Баба Хелен си ја исполни желбата, на својот 95-ти роденден отиде во Лас Вегас - Канал 5

Баба Хелен си ја исполни желбата, на својот 95-ти роденден отиде во Лас Вегас

Бабата Хелен Ван Винкл многумина ја препознаваат како „легенда на Инстаграм“, која многу често се покажува во модерни изданија полни со светли и весели бои.

Баба Хелен си ја исполни желбата, на својот 95-ти роденден отиде во Лас Вегас

Оваа баба е популарна, не само поради нејзиното многу смело облекување, туку и поради објавите и пораките што ги остава.

Нејзиниот стори „Ви ги крадам момчињата од 1928 година“, ја направи мегсапопуларна на социјалните мрежи.

Сега баба Хелен за својот 95-тиот роденден одлучила да си ја исполнин големата желба, го посетила волшебниот Лас Вегас.

Имено, таа на својот „Инстаграм“ профил сподели видео, во соработка со клуб од Лас Вегас, во кое успеа повторно да ги изненади своите фанови.

Баба Хелен покажа како лудо се забавува со младите, а на видеото можеше да се види дека набрзо стана главна сензација, кога го привлече вниманието на машките стриптизери, со кои заврши на сцената.

Во описот на видеото, клубот изјави дека ова е една од најлудите ноќи и дека, иако тие се оние кои обично ги „водат луѓето на лудо возење“, овојпат тоа им го направила баба Хелен.

Сторито „крадењето на сите мажи“ стоеше во светлината и стилот на Лас Вегас, на масата, додека таа пуши и ужива во добар пијалок, време и друштво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Билиќ и по дебаклот против Англија останува на клупата на Хрватска

рватската фудбалска репрезентација претрпе еден од најтешките удари во својата историја! 

Билиќ и по дебаклот против Англија останува на клупата на Хрватска

Во мечо до Лигата на нации, Англија славеше со неверојатни 7:0 на „Рујевица“ и им го нанесе најтешкиот пораз во историјата на популарните „Ватрените“, а веднаш по тој историски дебакл се наметна прашањето – што ќе се случи со селекторот Славен Билиќ?

Дел од хрватската јавност веќе почна да бара негово заминување, но претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Маријан Кустиќ, по натпреварот повлече потег со кој ја отстрани најголемата дилема.

Билиќ, барем засега, останува на хрватската клупа.

Како што пренесоа хрватските медиуми, по натпреварот Кустиќ се симнал во соблекувалната и им се обратил на репрезентативците и на целиот стручен штаб.

Пораката била јасна и воопшто не беше пријатна.

Кустиќ им дал до знаење на фудбалерите дека начинот на кој одиграа против Англија, како и нивниот однос кон хрватскиот дрес, се неприфатливи.

Сепак, по критиките следувала и поддршка.

Претседателот на ХНС им порачал на фудбалерите дека поради едно катастрофално издание не станале лоши играчи преку ноќ и дека очекува реакција уште на следниот натпревар.

Тој особено го истакнал престојниот дуел со Шпанија утре на „Пољуд“, каде што Хрватска ќе има можност да покаже карактер и да се обиде да го поправи впечатокот по дебаклот против Англија.

Потоа претседателот Кустиќ ја решил и најголемата дилема.

Маријан Кустиќ му даде безусловна поддршка на Славен Билиќ!

Тоа значи дека, и покрај најтешкиот пораз во историјата на хрватската репрезентација, ХНС (HNS) во моментов не планира да го смени селекторот.

Билиќ останува на клупата и ќе има можност да покаже реакција со тимот веќе на натпреварот против Шпанија. Самиот Билиќ ја презеде одговорноста ден по дебаклот и изјави дека Хрватска мора да покаже карактер.

„Ја преземам одговорноста за ова разочарување што ѝ го приредивме на Хрватска“, рече Билиќ, порачувајќи дека дуелот со Шпанија е можност тимот да го поправи впечатокот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Фон дер Лајен му ја одзеде лагата на Мицкоски за македонскиот идентитет

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека посетата на Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Христијан Мицкоски за наводната загрозеност на македонскиот идентитет.

Филипче: Фон дер Лајен му ја одзеде лагата на Мицкоски за македонскиот идентитет

„Нема Христијан повеќе што да лаже. Не може повеќе да глуми патриот кој ги штити националните интереси, поради тоа што вистината е дека тие се заштитени и никој, никогаш, на ниту еден начин, нема да може да ни ги одземе. Христијан не е задоволен од посетата, нормално, затоа што претседателката Фон дер Лајен му ја одзеде лагата“, рече Филипче.

Тој потсети на изјавите и ветувањата на Мицкоски за Преспанскиот договор и на потврдата дека договорот го штити националниот идентитет.

„Велеше, идентитетот е загрозен, ќе го поништиме Преспанскиот договор. И што направи човекот? Ништо. Кажа дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата. Претседателката Гордана Сиљановска потврди дека Преспанскиот договор го штити нашиот национален идентитет“, потенцираше претседателот на СДСМ.

Филипче нагласи дека се потврдени ставовите што СДСМ ги застапува за заштитата на македонскиот идентитет и јазик а лагите на Мицкоски се целосно потопени.

„Јасно е дека овие луѓе со лага дојдоа на власт, глумејќи патриоти, и сега со лаги сакаат на власт да останат. Се потврди сè што зборувавме досега. Идентитетот зачуван, потврден со Преспанскиот договор. Јазикот потврден со договорот Фронтекс, потпишан на чист македонски јазик“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ посочи дека задржувањето на државата во изолација ги загрозува нејзината иднина и интересите на граѓаните.

„Не напредуваме, стоиме во место. Поминуваат шансите покрај нас, а младите луѓе се селат. Ние тонеме во сиромаштија. Нека не го губи времето повеќе на државата Христијан Мицкоски, затоа што ниту е патриот, ниту ги штити националните интереси. Еве, го потврди тоа и претседателката Фон дер Лајен. Тоа е само еден обичен лажго којшто сака да остане на власт“, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

YouTube video

Скопје, 05.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче ако сака во ЕУ, не треба да лаже и да води селективна борба против корупција и криминал

Венко Филипче и талогот од СДС зборуваат само за ЕУ и нашето пристапување во ЕУ по секоја цена.

Петрушевски: Филипче ако сака во ЕУ, не треба да лаже и да води селективна борба против корупција и криминал

Во оваа прилика им укажуваме дека еден од главните услови за ЕУ е токму борбата против корупцијата.

Ова што Филипче сега го прави изгледа како селективна борба против корупцијата и борба против сопартијци кои му се неистомисленици.

Меѓу нив последен е случајот кој го наведе, поточно скандал тежок 37 милиони евра во Министерството за одбрана кога министерка беше Славјанка Петровска, актуелна пратеничка на СДС, а сега и дел од платформата 12.05 која бара промени во СДС.

За овој случај ВМРО-ДПМНЕ го повика јавното обвинителство да постапи, како што го повикува за секој еден случај со корупција и криминал без разлика кој е осомничен.

Филипче пак е должен за овој случај и за било кој друг, каде има сомнеж за криминал, да ги достави до јавното обвинителство сите информации со кои располага. Филипче воедно треба да информира и да доставува информации до обвинителството за секој случај без разлика кој е осомничен. Во спротивно ќе сметаме дека Филипче лаже и применува двојни аршини.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер