Бабата е бремена со внуче ,за да и помогне на неплодната ќерка (ФОТО) - Канал 5

Бабата е бремена со внуче ,за да и помогне на неплодната ќерка (ФОТО)

Неплодноста влијае на околу 6% од мажените жени во САД, а една жена доби необична помош откако нејзината 51-годишна мајка се согласила да го носи своето внуче.

Бабата е бремена со внуче ,за да и помогне на неплодната ќерка (ФОТО)

Џули Ловинг одлучила да биде сурогат мајка на детето на нејзината ќерка Брана Локвуд, откако таа не успеала да остане бремена. "Тоа е бременост од учебник. Сè оди совршено", изјави Ловинг за Today Parents.

Експертот за плодност на Брана, др. Брајан Каплан рече дека повеќето Американки не можат да си дозволат гестациски носач затоа што тоа може да чини повеќе од 100.000 долари.

Кога Локвуд прв пат разговарала со нејзината мајка за своите проблеми со плодноста, таа веднаш се понудила да го роди нејзиното дете, но таа одбила. „Знаев дека само сака да помогне, но постојано велев дека не сакам“, изјави Локвуд.

Локвуд тогаш ја однела нејзината мајка на состанок со Др. Капелан, кога нејзиниот сопруг не можел да присуствува и и рече да не ја спомнува можноста дека носи дете. Сепак, на крајот од состанокот, Ловинг му кажала на докторот дека сака да го носи бебето на нејзината ќерка.

Д-р Каплан тогаш изразил загриженост за нејзините години. „Обично гестацискиот превозник треба да биде под 40-годишна возраст, но во медицината мора да гледате на работите индивидуално и да ги персонализирате“, рече тој.

Loneliness is a really obscure concept when you think about it. It’s a heavy, palpable weight, yet invisible to the rest of the world. It’s a feeling that became an everyday part of my life with infertility, almost like another person in my life. You can’t explain the emptiness and isolation you feel. Struggling with infertility was like waking up every day knowing that despite your best efforts to create sunshine, the day would bring rain. Although i’m overjoyed by my mom’s pregnancy, these feelings of isolation like to creep back in, and more than ever I’ve wanted to find others who can guide or give me advice. I recently discovered the @peanut app and it’s exactly what I’ve always been looking for. It’s a place where you can connect, chat, ask advice, and lean on others who are trying to conceive, pregnant, or already a mom. The best advice I’ve been given is straight from other women who have already walked this path. My favorite thing on @peanut is the groups, I recently joined some for people struggling with infertility and some for surrogacy experiences where we chat and vent about the ups and down of our journeys. Joining @peanut gave me some resemblance of hope and a break from my loneliness, it’s such an important tool. I encourage any moms, moms-to-be or those trying to conceive to join this community! #peanutapp #ad #surrogacyjourney #surrogategrandma #ivfjourney #surrogacyislove #mommyinfluencer #instagood #momsofinstagram #infertilityawareness #infertilitysupport #surrogacyannouncement #pregnancyjourney #ivfpregnancy #surrogatepregnancy

A post shared by Breanna Lockwood (@ivf.surrogacy.diary) on

Тогаш тој решил да разговара со своите колеги за идејата Ловинг да го носи бебето. Тој вели дека разговарале за сите потенцијални опасности и сите се согласиле дека станува збор за единствена ситуација. „Ова не е нешто што би им советувал на луѓето. Ова беше апсолутно исклучително“, заклучил докторот.

Ловинг веќе е во 36-та недела од бременоста и го споделува своето необично патување како „сурогат баба“, како што самата се опиша, со својата ќерка на социјалните мрежи. Сепак, тие велат дека не секој ги разбира.

„Би рекла дека 90% од реакциите што ги добивам се прекрасни и фантастични, но ги има и оние 10% од интернет-троловите што имаат одвратни работи да кажат за секој што ќе го видат на интернет”, вели Локвуд. „Мислам дека многу од тоа произлегуваат од недостаток на образование каде што тие не разбираат што е тоа ИВГ или што е сурогат, или мислат дека моето бебе ќе ми биде сестра“, рече таа.

Но, и покрај тоа, вели дека не се грижат за тролови, само се радува на девојчето. "Јас сум многу подготвена. Пресреќни сме што ова можеше да ни се случи".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На денешен ден пред 35 години падна Берлинскиот ѕид

На денешен ден, на 9 ноември во 1989 година, падна Берлинскиот ѕид.

На денешен ден  пред 35 години падна Берлинскиот ѕид

По капитулацијата на нацистичка Германија, Сојузниците ја поделија земјата и главниот град Берлин на четири окупациски зони – американска, британска, француска и советска. Германските региони кои тогаш беа под контрола на САД, Велика Британија и Франција се обединија во мај 1949 година, со што ја формираа Сојузна Република Германија, т.е. Западна Германија.

Тајна одлука за затворање на границата

Со поддршка на сојузничките земји, Западна Германија се разви во контекст на економија на слободен пазар и демократска структура во следниот период.

Од друга страна, од Источна Германија, чија економија и политичка структура се темелеа на советскиот социјалистички систем, десетици илјади луѓе избегаа во правец на многу попросперитетна Западна Германија.

Најповолното место за преселба во Западна Германија беше Берлин. Се проценува дека помеѓу 1949 и 1961 година, повеќе од три милиони луѓе избегаа од Источна Германија во Западна Германија, вклучувајќи значителен број образовани млади луѓе.

За да го спречи масовното бегство кон западниот дел од земјата, Источна Германија тајно одлучи на 12 август 1961 година да ја затвори границата во Берлин. Следниот ден, источногерманската армија ја затвори областа под советска контрола со бодликава жица, но тоа не ги спречи преминувањата.

Комунистичкиот режим одлучи да го спречи заминувањето на Источногерманците, а ноќта на 17 август 1961 година започна изградбата на Берлинскиот ѕид висок 3,6 метри.

Изградбата, одржувањето и следењето на ѕидот беа многу скапи и претставуваа значителен товар за источногерманската економија. 44 километри од ѕидот минуваа низ самиот Берлин.

Отворени се осум гранични премини помеѓу Источен и Западен Берлин. Контролниот пункт Чарли беше еден од најпознатите гранични премини помеѓу 1945 и 1990 година. Се наоѓаше на Фридрихштрасе, помеѓу американскиот и советскиот сектор, како и помеѓу градските области Центарум во Источен Берлин и Кројцберг во Западен Берлин.

За време на посетата на Западен Берлин во 1987 година, тогашниот американски претседател Роналд Реган го повика тогашниот руски лидер Михаил Горбачов: „Разурнете го овој ѕид!“

Во јануари 1989 година, долгогодишниот лидер на ГДР, Ерих Хонекер, јавно предвиде дека Берлинскиот ѕид ќе стои уште 50 до 100 години, но низата настани, која подоцна беше препознаена како мирна револуција во ГДР во 1989 година, го негираше ова.

Во септември 1989 година, низ Источна Германија избувнаа демонстрации. Првично, демонстрантите беа главно луѓе кои сакаа да емигрираат на Запад, но демонстрациите продолжија и стануваа сè помасовни. Нивниот врв беше на 4 ноември, кога околу половина милион демонстранти се собраа на Александарплац во Источен Берлин.

Уште на 9 ноември, луѓето почнаа да рушат делови од ѕидот по сопствена иницијатива, а на 13 ноември, источногерманската армија започна со организирано отстранување на некои делови. На граѓаните на ГДР веднаш им беше дозволено да преминат од Источен во Западен Берлин, меѓутоа, граничната служба го ограничи влезот на граѓаните на Западна Германија во Источен Берлин до 23 ноември. Официјалното обединување на Германија се случи на 3 октомври 1990 година.

Најмалку 138 лица загинаа обидувајќи се да избегаат преку ѕидот

Помеѓу 1961 и 1989 година, граничарите на Источна Германија убија најмалку 138 лица обидувајќи се да избегаат преку ѕидот. Имаше 5.075 успешни бегалци преку ѕидот, од кои 574 беа војници чија задача беше да го чуваат Берлинскиот ѕид. Првите двајца луѓе кои ги загубија животите обидувајќи се да го преминат Берлинскиот ѕид беа Ида Зикман и Гинтер Лифтин.

YouTube video

Ѕидот беше исто така олицетворение на Студената војна, па затоа самото негово рушење го означи почетокот на ослободувањето од комунистичката идеологија и нејзините структури.

Одлуката за падот на ѕидот беше објавена – случајна

Падот на Берлинскиот ѕид започна откако лидерот на Источна Германија, Гинтер Шабовски, погрешно објави дека патувањето до Западен Берлин е дозволено.

На тој ден, Шабовски ги информираше новинарите од целиот свет за најновите одлуки на режимот, но не откри веднаш информации за отворањето на границите. Одговарајќи на новинарско прашање, Шабовски гласно прочита документ во кој пишува дека визите за патување и емиграција од земјата ќе се издаваат без никакви услови.

„Од кога?“ го праша новинарот.

Шабовски се двоумеше за момент, а потоа почна да импровизира: „Колку што знам, веднаш, од овој момент.“ Неколку новинари веднаш ја напуштија салата, а информацијата стигна до новинските агенции: „Источногерманците можат да патуваат во странство од овој момент.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Попладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина

Ветеринарната комора на Македонија ги информира граѓаните дека во понеделник, 9 ноември 2026 година, ќе се одржи мирен протестен собир на вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во нашата држава.

Попладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина

Собирот е на иницијатива на докторите по ветеринарна медицина од ветеринарните амбуланти и клиники кои ги спроведуваат превентивните мерки за здравствена заштита на животните, со поддршка на Ветеринарната комора.

* 13:00 часот – пред Агенцијата за храна и ветеринарство

* 14:00 часот – пред Владата на Република Македонија

Причина е крајно лошата состојба во секторот ,а непосреден повод е застојот во спроведувањето на превентивните мерки на терен .Со собирот, докторите по ветеринарна медицина сакаат да укажат и на недоволните буџетски средства предвидени за здравствена заштита на животните , особено потенцирано во последните две години, како и на несоодветниот институционален третман на ветеринарната професија.

Последиците од ваквата состојба го засегаат целото општество. Кога превентивните мерки доцнат, се отежнува навременото откривање и сузбивање на болестите кај животните. Тоа има последици за сточарите и за прометот со животни, а создава и ризици за безбедноста на храната и јавното здравје.

Комората во изминатиот период, преку средби и дописи, континуирано им укажуваше на надлежните институции на проблемите во секторот и на потребата од соодветно финансирање и услови за работа. Комората им дава безрезервна поддршка на колегите. Сите барања изнесени на мирниот протест ќе ги достави до надлежните институции, стои меѓудругото во соопштението од Ветеринарната комора на Македонија.

Потребни се итни чекори за продолжување на работата на терен и системски решенија што ќе обезбедат соодветно финансирање и редовно, непречено спроведување на превентивните мерки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар.

Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна.

Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер