Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
АвтомобилизамAznom Palladium: Обид од камион да се направи Ролс Ројс (ВИДЕО)За многумина, овој производ е повеќе од кандидат за најгрд автомобил на годината, за некои е автомобил од соништата, а некои дури и ќе го купат за висока цена.И токму затоа завкусовите не треба да се дискутира. Паладиумот е најавен како хипер-лимузина способна да освои било каков терен. Како што се очекувало, има погон на сите тркала, но малкумина очекуваа дека основата ќе биде ваква. Имено, ова чудо на луксуз ја користи основата на американскиот „народен автомобил“. Станува збор за камион „Доџ Рам 1500“, вториот најпродаван модел во својата класа во САД. Сосема очекувано затоа што истата компанија во 2018 година понуди слична работа, моделот Аталукс. И кога станува збор за дизајнот, јасно е дека Ролс Ројс бил инспирација. Особено во предниот дел каде доминира огромна маска со LED осветлување. Настрана е најголемата новина со пластична облога и хромиран мал „Линколн“ прозорец што им овозможува на патниците позади да ѕирнат малку уживајќи во приватноста на најлуксузниот теренец на светот. И на задната страна наместо бункер, Паладиумот добива фиока што се извлекува со само едно копче. Италијанската мајсторија доаѓа до израз во кабината. Внатрешноста на камионот сега е покриена со најскапите материјали. Инсталирани се нови екрани за контрола на опремата како што се амбиентално осветлување, ладилници и отвори на одделот. Задниот дел е најудобен, а сопственикот обично ќе остане таму. Атмосферата како во дневна соба е надополнета со седиште како тросед, но и мал бар со пијалоци и кристални чаши. Опремата вклучува звучен систем Хармон Кардон, два таблети Microsoft Surface Pro X. Конечно, има часовник направен во комбинација од злато и паладиум, кој може да го земете доколку е потребно и да го преместите на полицата во дневната соба. Под хаубата се наоѓа 5,7 V8 мотор кој со помош на две турбини дава 710 КС и 950 Нм. До 100 km / h достигнува за 4,5 секунди, а брзината е ограничена на 210 km / h. Да потсетиме, станува збор за 2,65 тони тешко возило, на што во однос на масата не помага фактот што покривот и предниот капак се направени од карбон. Затоа има сопирачки Брембо со дискови со дијаметар од 408 мм напред и 380 мм назад. Се уште нема збор за цената, а компанијата верува дека најголем интерес ќе имаат Русија, Кина и секако Блискиот исток. Секако, има безброј комбинации на индивидуализација, а има и додатоци како патни торби изработени од иста кожа како и внатрешноста (Фоглицо) и чадори со потпис - изработени од Франциско Маља.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЗлатото и среброто бележат раст на светските берзиЦените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари. Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари. Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последициПо бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани. По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница. Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската тркаФранцуската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува. Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите. Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто. Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто. Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови. Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.Тагови: ле пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter