3Прес-конференција на директорите на БЈБ и АНБ: Разоткриена иранска прокси мрежа инволвирана во планирање на терористички напад
МакедонијаАвтопатот Прилеп-Битола интензивно се гради и е голем бенефит за 200.000 жители од Пелагониско Интензивно се работи на израдбата на автопатот Прилеп-Битола. Не може конкретно да се каже дали ќе биде готов до предвидениот рок, 2027 година, но недвосмилено ќе донесе голем бенефит за околу 200.000 жители од Пелагонискиот регион. Ова беше нагласено на денешниот теренски увид на работите на автопатот кој е од коридорот 10 на тројцата градоначалници, на Прилеп, Битола и на општина Могила. Според Џош Бејкер, проектен менаџер на „Бехтел и Енка“ во моментов се работи на 10 километри од вкупно 41 километар колку што е автопатот. -Се работи на фронтови кои се шират кон Прилеп и кон Битола. Нашето проектно семејство во оваа Секција 4 брои 600 луѓе при што повеќе од 55% од тимот доаѓа од локалните заедници. Во моментов имаме 350 вработени од локалните заедници и што повеќе вработиме луѓе од локаните заедници тоа подобро. Ве молам контактирајте не сите кои сакате да работите со нас имаме многу отворени позиции, од инжинери, финансии, работници кои работат со бетон, возачи, изјави Бејкер. Автопатот опфаќа 10 мостови, 16 надвозници и 6 подвозници. Од компанијата истакнаа дека им требаат уште околу 400 работници кои не би сакале да ги увезуваат туку да вратат луѓе од локалните заедници. Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески смета дека автопатот ќе обезбеди побрз пристап помеѓу селата и гардовите и побезбеден пристап до Индустриските зони. Според градоначалниците на Прилеп, Битола и Могила, овој автопат ќе донесе поголем економски развој на рагионот и стопирање на миграцијата младите. -Со реализирање на овој проект ние не добиваме само патна инфраструктура, туку навистина еден посигурен, побезбеден пат, автопат кој ќе гарантира за безбедноста и во сообраќајот и за нашите животи. Посетители, туристи, културен и економски развој, нешто кое навистина ќе нѐ изедначи во условите во европските инфраструктури, истакна Јовчески. Околу 80 насто од експропријацијата е решена, а интензивно е вклучен и битолскиот музеј за прашањето на археолошките локалитети. -Сега има исклучителна можност за натамошен развој во делот на стопанството, економијата, туризмот, протокот на луѓе и стоки. Тука, на 15-тина километри од Битола е и Грција, наш европски сосед и ако на ова се надоврзе она што ЈПДП го планира, од петљата кај Могила со некои 17 километри нов спој со границата со Грција, тоа уште повеќе ја зголемува вредноста на овој автопат. Ако на ова се надоврзе и делницата од 24 километри од Градско до Фариш, нова перспектива за регионот, огромен развој, останување на младите луѓе и на стопанството, како и проширување, ја имаме индустриската зона Жабени во Битола, вие ТИРЗ-от, рече битолскиот градоначалник Тони Коњановски. Голем бенефит од автопатот ќе има и општина Могила, посебно во земјоделството, трговијата. -За Могила, на само 5 километри од првата клучка имаме индустриска зона која веќе 80 проценти е распродадена, почнува да се развива самата зона. Тоа е еден импакт за економскиот развој и ние како мала општина, рурална пред се, нашето население се занимава со земјоделие, тука е и самата трговија од производството на земјоделие, така да мислам општина Могила од овој автопат ќе имаме доста бенефит, истакна Драганчо Саботкоски, градоначалник на општина Могила. Со изградбата на експресниот пат Градско-Фариш, како и овој автопат Прилеп-Битола, Пелагонија полека започнува инфраструктурно да се развива и да го губи лошиот епитет на „слепо црево“ кој го имаше со децении.Тагови: Прилеп-Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРубио повторно вети дека САД ќе ги заштитуваат сојузниците- иранските напади стигнаа до Бахреин Американскиот државен секретар Марко Рубио ги осуди нападите на Иран врз Бахреин за време на телефонскиот разговор со министерот за надворешни работи на Бахреин, Абдулатиф бин Рашид ал-Зајани, соопшти Стејт департментот во понеделник.„Државниот секретар ги осуди нападите на Иран врз Бахреин и ја потврди посветеноста на Соединетите Американски Држави на безбедноста на Бахреин и сите наши партнери во Заливот“, се вели во соопштението, според Ројтерс. Иран лансираше беспилотни летала врз американските бази во Бахреин во неделата, додека Бахреин соопшти дека пресретнал и уништил неколку ирански воздушни напади. Ова беше прв пат од септември воздушната одбрана на Бахреин да пресретне ирански напади. Корпусот на Исламската револуционерна гарда соопшти дека нападнала американска воена база во Бахреин со шест беспилотни летала, според иранската новинска агенција Фарс, како одговор на „непријателските американски акции“. Два дена претходно, гардата тврдеше дека нападнала американски радарски објект за рано предупредување во земјата. Американската војска го негираше ова, наведувајќи дека пресретнала два ирански беспилотни летала и дека не е предизвикана никаква штета. Бахреин има статус на главен сојузник на САД кој не е член на НАТО. Конфликтот со Иран започна на 28 февруари, кога САД и Израел ја нападнаа земјата, на што Техеран одговори со напади врз Израел и земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американски воени бази.Тагови: Бахреин Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
МакедонијаБлагодарница за министерот Ристовски за поддршката и придонесот во одржувањето на Скопскиот маратонМинистерството за спорт е покровител и еден од најголемите поддржувачи на Скопскиот маратон, препознавајќи го неговото значење не само како врвен спортски настан, туку и како значаен промотор на Скопје и Македонија на меѓународната спортска сцена.Во име на организаторите на Скопскиот маратон, генералниот секретар на Сојузот на спортови на Скопје, Гордана Кузмановска Николовска денеска му врачи благодарница на министерот за спорт, Борко Ристовски, како признание за неговата посветеност, поддршка и заложба за континуирано одржување на оваа традиционална спортска манифестација. Министерството за спорт е покровител и еден од најголемите поддржувачи на Скопскиот маратон, препознавајќи го неговото значење не само како врвен спортски настан, туку и како значаен промотор на Скопје и Македонија на меѓународната спортска сцена. Министерот Ристовски изрази благодарност за доделеното признание, нагласувајќи дека поддршката за Скопскиот маратон претставува дел од определбата на Министерството за спорт да ги поддржува спортските манифестации кои придонесуваат за развојот и афирмацијата на спортот, поттикнуваат здрави животни навики и ја промовираат државата. „Скопскиот маратон е многу повеќе од спортски настан. Тој е симбол на истрајноста, спортскиот дух и заедништвото, но и значаен начин за промоција на Скопје и Македонија. Ова признание го прифаќам како признание за заедничката посветеност и поддршка на сите кои придонесуваат за неговото успешно одржување. Министерството за спорт и во иднина ќе продолжи да дава силна поддршка на овој настан и на сите иницијативи кои го приближуваат спортот до граѓаните и значат промоција на државата“ - истакна министерот Борко Ристовски. Министерството за спорт останува посветено на поддршката на спортските настани кои имаат долгорочно значење за развојот на спортската култура, масовноста и меѓународната афирмација на македонскиот спорт. Министерство за спортТагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
МакедонијаПрес-конференција на директорите на БЈБ и АНБ: Разоткриена иранска прокси мрежа инволвирана во планирање на терористички нападПрес конференција на директорот на БЈБ Александар Јанев и директорот на АНБ Бојан Христовски.Агенцијата за национална безбедност континуирано ги следи состојбите поврзани со глобалните безбедносни закани и предизвици со кои се соочува Европа и регионот во изминатиот период. Од почетокот на 2026 година Агенцијата во соработка со грчката национална разузнавачка агенција и други партнерски служби, но и во координација со МВР-БЈБ на национално ниво преземаше активности за разоткривање на намери и планови на лица надоврзани на странски/ирански фактори, за извршување на терористички акти. Во таа насока Агенцијата презеде сет од оперативно-технички и аналитички активности со цел разоткривање на прокси мрежа од земјава, надоврзана на иранскиот државјанин Edris Jahangiri Mavaneh, издиференциран како лице поврзано со други прокси актери на иранските безбедносно-разузнавачки служби, вклучително и негова поврзаност со нарко босот Naji Sharifi Zindashti. Во однос на македонската мрежа, станува збор за лица етаблирани во криминални структури во земјава, кои по директни насоки на иранскиот државјанин преземаа подготвителни логистички активности за извршување на терористички акт/атентат врз лице во Грција. Во координација и размена со странски партнерски служби беше разоткриен нивниот modus operandi, за одржување на конспиративни средби на територија на трети земји, вклучително и Иран, при што беа потврдени конекциите со иранскиот државјанин, кој е главен носител на планираната терористичка акција. Информациите укажуваат дека станува збор за лице кое има широка мрежа на прокси актери и контакти со лице од висок интерес за безбедносните служби, односно истиот е соработник на иранските безбедносно-разузнавачки служби. Ваквите конекции, како и фактот дека изминатиот период повеќе земји се соочија со терористички закани и напади од страна на ирански прокси актери, е во корелација со обидите на иранските разузнавачки служби за нивно затскривање преку криминални прокси мрежи во трети земји, вклучително и Македонија. Агенцијата во рамките на своите надлежности останува фокусирана кон зачувување на националната безбедност, за што ќе продолжи со активности за детектирање и спречување на евентуални терористички закани преку прокси елементи од Иран, како и разоткривање на други лица инволвирани во ирански прокси мрежи. Тагови: АНБ БЈБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter