Автомобилот му е поважен од сопственото тело- легнал на покривот за да го заштити од град (ВИДЕО) - Канал 5

Автомобилот му е поважен од сопственото тело- легнал на покривот за да го заштити од град (ВИДЕО)

На социјалните мрежи циркулира видео од Флорида кое брзо стана вирално и го привлече вниманието на локалните медиуми.

Автомобилот му е поважен од сопственото тело- легнал на покривот за да го заштити од град (ВИДЕО)

Во преден план е Мани Росадо, жител на Палм Беј, кој се фрлил врз својот автомобил во очаен обид да го заштити од силна бура и град.

„Градот веќе паѓаше...“

Додека мразулците паѓаат од небото, Росадо се качува на панорамскиот покрив на својот четирицикл и се обидува да го заштити со церада и со сопственото тело.

На прв поглед, изгледа како комична сцена, но реалноста беше далеку од смешна.

„Да, болеше“, призна Росадо во објава на TikTok, потврдувајќи ја очигледната „физичка цена“ на овој необичен потег.

Подоцна објасни дека истрчал надвор штом бурата почнала да се засилува, обидувајќи се да спречи оштетување на својот автомобил, објавува New York Post.

„Градот веќе паѓаше додека се обидував да ставам церада преку панорамскиот покрив за да го заштитам од пукање“, рече сопственикот, опишувајќи ги драматичните моменти што му претходеа на виралното видео.

@tooshway_miles42 Yes it hurt 😭 #florida #fyp #hail ♬ оригинальный звук - кола тян💦

„Бурата скапо чинеше многу луѓе“

И покрај необичната глетка, Росадо објасни дека зад сето тоа стои сериозен финансиски мотив. Во коментарите, тој им одговори на оние кои се прашуваа зошто едноставно не дозволил бурата да си го продолжи својот тек.

„Градот може да стане навистина опасен, не сакам моето осигурување да се „изгуби““, напиша тој.

Тој, исто така, се присети на претходните бури во областа кои скапо чинеа многумина.

„Беше толку лошо пред две години што повеќето луѓе што ги познавам имаа сериозна штета, чија цена чинеше помеѓу 3.000 и 5.000 долари“, рече тој.

Снимката оттогаш привлече големо внимание на интернет, а реакциите беа поделени - додека некои се смеат на необичната глетка, други сочувствуваат со човекот кој беше подготвен да направи сè за да го заштити својот автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Преку езерото“: Филмот „Кома“ на Агим Абдула не потсетува на скапоценоста на пријателството во нашите кревки животи

-Верувам во тоа дека додека снимаш, се додека немаш потреба да сецнеш-немој. Оваа приказна бараше таков ритам, на моменти имав и проблем со продуцентот кој не се согласуваше со овој тип на снимање. 

„Преку езерото“: Филмот „Кома“ на Агим Абдула не потсетува на скапоценоста на пријателството во нашите кревки животи

-Верувам во тоа дека додека снимаш, се додека немаш потреба да сецнеш-немој. Оваа приказна бараше таков ритам, на моменти имав и проблем со продуцентот кој не се согласуваше со овој тип на снимање. Снимавме во февруари и студеното време придонесоа за студените тонови во филмот, рече режисерот Агим Абдула на денешната прес конференција и се заблагодари на можноста што фестивалот „Преку езерото“ му ја даде на неговиот филм на кој ова му е прв фестивал.

Филмот „Кома“ од официјалната селекција синоќа беше прикажан во Амфитеатарот во Дојран во присуство на бројни вљубеници на филмската уметност.

Режисерот на филмот Агим Абдула е гостин на фестивалот „Преку езерото“ и посочи дека инспирација за филмот бил вистински настан кој се случил на негов познаник. Во филмот Абдула не потсетува на скапоценоста на пријателството во нашите кревки животи.

-Филмот е направен според вистински настан. Му се случи на еден мој близок пријател кому во Италија му се случи несреќа и падна во кома. Во почетокот дознавме дека починал, па бил во клиничка смрт, па потоа се вратил, но меморијата му беше како на 5-годишно дете. Не се сеќаваше на никој од нас пријателите и лекарите посочија дека излез е да се врати дома, каде што е неговото семејство, пријателите и само така има надеж да се врати. Мојот братучед беше цели 7 години, секој ден со него, и конечно успеа да си ја врати меморијата и сега тој е оженет човек со деца и има среќен живот, но не памети дека некогаш му се случила несреќата, рече Абдула.

Филмот има бавно темпо и долги сцени кои како што рече режисерот се резултат на неговотот студирање филмска режија во Иран, но сакал да се гледа печатот на школата од која доаѓа.

Во Дојран заедно со режисерот на фестивалот допатува и главната актерка Лина Абдула, како и кинематограферот Душан Кардалевски.

-Сакам да му се заблагодарам на Душан Кардалевски за одличната работа и трпението и на Лина која снимаше на минус 15 степени и која во текот на снимањето по повеќе повторени сцена почна да плаче од студ, но на крајот успеавме да го завршиме филмот, рече Абдула.

Денеска во ЕУ хаус во Струмица ќе се одржи работилница „Вештачката интелегенција во филмот“ поддржана од Креативна Европа, на која ќе говорат Милош Џукелиќ од Србија, Момчил Алексиев од Бугарија и Наташа Димитриевска од Канцеларијата на Креативна Европа во Македонија.

14 Јули ВТОРНИК - Амфитеатар Дојран

ОФИЦИЈАЛНА СЕЛЕКЦИЈА

20:30 МЕСО, режија Димитер Стојанович / БУГАРИЈА / 2025

FLESH directed by Dimiter Stoyanovich / BULGARIA / 2025 / 91 min

КРАТКОМЕТРАЖНА СЕЛЕКЦИЈА

22:00 БЕГСТВО, режија Хаљим Љута / МАКЕДОНИЈА

ESCAPE directed by Halim Luta / MACEDONIA / 2025 / 10 min

22:10 НАЧИНОТ НА ЧИПАН, режија Антонио Вељаноски / МАКЕДОНИЈА

THE WAY OF CHIPAN / directed by Antonio Veljanoski / 2025 / 22 min

14 Јули ВТОРНИК - ЕУ Хаус - Струмица

12:00 Работилница: Вештачка интелигенција во филмот

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нарко дилерот Цуната се спаси, го пуштија, бараме оставка од Тошковски

Нов скандал, со Панче на чело на МВР се случува тотален распад. 

СДСМ: Нарко дилерот Цуната се спаси, го пуштија, бараме оставка од Тошковски

Наркодилерот од Кочани, Александар Лазаров – Цуната, кој се поврзува и со дискотеката „Пулс“и со Миле Лефков од ВМРО победна од Македонија.

ВМРО и Панче Тошковски завчера му го отворија прозорот во полициската станица во Кочани а вчера го пуштија да избега наркодилерот Цуната.

Па откако го пуштија да избега, распишаа меѓународна потерница.

Едно исто сценарио, веќе добро видено и познато кога се ВМРО и Тошковски во прашање.

Театар и замајување на јавноста додека никој не одговара а криминалци се пуштаат на слобода наместо да се пратат во затвор.

Криминалци слободно си поминат преку граница, 5 тони дрога исто така поминаа преку граница а никој не одговараше.

Тошковски остана министер затоа што ги штити криминалците блиски до власта.

Многу прашања има за одговарање Тошковски. Но пред се треба да понесе одговорност.

Ова е целосен распад и класична злоупотреба на безбедносниот систем, за кој мора да има политичка и кривична одговорност.

СДСМ бара целосно расчистување на случајот, утврдување одговорност на сите инволвирани и оставка од Панче Тошковски.

Оставка Панче!

YouTube video

Скопје, 14.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат намера да се договорат за нов Изборен законик

Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик.

Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат намера да се договорат за нов Изборен законик

Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ го покажа вистинското лице пред граѓаните кога станува збор за нов Изборен законик.

Едните демек повикаа опозицијата да седне и да разговара, а другите демек не ја прифатија понудата. Ова е само провидна игра на опозицијата со која единствената цел е да не се олесни гласањето на дијаспората и да не се донесе нов Изборен законик.

СДС, Левица и ДУИ не сакаат нов Изборен законик, затоа што тоа го спремаат за алиби во пресрет на следниот изборен циклус.

Отприлика тоа би изгледало вака, едните ќе се жалат дека не се внесени препораките на ОБСЕ и ОДИХР во новиот Изборен законик, другите ќе се жалат дека немаат повеќе пари за рекламирање, а третите ќе се жалат дека немало да се почитува волјата на граѓаните. Ова е приказната која уште сега ја кажуваме, а ќе се оствари на следните избори токму од коалицијата на СДС, Левица и ДУИ.

Нов Изборен законик нема, а за тоа директно е виновна коалицијата на СДС, Левица и ДУИ.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер