Народната банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“ – првата аукција на 30 ноември
1Народната банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“ – првата аукција на 30 ноември
ЖивотАвторитетот е во мустаќите!Мажите носеле мустаќи од разни причини, меѓу кои и таа дека на мажите со мустаќи повеќе им се верува, до тоа дека се помажевни и, многу значајната, дека со мустаќи се далеку поавторитетни.Мустаќите на овие наши балкански простори се национален симбол на културата на минатите времиња, традиција и наследство од татко на син, од дедо на внук. Се тврдело дека се дел од идентитетот, секогаш резервирани како обележје на машкост и јунаштво и со нив се гордееле сите мажи кои што држеле до себе, до својот углед, име и чест и до угледот на својата фамилија. Мустаќите биле обележје на многу македонски револуционери и борци. Стојан Белевски од село Сопиште, Скопско бил еден од ретките меѓу своите кој отворено се гордеел со своите долги негувани мустаќи суканици што ги терал нагоре. Немало ни приближно убави како неговите. Знаел дека со таквиот став го привлекува вниманието на Османлиите, но млад и правдољубив, бунтовен и храбар, бил сигурен дека нема никому, па макар и власт да е, да му дозволи збор на страна да му кажат за мустаќите. - Но, од Цариград стасала објава за закон според кој каурите не смееле да ги носат мустаќите нагоре, како што ги терал прадедо ми, ниту мустаќот да биде подолг од крајот на устата, токму таков каков што не бил неговиот, ја раскажува вистинската приказна за таткото на својата мајка, правнукот Зоран Николовски. Набргу, бегот лично го опоменал со наредба да ги врами мустаќите според законот, но Стојан немал абер да го послуша. Кога бегот сфатил дека за него не важи зборот, му се заканил дека лично ќе му ги искуби влакно по влакно, само ако следниот пат го види како се перчи со долгите мустаќи нагоре. - Така и било. Дали било Спасовден или Велигден, не знам, кога го видел на веселбата сред село, пред сите, бегот го построил Стојан и пуштил рака да му ги кубе мустаќите. Наместо мустаќи, бегот пред сите добил ќотек, и во метежот од стаписан народ, дошол дома, ја зел татковата пушка и станал комита, раскажува Николовски. Го немало со години, војувал со востаниците низ Македонија. Се вратил со четите комити кога го нападнале крајот, со истите, а можеби и со поубави мустаќи од некогашните. Проживеал над сто години, починал 1969 година, и останал до денес запаметен по нив и по својата одлучност и истрајност да не дозволи влакно од нив, од неговата машкост да фали. Во чест на својот татко неговиот син, Јордан Анчевски ја продолжил традицијата на долги убави и нависко засукани мустаќи. Авторитет во мустаќите Ако се погледне наназад, пред ноември да стане единствениот месец посветен на мажите со мустаќи и светска кампања во заштита на нивното здравје од болестите што ги напаѓаат, мустаќите беа модерни некаде до половината на минатиот век, кога европските трендови, политичката и културната еманципација ги стави на маргините. Мажите носеа мустаќи од разни причини, меѓу кои и таа дека на мажите со мустаќи повеќе им се верува, до тоа дека се помажевни и, многу значајната, дека со мустаќи се далеку поавторитетни. Денеска, ваквите мислења се напуштаат, но не целосно и носењето мустаќи. Некои го делат мислењето дека мустаќите, како и брадата, се украс на лицето кој на убавите мажи им ја истакнува атрактивноста, а на помалку привлечните им помага да ги скријат одредените недостатоци. За многумина и натаму важи легендарната изрека „маж без мустаќи не е маж“, затоа што сметаат дека мустаќите им се дадени од бога, дека тие се раѓаат со мустаќи кои во одреден период се скриени, а никнуваат и се формираат кога им се најпотребни, во нивната полна зрелост, па оттука се израз на нивната мажевност. Позрелите мажи мислат дека мустаќите се украс кој им дава доза на сериозност и сексапилност, па имаат поголемо влијание кај жените. Други и натаму (не)пуштањето мустаќи го сведуваат само на моден тренд, ист, како, на пример, бричењето на главата, но и на сосем личен стил и имиџ. Иако од одредени движења се сведува на реликт на минатото време и зависи од културата, религијата и уредувањето во една земја, факт е, мустаќите никогаш не застареле како мода. Во поново време тие стануваат и вносен бизнис. Имено, во Турција и во земјите на Блискиот Исток, е хит и растечки тренд трансплантацијата на мустаќи. За сума од 2.000 евра во една од 250. клиники во Инстанбул може да се имаат мустаќите што се посакуваат. Многу значајно за мажите за кои мустаќите се израз на машкост, зрелост и моќ. И, секако, продолжување на вековната традиција. Токму за нејзината сила во јавноста проговори извесен Беноа Флиш, антрополог на Францускиот институт за турски јазик и книжевност во Истанбул. Според негово тврдење „густи жбунести мустаќи, налик на оние на Сталин, носат левичарите или припадници на Курдите, тенки мустаќи како на премиерот Ердоган, обично имаат конзервативците, додека засукани мустаќи најмногу сакаат претставниците на десничарите“. А, најчестите причини поради кои мустаќите се на цена, за младите кои водат фирми во странство, а немаат мустаќи поради што не ги сфаќаат сериозно, пресадувањето мустаќи значи добивање сериозен изглед за стекнување поголема доверба кај партнерите, а кај другите, мустаќите се симбол на турската моќ и поистоветување со предците, турските Османлии кои ги носеле. Симболиката и стил Етимологијата на зборот „мустаќи“ е француска со латинска основа од осмиот век. Значи „горна усна“ или „лицето коса“. Историски, бричењето со жилет од камен технички било можно уште во времето на неолитот, но најстариот цел портрет кој покажува човек што бричи мустаќи е антички Иранец, Скитски коњаник од 300. година пред нашата ера. Низ епохите, различните култури развиле различна симболика за мустаќите. На пример, во многу Арапски земји во 20 век, мустаќите стануваат асоцијација на моќ, а брадата се поистоветува со исламскиот традиционализам. И обратно, нивното кубење или бричење се смета за најголема казна и големо понижување.. Паралелно, со растењето на мустаќите се развиле и различни стилови на нивно обликување, вртени нагоре или надолу, побујни или поретки што, исто така, имало конкретно значење и порака. Со текот на времето, а најмногу како резултат на личностите кои ги промовирале своите специфично обликувани мустаќи, се создале „Дали“ стил мустаќи, „Англиски“ мустаќи, „Фу Манчу“ мустаќи, потоа „Кормило“, „Потковица“, „Молив“, „Империјал“, „Мексикански“, „Заби“, „Природен“ стил мустаќи... Секој за себе доминирал во одредени временски периоди, а некои од нив и денес се актуелни. За мажите кои ги носеле, било јасно дека се ексцентрици и бунтовници на кои не им е важно што мислат другите за нив. Еден од нив бил прочуениот шпански сликар надреалист, Салвадор Дали. Неговите мустаќи се прогласени за најдобри мустаќи во историјата. Дали всушност имал мустаќи по угледот на шпанскиот сликар Диего Веласкез. До каде одела неговата екцентричност говори тоа што тврдел дека мустаќите му служат како антени за комунакција со вонземјаните. Иконата на немиот филм, Чарли Чаплин, пак, остана запаметен по своите мустаќи познати како четкичка за заби. Самиот Чаплин ги додал на својот лик за да му го прикријат изразот на лицето, но и како надополнување на неговата комична улога. И додека мустаќите на Чаплин измамуваа(т) широки насмевки, мустачињата на Адолф Хитлер станаа симбол на нацизмот. Пред 1918 година Хитлер имал сосем поинакви мустаќи кои ги обликувал како подоцнежните само затоа што му пречеле при носењето гас-маска. Ова од своја страна придонесе за отворање на еден своевиден универзален натпревар меѓу луѓето од различните култури и вери за најипресивни мустаќи. Забележано е дека најдолгите мустаќи во историјата на човештвото, дури 4,29 метри, му припаѓале на Рам Чин Раухан од Индија. / за МИА - Кети МицковскаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНародната банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“ – првата аукција на 30 ноемвриВо насока на изнаоѓање нов сопственик и создавање услови за натамошно стабилно работење на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка ја објави постапката за продажба на доминантниот акционерски пакет во Банката. Станува збор за 372.742 обични акции, односно 95,336% од вкупниот број акции, во сопственост на „Алта банка“ АД Белград – во стечај. Продажбата ќе се спроведе преку Македонската берза на хартии од вредност, по моделот „сè или ништо“, што значи дека се продава целиот понуден акционерски пакет, без можност за купување само на дел од акциите. Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември 2026 година. Почетната цена е утврдена врз основа на тековната берзанска цена и изнесува 3.777 денари по акција. Доколку акциите не бидат продадени на првата аукција, следните аукции ќе се одржуваат последователно, на 1, 2, 3, 4 и 7 декември 2026 година. На секоја наредна аукција почетната цена ќе биде намалена за 10% во однос на почетната цена на претходната аукција. Заинтересираните инвеститори треба најдоцна до 19 ноември 2026 година да достават барање до Народната банка за добивање претходна согласност за стекнување квалификувано учество во Банката, како и писмена изјава дека ќе ги уплатат средствата потребни за купување на акциите. На аукциите ќе можат да учествуваат лицата што ги исполнуваат законските услови. Постапката е дел од активностите насочени кон обезбедување нов сопственик на Банката, создавање услови за нејзино натамошно работење и зачувување на интересите на штедачите и останатите клиенти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСобранието ја продолжува расправата за буџетот за 2027 годинаСобраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата за предлог-буџетот за 2027 година, по кој се поднесени над 300 амандмани.Владата планира приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска очекува економски раст од 3,8 проценти во 2027 година. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека буџетот обезбедува финансиска стабилност и средства за инфраструктурни проекти.СДСМ, пак, ги оспорува економските проекции и предупредува дека задолжувањето не го подобрило животниот стандард.Опозицијата ги критикува и поскапувањата на енергијата и отсуството на зголемување на минималната плата. Расправата може да трае до десет дена, од кои шест се предвидени за разгледување на амандманите. По завршувањето на комисиската расправа, буџетот ќе продолжи во собраниска процедура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски: Ограничувањата на „Старшилд“ ја отежнуваат одбраната на Украина од руските нападиУкраинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека ограничената брзина на американскиот сателитски систем „Старшилд“ ја отежнува одбраната на Украина од руските напади.Тој побара од САД и компанијата на Илон Маск да ги укинат ограничувањата, нагласувајќи дека од тоа зависи заштитата на животите и енергетската инфраструктура пред зимата. Проблемот со брзината на системот, кој го развива „Спејс Икс“, трае веќе неколку недели. Украина го користи „Старлинк“ за комуникација на бојното поле, додека „Старшилд“ е наменет за воени потреби, вклучително и заштита од ракети и беспилотни летала.Ограничувањата првпат беа забележани во октомври, по што следуваа спротивставени изјави од Илон Маск и американскиот претседател Доналд Трамп. Маск тврдеше дека одговорноста е на американската влада, бидејќи таа управува со системот, додека Трамп негираше дека Вашингтон е одговорен. Зеленски побара украинските власти да соработуваат што поблиску со американската администрација и компанијата на Маск за надминување на проблемот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter