степени. Во вторник ќе се задржи топло време, но ќе има зголемување на облачноста со услови за пороен дожд. Во среда ќе има мал пад на температурите и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.Тагови: Сончево и топло УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook