Бабата не издржа на судењето на синот, кој до смрт ѝ го претепа внукот (Вознемирувачко видео) - Канал 5

Бабата не издржа на судењето на синот, кој до смрт ѝ го претепа внукот (Вознемирувачко видео)

Бабата на детето, кое наводно починало од наводно малтретирање од страна на неговиот татко, се скршила на суд откако раскажала како дознала за смртта на несреќниот Кори Миколо (6).

Бабата не издржа на судењето на синот, кој до смрт ѝ го претепа внукот (Вознемирувачко видео)

На шестиот ден од судењето, Керол Грегор, мајката на обвинетиот Кристофер, се присети во судницата на моментот кога дознала за смртта на Кори од нејзиниот син во болница, пишува Дејли Мејл.

- Крис беше хистеричен, бесно врескаше 'што му направи', рече таа, велејќи дека мислел на мајката на момчето, Бреана Мичиоло.

- Му се јавувам на маж ми, ќе полудам дома. Почнав да врескам хистерично, рече таа.

Кристофер Грегор (31) од Њу Џерси беше обвинет дека го принудил својот шестгодишен син Кори Миколо да трча на лента за трчање бидејќи бил „премногу дебел“. Набрзо починал од повредите здобиени од малтретирањето. Тоа се случило во 2021 година.

Додека ја раскажуваше својата шокантна реакција, Грегор можеше да се види како ги брише солзите со марамче, пишува Дејли Мејл.

– Беше многу загрижен дека нешто ќе се случи додека Кори е со мајка му, изјави таа во судницата.

Керол Грегор потоа откри дека нејзиниот помлад син Дени добивал заканувачки телефонски повици на домашниот телефон додека таа и нејзиниот сопруг се возеле во болница откако дознале за смртта на нивниот внук.

На прашањата на обвинителството таа не можела да одговори точно кога ја добила веста за смртта на внукот.

- Не погледнав во часовникот, само што почина внук ми. Бев хистерична.

На петтиот ден од судењето на Кристофер Грегор, кој е осомничен за занемарување на детето и убиство од прв степен, тој најмногу се загледувал во форензичарот др. Томас Ендрју додека ги опишувал повредите нанесени на неговиот син Кори.

Д-р. Ендру рече дека Кори, кој починал во април 2021 година, умрел од повреди на градниот кош и абдоменот со тапа сила, рани и контузии на црниот дроб и раскинување на срцето.

Патологот заклучил дека Кори има знаци на „стрес кардиомиопатија“, срцева болест предизвикана од постојан стрес. Тој посочи дека постоел постојан физиолошки стрес, најверојатно поради малтретирање или злоупотреба.

Последните денови на судењето било покажано шокантно видео на кое Грегор го принудува својот син да трча на лента за трчање и неколку пати го крева од подот кога ќе падне од машината.

Сето тоа е снимено од надзорните камери во теретана во Њу Џерси на помалку од две недели пред смртта на Кори. Веднаш бил префрлен во болница. Неколку часа бил без свест откако мајка му го оставила кај татко му. Тие биле разведени и го поделиле старателството над синот.

Мајката на Кори, Бреана Мичиоло - која исто така сведочеше против Грегор минатата недела - тврди дека тој никогаш не го ни сретнал нејзиниот син до една година пред неговата смрт, а Кори редовно се враќал дома од куќата на неговиот татко со свежи исеченици и модринки.

Обвинителите тврдат дека Кристофер Грегор покажал модел на навредливо однесување во месеците пред неговата смрт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: „Путин, дали прифаќаш?“

Зеленски изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот.

Зеленски: „Путин, дали прифаќаш?“

Украина е подготвена да учествува во технички трилатерални преговори со САД и Русија – кои би можеле да се одржат до крајот на октомври во Обединетите Арапски Емирати или во друга земја предложена од Вашингтон – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Обраќајќи им се на новинарите во Киев заедно со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Зеленски – како што пренесува „Укринформ“ – изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот.

„Американската страна стапи во контакт со Украина и Русија, предлагајќи да се одржи средба во некаква форма на техничко ниво, во трилатерален формат, до крајот на октомври. Вчера им потврдив дека сме отворени за учество во Емиратите или во друга земја предложена од американската страна“, рече Зеленски.

Според него, Вашингтон сега го пренел овој предлог на Москва, која треба да го изнесе својот став.

„Позитивно одговараме на преговорите“, рече Зеленски.

Зеленски претходно објави дека Соединетите Држави предложиле подготовка на трилатерална средба со учество на Украина, САД и Русија на техничко ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клучна одлука за автомобилите во ЕУ: Брисел дефинира кој може да ја носи ознаката „Made in Europe “

Европската унија утврдува што се смета за европски автомобил или компонента.

Клучна одлука за автомобилите во ЕУ: Брисел дефинира кој може да ја носи ознаката „Made in Europe “

Во Европската унија се водат важни дискусии за идните критериуми за ознаката „ Made in Europe “, одлуката што ќе произлезе од нив би можела значително да влијае врз автомобилската индустрија и конкуренцијата од Кина.

Се разгледуваат правила што би им дале предност на европските производи во јавните набавки и во програмите за државна поддршка за стратешките сектори.

Клучно прашање е прецизното дефинирање на тоа кога еден автомобил или негова компонента се квалификуваат како европски производ. Исто така, од особена важност е да се утврдат условите под кои производите и деловите од трети земји би можеле да го добијат истиот статус, пренесува „Revija HAK“.

Според информативниот портал „Contexte“, предвидено е „Coreper I“ – Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на ЕУ – да расправа за оваа тема на 7 октомври.

ЕУ се соочува со дилема: правилата треба да го поттикнат производството во рамките на Унијата без притоа да ги загрозат меѓународните синџири на снабдување или обврските кон трговските партнери.

Последиците за купувачите на автомобили остануваат нејасни. Поширока дефиниција за „ Made in Europe “ би им овозможила на автомобилите со поголем удел на компоненти од партнерски земји да го задржат пристапот до европските програми за поддршка и договорите за јавни набавки.

Од друга страна, построгите правила дополнително би го фаворизирале производството лоцирано во ЕУ.

Конечната одлука би можела да има долгорочни последици врз потеклото, достапноста и цената на автомобилите што се продаваат на европскиот пазар.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ во кампања за предвремените парламентарни избори на 25 октомври

Вучиќ –кој е  носителот на листата „Александар Вучиќ – обединета Србија“  изјавил дека во Загреб, Подгорица, Сараево и Приштина со голем жар посакуваат соборување и промена на актуелната власт во Србија.

Вучиќ во кампања за предвремените парламентарни избори на 25 октомври

Албин Курти и Мило Ѓукановиќ до Андреј Пленковиќ, сите сакаат соборување на власта во Србија. А дали тие сакаат нешто добро за Србија?“, прашал Вучиќ.

На предизборниот собир тој кажал и дека некој однадвор ја отрул атмосферата во земјата, сакајќи да ја промени политиката на Србија, пред се на меѓународно ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер