Азир Алиу предлог за наследник на Таравари, ќе биде ли прифатлив за премиерот Мицкоски? - Канал 5

Азир Алиу предлог за наследник на Таравари, ќе биде ли прифатлив за премиерот Мицкоски?

Премиерот Христијан Мицкоски сè уште не одлучил дали ќе го прифати предлот од „Вреди“, поранешниот министер за информатичко општество во претходната влада на СДСМ и ДУИ Азир Алиу сега да биде нов министер за здравство.

Азир Алиу предлог за наследник на Таравари, ќе биде ли прифатлив за премиерот Мицкоски?

Од Владата за Канал 5 потврдуваат дека разговорите и консултациите се во тек, а повторуваат оти „здравството“ е во личен фокус на Премиерот.

„Во врска со Вашето прашање Ви посочуваме дека здравството како ресор е еден од врвните приоритети и личен фокус на претседателот на Владатa.

Штом завршат разговорите по прашањето што е предмет на Ваш интерес навремено и транспарентно ќе ги соопштиме деталите за јавноста.“

Иако не е лекар, Азир Алиу е најдобар предлог за Министер за здравство бидејќи е добар менаџер, смета вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити. Според него, Алиу добро го познава системот и може да придонесе за подобро управување на здравствениот сектор, а досега не сите министри за здравство биле доктори по медицина.

...Тој е доктор по информатички науки, дали мислите дека добро ќе се справи со таа позиција? Не мора, министер треба да биде добар менаџер....

Откако ќе има конечна одлука и предлогот ќе се достави до Собранието, на првата наредна седница ќе се стави на дневен ред, вели Претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши.

„Како што знаете, и по Закон и по Деловник, предлогот доаѓа од Владата. Премиерот треба да предложи нов министер. Кога ќе дојде на дневен ред предлогот, тој предлог веднаш во Собранието ќе биде доставен до сите пратеници и ќе ја ставиме на првата наредна седница...

Инаку, сметајќи од 2006 година наваму, во Министерството за здравство имало дури девет смени на министри, а сега на ред треба да дојде десеттиот, откако Арбен Таравари објави дека заминува во опозиција. Во последниве дваесетина години најдолг мандат како министер имаше Никола Тодоров, кој беше единствениот што раководеше со секторот здравство, а по професија не е лекар. Доколку биде избран Алиу ќе биде вториот....Тој по професија е доктор по информатички науки од скопскиот УКИМ. Претходно од февруари 2023 до февруари 2024 година како кадар на Алијансата за Албанците беше министер за информатичко општество, а по превирањата во партијата одлучи заедно со вицепремиерот Арбен Фетаи да остане дел од Владата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

Вечерва од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго.

За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври.

Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје.

Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија.

Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност.

Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале.

Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат.

Да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

По завршување на увидот предвидено е премиерот да даде изјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Вечерва  со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Апел до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер