Бабунски: Со тактички дисциплинирана игра до победа над Фарски острови - Канал 5

Бабунски: Со тактички дисциплинирана игра до победа над Фарски острови

Македонската фудбалска репрезентација ги привршува во Скопје мини подготовките за саботниот дуел против Фарски острови на гостински терен на стартот од новата сезона во Лигата на нации.

Бабунски: Со тактички дисциплинирана игра до победа над Фарски острови

Повратникот во репрезентативниот табор Давид Бабунски истакна денеска дека целта на гостувањето во Торшавн е освојување на трите бодови за што ќе биде неопходно одговорност во играта и тактичка дисциплина.

„Тоа што се случувало досега треба да ни служи да извлечеме лекции, да научиме од сè што се случувало за да напредуваме. Како екипа мислам дека не сме во позиција да потценуваме ниту еден противник, особено во денешниот фудбал кога сите се подготвени. Ќе мора да ги запазиме основните принципи во играта за трка, одговорност и тактичка дисциплина. Се надеваме дека доколку тоа успееме да го исполниме, нашиот квалитет ќе ни овозможи да направиме разлика и да победиме“, изјави Бабунски.

Репрезентативецот од средниот од средниот ред ова лето ја продолжи кариерата во шкотското првенство, потпишувајќи за Данди јунајтед.

Се чувствувам многу добро, среќен сум во новата средина во Данди. Имам континуитет и чувствувам дека сум во форма. Тука сум да се ставам во функција на тимот во која било улога селекторот ќе мисли дека можам да помогнам. Физички сме подготвени и не би требало да имаме проблем од тој аспект“, рече Бабунски. /МИА

Фолксваген го прекинува ID. во името на електричните модели: Враќање кон Fox, Polo, Golf?

Фолксваген планира постепено да ја укине „ID.“ ознаката во името за електрични возила.

Фолксваген го прекинува ID. во името на електричните модели: Враќање кон Fox, Polo, Golf?

Уште во 2026 година, компанијата има намера да го замени ова алфанумеричко брендирање со традиционални имиња на автомобили. Целта е да се поедностави понудата.

„ID.“ беше лансиран во 2017 година со концептна верзија на компактниот модел „ID.3“, кој влезе во производство во 2019 година. Сега станува збор за цела низа производи, од „ID.3“, „ID.4“... па сè до „ID.Buzz“.

Мартин Сандер, член на одборот на „ Volkswagen “ одговорен за продажба, маркетинг и постпродажба, во интервју за „ Auto und Wirtschaft “ откри дека компанијата има намера да се врати на користење на конвенционалните имиња за електрични возила.

Иако Сандер не навлезе во детали, Фолксваген претходно објави дека традиционалните имиња би можеле да се користат и за електрични возила, како што се „Fox“, „Polo“, или „Golf“.

Извор: Б92

Паолини го освои Рим

Италијанската тенисерка Јасмин Паолини е победничка на турнирот ВТА 1000 во Рим со награден фонд од над шест милиони евра.

Паолини го освои Рим

Шестата носителка Паолини попладнево во финалето кое траеше час и половина убедливо ја совлада четвртата носителка, Американката Коко Гоф, со 6-4, 6-2, станувајќи првата домашна тенисерка што ја освоила титулата во Рим по пауза од 40 години.

Паолини доминираше во финалето и ја освои својата трета титула во кариерата, а за победата во Рим заработи 877.390 евра, додека поразената Гоф инкасираше 456.735 евра. /МИА

Словенечки пратеник на кров од зграда: „Она што го прават не е во ред“

Денес, Андреј Хоивик, претставник на опозициската Словенечка демократска партија (СДС), беше качен на покривот на зградата на словенечкиот парламент во Љубљана, објави Дневник.си.

Словенечки пратеник на кров од зграда: „Она што го прават не е во ред“

Полицијата, пожарникарите и амбулантните возила брзо пристигнаа на местото на настанот.

Пожарникарите поставија скали, а по неколку минути Хоивик се согласи да слезе од покривот, а потоа беше предаден на медицинскиот персонал и пренесен во болница.

„Она што го прават во оваа земја не е исправно“

За време на инцидентот, Хоивик им се обратил на минувачите од покривот, нагласувајќи дека „не осудува никого, дури ни премиерот Роберт Голоб“, но верува дека „она што го прават во оваа земја не е исправно“. Како што објавува „Дневник.си“, во еден момент тој ѝ рекол на жената на покривот: „Ана, те молам, ако направиш уште еден чекор напред, ќе скокнам долу, ветувам“.

Полицијата потврди дека никој не е повреден, а инцидентот се третира како итна помош за лице во психолошка криза. Мотивот за инцидентот не е официјално познат, но извори велат дека Хоивик покажувал знаци на исцрпеност и емоционална исцрпеност во последните недели.

Пратеничката група на СДС се огласи на социјалните мрежи за да нагласи дека животните искушенија понекогаш се премногу тешки и бара разбирање и сочувство.

Извор: Индекс.хр

притисни ентер