Азески: Секој раст поголем од претходната година е успех - Канал 5

Азески: Секој раст поголем од претходната година е успех

Стопанската комора на Македонија ќе ја поддржи секоја иницијатива која води кон повисок животен стандард, со обезбедени девизни резерви и изграден модел на економски раст, истакна денеска претседателот Бранко Азески.

Азески: Секој раст поголем од претходната година е успех

Прашан за коментар за изјавата на премиерот дека македонската економија бележи раст од 3,4 отсто и оти државата е лидер во регионот, нагласи дека секогаш треба да се движиме кон некаква цел, која е повисока од претходната.

- Нас ни е потребна цел, таа цел ја гледам во раст на бруто домашниот производ затоа што нема други индикатори кои ќе прикажат дека има плаформа и има цел кон која се движиш. Јас верувам и сум верувал цел живот во три работи: да имаш јасна цел пред себе, луѓе што можат тоа да го остварат зад тебе и да имаш пари. Без тие работи неможе напред да се оди, рече Азески.

Тоа, според него, ја мобилизира целата економија да се движиме кон некаква цел која е повисока од претходната, ќе значи одговорност за кажаното и кое ќе те стимулира да го правиш тоа, но ќе ги стимулира и сите странично да го прават и да ги доведе на една платформа на развој.

- Една држава може да постои и опстои само ако обезбеди иднина за своите генерации, а таа иднина се обезбедува со повисок животен стандард, со обезбедени девизни резерви и со изграден модел на економски раст. Ние ќе поддржиме секаква иницијатива која води во тој правец. Знаеме што значи д анаправиш таков раст и дека е потребен деловен амбиент, услови во регионот каде нема да ѕвечка оружјето, туку ќе бидат поставени на ниво на конкурентска борба на стоки и услуги на меѓународниот пазар. И сакаме да го оставриме тоа на тој начин. Сите влади да делуваат во функција на остварување на предвидлив деловен амбиент и избегнување на секакви конфликти кои ја уништуваат економијата, додаде Азески.

Подвлече дека остануваат на општите принципи и оти секој раст поголем од претходната година е успех и за Комората и за компаниите и за секоја влада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гости изеле околу 50.000 мравки- ресторанот во Сеул е казнет поради служење забранет десерт

Јужнокорејски суд казни еден од најпознатите ресторани во Сеул за служење десерт украсен со мравки, бидејќи локалните закони за безбедност на храната не дозволуваат консумирање на инсектите.

Гости изеле околу 50.000 мравки- ресторанот во Сеул е казнет поради служење забранет десерт

Менаџерот на ресторанот „Евет“, награден со две Мишелин ѕвездички, беше казнет со 5.400 фунти, додека извршниот директор на ресторанот беше казнет со 8.000 фунти, објави „Гардијан“.

Судијата од Сеул, Ли Се-чанг, рече дека прекршокот не е тривијален бидејќи нивоата на тешки метали кај мравките биле над законската граница. Тој рече дека го зел предвид фактот дека обвинетите се изјасниле за виновни за кривичното дело и немале претходни пресуди.

Само 10 видови инсекти се одобрени како состојки за храна во Јужна Кореја, вклучувајќи скакулци, црви и свилени буби. Министерството започна истрага откако забележа споменувања на јадења со мравки во објавите и на социјалните мрежи.

Обвинителството соопшти дека ресторанот увезувал сушени мравки од САД и Тајланд по пошта од април 2021 година. Се проценува дека десертот им бил послужен на 12.274 гости, користејќи 49.096 мравки, генерирајќи вкупен приход од околу 65.000 фунти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е бегалец од затворот Идризово- бил осуден на 12 години и 8 месеци затвор

Лишен од слобода бегалец од затвор во Гостивар.

Уапсен е бегалец од затворот Идризово- бил осуден на 12 години и 8 месеци затвор

Денеска (17.09.2026) во Гостивар, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги, Отсек за потрага по цел, во содејство со полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар, го лишиле од слобода Е.А. (42) од Гостивар, кој бил во бегство од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“.

Е.А. бил осуден на казна затвор во траење од 12 години и осум месеци за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ согласно член 215 и „кражба“ согласно член 236 од Кривичниот законик.

По лишувањето од слобода, лицето е предадено во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ за издржување на изречената казна затвор, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ: Седница на Централното претседателство за одлуката на Специјализираните совети на Косово

Денес, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, одржа седница на Претседателството на Генералниот совет, односно на Централното претседателство на ДУИ.

ДУИ: Седница на Централното претседателство за одлуката на Специјализираните совети на Косово

Денес, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, одржа седница на Претседателството на Генералниот совет, односно на Централното претседателство на ДУИ, на која се дискутираше за актуелните политички случувања во земјата, како и за зајакнување на структурните и организациските капацитети во рамките на Демократската унија за интеграција.

Посебен фокус во дискусијата беше ставен и на одлуката на Специјализираните совети на Косово во Хаг од 16 септември 2026 година. Централното претседателство оцени дека:

Во овие моменти, кога вниманието на Албанците е насочено кон Хаг и кон одлуката во однос на припадниците на ОВК, важно е да се потсетиме како започна овој процес, врз какви тврдења беше заснован и што остана од нив по сите овие години.

Процесот што доведе до формирањето на Специјализираните совети доби поттик од извештајот на Дик Марти и од тешките тврдења за трговија со човечки органи. Но, по сите овие години истраги и судски процес, ниту едно од тие тврдења, поради кои беше формиран овој суд, не беше докажано, а во недостиг на факти беше конструиран процес против Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Сељими.

Војната на ОВК беше војна за ослободување и слобода на Косово. Историјата на оваа војна и жртвата на еден народ за слобода не можат да бидат судени преку конструиран судски процес.

Протестите организирани по објавувањето на пресудата претставуваат легитимна форма на граѓанско изразување во едно демократско општество. Не постои демократска држава во светот, ниту демократски устав, што го забранува правото на протест. Граѓаните имаат право своите ставови и незадоволство да ги изразуваат преку мирни и ненасилни протести.

Да не дозволиме историјата на ослободителната војна на Косово да биде искривена, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер