Азир Алиу објави дека останува во ВРЕДИ - Канал 5

Азир Алиу објави дека останува во ВРЕДИ

Ексминистерот од Алијанса, Азир Алиу, објави дека останува во ВРЕДИ.

Азир Алиу објави дека останува во ВРЕДИ

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација од редовите на Алијанса за Албанците, Азир Алиу, го поддржа Арбен Таравари за време на конфликтот со Зијадин Села, но сега објави дека нема да ја почитува одлуката на Таравари да премине во опозиција, туку одлучил да остане дел од ВРЕДИ.

„Јас верувам дека определбата за промена во општеството не се напушта при првиот отпор – туку се гради со уште повеќе работа! Со голема почит кон претседателот на партијата и неговото право на политичка проценка, чувствувам должност јавно да кажам дека јас ќе продолжам да бидам дел од процесот што го започнавме сите заедно во ВРЕДИ и во оваа Влада.

Владата што првпат сериозно ги отвори институциите и почна системски да се бави со работите, почна пресметка со корупцијата и криминалот и го подигна гласот против заробената држава на веќе познтите корумпирани структури во ДУИ. Можеби не сме совршени. Но, никој не може да каже дека ВРЕДИ и оваа коалиција не донесоа нова динамика, нова надеж и вистински притисок за структурни промени.

Сметам дека излегувањето во овој момент – без јасен план, дава можност за индиректно рехабилитирање и „лечење“ на старите ДУИ структури и нивните несмасни наративи – а тоа е чекор што јас не го делам, бидејќи верувам дека секој еден млад Албанец, интелектуалец, заслужува поразлична политичка опција – авангарда која сака поразлична иднина од досега, одбира победа за надежта, за ставање на паметните и вредните, а не багабонтите, на пиедесталот на општеството“, напиша Алиу на фејсбук.

Инаку, тој беше во друштво на вицепремиерот Арбен Фетаи за време на денешната посета на Косово, каде се сретнаа со косовскиот премиер Албин Курти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мерц и Зеленски во Киев оддадоа почит на загинатите украински бранители

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска во Киев им оддадоа почит на загинатите украински бранители.

Мерц и Зеленски во Киев оддадоа почит на загинатите украински бранители

„Ние го цениме почитувањето кон нашите војници и солидарноста со украинскиот народ. Важно е што во овој тежок момент Германија е со нас – во поддршка и во сеќавање. Вечна почит кон сите бранители на украина кои ги дадоа своите животи за доброто на Украина и цела Европа“, објави Зеленски на телеграм, пренесува Укринформ.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги прекине нападите врз Украина.

-„Господине Путин, запрете ја оваа. Бесмислена војна! Подготвени сме за преговори, подготвени сме да разговараме за нејзино прекинување. Но, овие варварски напади врз цивилното население на Украина мора да престанат“, изјавил Мерц.Тој и Зеленски ја посетија националната академија на науките во Киев, која беше погодена во напад со дрон во понеделникот.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Есенска дератизација во Општина Аеродром

Есенска дератизација деновиве се спроведува на целата територија на Општина Аеродром, со цел уништување на глодачите и заштита на здравјето на населението.

Есенска дератизација во Општина Аеродром

Опфатени се 3.000 шахти, во кои се поставуваат 9.000 мамци, како и во сите основни училишта и градинки на територијата на општината.

Есенската и пролетната дератизација се важна превентивна мерка за заштита на населението од појава и ширење на болести што ги пренесуваат глодачите и се спроведуваат во соработка со Центарот за јавно здравје - Скопје.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме!

Продолжува отчетот пред граѓаните.

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме!

По средбите и разговорите низ Македонија, денес Движењето ЗНАМ – За наша Македонија го продолжи отчетот под мотото “Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија” во Гостивар, каде пред граѓаните беа презентирани резултатите од досегашната работа.

Пред гостиварчани, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски говореше за конкретните резултати од капиталните проекти, зголемувањето на платите и економскиот стандард, но и за едно од најважните прашања за македонската држава, европската интеграција.

Во однос на капиталните инвестиции, Димитриевски посочи дека отчетот најдобро се мери преку конкретните проекти што се реализираат низ општините и кои директно го подобруваат секојдневието на граѓаните.

„Кога зборуваме за резултати, зборуваме за нешто што граѓаните можат да го видат и почувствуваат. Во изминатиот период поддржани се повеќе од 1.200 проекти во општините, од кои дел веќе се завршени, а дел се во реализација. Тоа се улици, водоводи, канализации, училишта, спортски објекти и друга инфраструктура. Но, зад секој од овие проекти стои нешто многу поважно, подобар услов за живот, подобра услуга и нова можност за развој на секоја општина.“ порача Димитриевски.

Димитриевски во своето обраќање се осврна и на мерките за подобрување на животниот стандард, нагласувајќи дека растот на економијата мора да се почувствува директно кај граѓаните.

„Работиме на зголемување на платите во јавниот сектор, од административните службеници, преку вработените во образованието и здравството, до припадниците на безбедносниот сектор. Со потпишаните колективни договори и постепеното зголемување на платите, вложуваме во луѓето и во вреднувањето на нивниот труд. Подобриот стандард мора да биде резултат што граѓаните ќе го почувствуваат“ порача Димитриевски.

Говорејќи за европската интеграција и односите со Република Бугарија, Димитриевски порача дека Македонија има јасна европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура, нагласувајќи дека ставот што ЗНАМ го застапува од своето основање денес е и став на Владата и државна позиција на Македонија.

Тој нагласи дека ЗНАМ ја поддржува иницијативата за средба и разговор со бугарската страна, но дека Македонија повеќе нема да дозволи билатералните прашања да се претвораат во услови за нејзината европска иднина.

„Ние сме за разговор, за средба и за добрососедски односи со Бугарија. Но, да бидеме јасни, за идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ нема да преговараме. Претходната власт дозволи едно билатерално прашање да биде внесено во европскиот процес и од билатерален проблем да стане европско прашање. Денес поради таквите одлуки сите ја плаќаме цената. Ние нема да ја повторуваме таа грешка. Македонија ќе оди кон Европската Унија, но во Европа ќе влеземе како Македонци, со македонски јазик, македонска култура и сопствен национален идентитет“ порача Димитриевски.

На панел-дискусијата свои обраќања имаа и пратеникот Павле Арсовски, кој говореше за актуелните политички процеси и работата во Собранието, поранешниот министер за правда Игор Филков, кој се осврна на реформите во правосудството и владеењето на правото, како и заменик-министерот за дигитална трансформација Радислав Настасијевиќ Варџиски, кој говореше за процесите и реформите во дигиталната трансформација на јавните услуги.

Движењето ЗНАМ продолжува со отчетот пред граѓаните низ Македонија, со порака дека резултатите мора да бидат видливи во секој град и секое населено место, затоа што Македонија не се гради само со зборови и ветувања, туку со работа што останува зад нас и со дела што граѓаните ги чувствуваат во својот секојдневен живот.

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер