НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
2НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
АвтомобилизамАвтоувозниците го поддржаа новиот закон за данок на моторни возила Електричните возила ќе бидат изземени од обврската за плаќање данок. За останатите категории на возила ќе биде подготвена посебна методологија за пресметка на данокот при увоз каде ќе се земе предвид и емисијата на јаглероден диоксид што ја испушта возилото. Ова е предвидено со новиот закон за данок на моторни возила што го подготви Царинската управа, а кој вчера беше презентиран пред импортерите на моторни возила. Во законот се предлага возилата за достава од типот „ван" и комби возилата кои спаѓаат во категоријата на товарни возила и се наменети за превоз на стоки да се изземат од плаќање на данок на моторни возила. Патничките комби возила за превоз на осум или девет патници, амбулантните возила, возилата за превоз на починати лица и кампер возила исто така се изземени од обврската за плаќање данок или е предвиден поврат на дел од платениот данок за моторни возила. За останатите категории возила, како што денеска соопшти Царинската управа, е подготвена посебна методологија за пресметка на данокот при увоз при што ќе се зема предвид и емисијата на јаглерод диоксид што ја испушта возилото. Начинот на пресметка ќе биде преточен во посебна уредба што ќе ја донесе Владата. Според новата методологија, еколошките возила кои се и технолошки понови добиваат бенефит во рамки на одданочувањето наспроти возилата со иста вредност, кои се технолошки постари и се со повисоки емисии на јаглерод диоксид. Заради усогласување со препораките и праксата во повеќето земји на ЕУ, воведени се нови категории возила кои се предмет на даночење, мотоцикли и скутери со зафатнина над 50 кибни сантиметри, четирицикли или „АТВ", „пик-ап" возила. На вчерашната средба, како што велат од Царинската управа, новиот Предлог-закон бил поддржан од увозниците на нови возила. Според податоците на Царинската управа, минатата година биле увезени 37.000 возила. Од нив, 88 отсто биле стари употребувани возила, а речиси 90 проценти биле дизел возила. Царинската управа најавува слични средби и со увозниците на стари возила и невладините организации кои делуваат во насока на заштита на животната средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЏип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинатиНајмалку три лица загинаа, а тројца други се сериозно повредени откако џип влета во група пешаци во населбата Норт Холивуд во Лос Анџелес, пренесува Ројтерс. Инцидентот се случил нешто пред 18:00 часот по локално време. Полицијата сè уште работи на утврдување на точните околности – конкретно, дали возачот намерно удрил во луѓето или станува збор за несреќен случај. „Мораме точно да утврдиме што се случило и што довело до оваа трагедија“, изјави Кетрин Барџер, членка на Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес. „Ќе ја следам истрагата и ќе барам дополнителни информации како што ќе излегуваат на виделина нови факти“, додаде таа. At least three people are dead after a car crashed into a food stand near a North Hollywood bus stop on Tuesday night. LAFD says three people were pronounced dead and three others were taken to a nearby hospital in critical condition. Breaking details in our bio. https://t.co/hOCLnAhBKQ — CBS LA (@CBSLosAngeles) November 11, 2026 Според претставници на полицијата и противпожарната служба во Лос Анџелес, три лица загинале на самото место, додека двајца пешаци и возачот на теренско возило биле пренесени во болница. Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека теренско возило излетало на тротоарот и удрило во група улични продавачи и минувачи. Таа додаде дека службите за итни случаи се на терен и дека нејзиниот кабинет соработува со надлежните градски служби. „Срцето ми се крши за семејствата на сите погодени“, напиша таа на платформата X, додавајќи дека ќе сподели дополнителни информации штом ќе станат достапни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонесиНародната банка продолжува со постепено олеснување на условите за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Со најновата измена на Решението за администрација се овозможува исплата на плати, заедно со уплата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Оваа можност се однесува на компаниите за кои исплатата на плати преку „АЛТА банка“ АД Битола претставува воспоставена практика, односно кои континуирано ја користеле Банката за оваа намена и во трите месеци пред донесувањето на одлуката. Исто така, износот на средствата кои може да се користат од платежната сметка на фирмата во „АЛТА банка“ за исплата на платите може да биде повисок до 5% во однос на вкупниот износ на платите исплатени во октомври. На овој начин се овозможува продолжување на постојните текови на исплата и исполнување на обврските кон вработените и државата, а истовремено се задржува контролата врз одливите на средства од Банката. Со измената се овозможува и физичките лица во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат без ограничување на износот да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа. Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти. Притоа, приоритет остануваат заштитата на интересите на клиентите и постепеното олеснување на ограничувањата, со задржување на соодветната контрола врз одливите на средства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРепубликанците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец. Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски. Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива. Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook