Бабиш: Европските политичари мора да го одржат својот збор кон Македонија

Го сменивте Уставот, спроведовте реформи, а сега европските политичари кои ви ветија дека откако ќе го сторите тоа ќе бидат отворени преговорите со Европската Унија, мора да го одржат својот збор.

Скопје и Атина успеаја да најдат заеднички јазик, постигнаа компромис за спорот за името. Вие како држава го сторивте своето, одржавте референдум, го сменивте името, го сменивте Уставот, спроведовте реформи, а сега европските политичари кои ви ветија дека откако ќе го сторите тоа ќе бидат отворени преговорите со Европската Унија, мора да го одржат својот збор.

Ова го порача денеска во Скопје чешкиот премиер Андреј Бабиш на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев, кој даде ветување дека Чешка ќе стори се за земјава да добие датум за почеток на преговори.

-Сега е клучно време за С.Македонија и се надевам дека за девет дека Европскиот совет навистина ќе го потврди отворањето на преговори на вашата земја со ЕУ. Европските политичари ви ветија дека ако ги исполните условите за тоа ќе добиете датум за преговори. Доколку европските политичари не го одржат својот збор тоа ќе дејствува демотовирачки за вашите граѓани и за целиот регион, нагласи Бабиш.

Посочи дека Македонија ја има поддршката и од Вишеградската група, во која освен неговата земја членуваат и Словачка, Полска и Унгарија и најави дека наскоро В4 ќе има средба во Будимпешта на која меѓудругото ќе се разговара и за начините на кои може да се поттикне евроинтегративниот процес на земјава.

Бабиш напомена дека ако европските политичари не го исполнат ветувањето тоа може да има реперкусии и врз регионот и отворените прашања во него и додаде дека Македонија не смее да биде жртва на други регионални прашања, нагласувајќи оти земјава го сработила своето и тоа треба да се вреднува од целата Унија.

Тој рече дека целиот регион на Западен Балкан е важен за Европа и најави дека откако Чешка ќе го преземе претседателството со В4 ќе организира средба со шесте земји од регионов, кои не се во Унијата.

Заев му изрази на Бабиш благодарност за поддршката на неговата земја ова лето да добиеме датум за преговори, нагласувајќи оти тоа е важно не само за Македонија, туку и за регионот и Европа.

-ЕК во извештајот за напредокот на државата даде кристално чиста препорака за почеток на преговорите. Без скромност ќе ја споменам оценката дека нашата земја е блескав пример за регионот и за Европа. Сработивме сто отсто, ги исполнивме критериумите, заедно со нашите пријатели Република Бугарија и Република Грција ги надминавме стереотипите за решавање на чувствителни билатерални прашања, внесовме прогресивни примери за возможното. Договорот од Преспа е повеќе од решение на долгорочен спор меѓу две земји, тоа е модел за решавање на билатерален спор базиран на дијалог и взаемно разбирање, што е клучна европска вредност и затоа определувањето датум за почеток на преговори ова лето не значи само награда за нашата држава, туку и ја подразбира и принципиелноста на ЕУ, рече Заев.

Доделувањето на датум за Македонија, рече Заев ќе значи не само почитување на индивидуалните заслуги, туку и продолжување напред кон европските вредности, а не враќање назад кон популизам и национализам.

-Тоа ќе ги охрабри и другите лидери во регионот да ги затворат отворените прашања, ќе овозможи фокус да ставиме на економијата, инвестициските перспективи, на шансите за младите и сето тоа ќе значи и почеток на една поширока стабилизација, на која со децении чекаат Европа и светот, рече Заев.

Изрази надеж дека наскоро и Чешка ќе го ратификува Протоколот за членство во НАТО и оти земјава ќе може на самитот во декември во Лондон да биде пречекана како 30. членка. Бабиш напомена дека Чешка наскоро ќе го стори тоа и додаде дека Парламентот ќе заседава во јули и оти тој ќе испрати лично допис до пратениците Протоколот да го стават на дневен ред, но не кажа конкретен датум кога тоа би се случило.

Како одлични ги оценија билатералните односи двајцата премиери, во сферата на политиката, но и во сферата на економијата, соработката меѓу полициите, а се отвора и можност за интензивирање на соработката во одбраната.

Заев најави дека чешката компанија Чез Локотранс наскоро ќе ја реализира најавената инвестиција во регионален Центар за логистика и дистрибуција со седиште во Скопје, која ќе го опслужува цел Западен Балкан. Ќе работи во сферата на железничката инфраструктура, а вредноста на инвестицијата е 20 милиони евра. Нагласи дека со оваа и други инвестиции се отвора можноста за интензивирање на трговската соработка.

Бабиш рече дека чешките претприемачи треба да бидат добро да се запознаат со поволностите во земјата во однос на почнување на бизнис и изрази задоволтво што Чез Локотранс ќе инвестира 20 милиони евра. Најави дека ќе организира посета на Чешка на која бизнисмените од двете земји ќе имаат можност подобро да се запознаат.

Премиерот Заев ја потенцира и соработката меѓу двете полиции, напомнувајќи дека Чешка досега доделила донации вредни од околу четири милиони евра за македонските полицајци, а чешките полицајци им помагаат на нашите и во обезбедувањето на јужната граница.

-Упорноста на Македонија во дејствувањето за затворањето на западнобалканската миграциска рута беше голема и е за поздравување. Малку е апсурдно што една држава која не е членка на Шенген зоната го направи тоа, наместо да го стори држава која е членка, но како и да е драго ни е што помагавме во таа сфера, рече Бабиш и најави дека денеска ќе ги посети чешките полицајци на јужната граница. /МИА.

Крвава роденденска забава во Еквадор: Најмалку осуммина загинати во бар

Осум лица се убиени во пукање во бар во еквадорскиот град Чандуј, каде се одржувала роденденска прослава, соопшти локалната полиција.

Не е јасно дали нападот во крајбрежната провинција Санта Елена бил насочен против лицето чија прослава се одржала, пренесува АП.

Локалната полиција соопшти дека напаѓачите пристигнале со такси и со два мотоцикли, а потоа отвориле оган врз гостите во објектот.

Некои од жртвите се пронајдени надвор од барот.

Меѓу жртвите има пет мажи и три жени, а ниту една од жртвите нема криминално досие, соопшти полицијата.

Санта Елена стана еден од најнасилните региони на Еквадор, бидејќи има три пристаништа кои често се користат за шверц на дрога.

Локалните банди, кои во некои случаи соработуваат со мексиканските картели, значително ја зголемија криминалната активност во последните години, а зголемен е и бројот на убиства во земјата, наведува АП.

Најмалку 7.600 убиства биле извршени во Еквадор во 2023 година, во споредба со околу 4.400 во 2022 година.

Досега оваа година во Еквадор имало околу 1.875 убиства.

Повеќе од 4.000 луѓе се евакуирани од пограничните области на регионот Харков

Повеќе од 4.000 луѓе се евакуирани од пограничните области на украинската област Харков, изјави денеска регионалниот гувернер Олег Синегубов, цитиран од француските медиуми.

Потребата за евакуација се појави откако руските сили во петокот започнаа нова офанзива против регионот Харков.

-Вкупно 4.073 луѓе се евакуирани, напиша регионалниот гувернер Олег Синегубов на социјалните мрежи еден ден откако руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили зазеле пет села во Харковската област.

Синегубов пријавил дека 63-годишен маж е убиен денеска од артилериска граната во селото Глибоке и дека 38-годишен маж е ранет во пограничниот град Вовчанск.

Украина во петокот соопшти дека Русија извршила напад врз регионот Харков и дека постигнала мал напредок во пограничната област од која нејзините сили беа истиснати пред речиси две години.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера вечерта изјави дека украинските сили изведуваат контранапади во пограничните села на регионот Харков.

-Нашата задача број еден сега е да ги спречиме руските офанзивни планови, рече украинскиот лидер.

Протести во Тел Авив- Израелците бараат ослободување на заложниците (ВИДЕО)

Илјадници Израелци излегоа синоќа на улиците барајќи владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да направи повеќе за да обезбеди ослободување на заложниците кои ги држi исламистичката група Хамас во Појасот Газа.

Како што пренесува Ројтерс, членовите на семејствата на заложниците носеле слики од нивните најблиски кои се уште се во заробеништво и се приклучиле на толпата што протестира во Тел Авив.

Една од нив е Наама Вајнберг, чиј братучед Итаи Свирски бил киднапиран за време на нападот на Хамас на израелските градови на 7 октомври и, според израелските власти, бил убиен во заробеништво. Во говорот таа се осврна на видеото кое Хамас го објави вчера, тврдејќи дека уште еден од израелските затвореници починал.

„Наскоро дури и оние кои успеаја да преживеат толку долго нема да бидат меѓу живите. Тие мора да се спасат сега“, рече Вајнберг.

„Апсолутно е јасно дека израелската влада е целосно идеолошки банкротирана. Тие немаат поим што прават. Јасно е дека не се обидуваат да спасат ниту еден заложник или да ја прекинат војната. Владата всушност ја води најекстремниот фундаменталист , чија идеологија нема никаква врска со демократските идеали, единственото нешто што може да направи меѓународната заедница е да изврши притисок врз двете страни да ја прекинат војната, да го прекинат ова и да започнат мировни разговори.

Како што одминуваше вечерта, некои демонстранти го блокираа главниот автопат во градот пред полицијата да ги растера со водени топови, а некои директно се судрија со полицијата. Уапсени се најмалку три лица.

притисни ентер