Автомобилот и останал без водород – морала да оди во друга земја по гориво - Канал 5

Автомобилот и останал без водород – морала да оди во друга земја по гориво

Во Норвешка, ентузијазмот за автомобилите на водород порано изгледаше ветувачки, но ситуацијата драстично се промени во последните години.

Автомобилот и останал без водород – морала да оди во друга земја по гориво

Бројот на станици за водород нагло се намали, така што до 2025 година практично ќе има само една во земјата – и тоа на приватно земјиште, со задолжителен претходен договор за пристап.

Затоа Норвежаните масовно ги продаваат возилата Тојота Мираи по многу ниски цени, бидејќи станаа речиси невозможни за употреба. Ако живеете во Осло, мора да возите околу 500 километри до најблиската станица.

Проблемите со кои се соочуваат сопствениците на возила на водород во Норвешка се покажуваат во случајот на Маргрете Вам Солванг, сопственичка на Хјундаи со водородна горивна ќелија.

Кога остана без гориво, се јавила во Норвешкиот автомобилски клуб (НАФ) и побарала камион за помош на патот да ја однесе до најблиската станица – која се наоѓа во Шведска.

НАФ го одби нејзиното барање, па таа на крајот морала да се обрати до нејзината осигурителна компанија, која организирала транспорт на автомобилот во Шведска, објавува „motor.no“.

Солванг и нејзиниот сопруг возат „Hyundai Nexo“ и го користат автомобилот на водород од 2016 година. До пролетта 2025 година, тие имаа станица за полнење само неколку километри од нивниот дом во Баерум, во близина на Осло.

Сепак, таа станица одеднаш се затвори, без претходна најава. Најблиската норвешка станица сега е оддалечена речиси 500 км.

Единствената донекаде одржлива опција што остана беше станица во Хаби, Шведска, оддалечена 216 км во еден правец.

Тоа значи возење од повеќе од 430 километри и патување од над пет часа. Иако „Hyundai Nexo“ има опсег од околу 610 км, јасно е колку е непрактично ова сценарио - и колку е клучна инфраструктурата за опстанокот на автомобилите на водород.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, пред Споменикот на ослободителите на Скопје и споменикот на генерал Михајло Апостолски, им оддаде почит на хероите што го дадоа најскапоценото за нашиот град да живее.

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

- На 13 Ноември стоиме исправени пред историјата и длабоко се поклонуваме пред оние што ни ја подарија слободата. На луѓето чија храброст беше посилна од стравот, а љубовта кон татковината поголема од грижата за сопствениот живот. Пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје ја извојува својата слобода. По тешките борби, по страдањата и неизвесноста, нашиот град ја дочека победата над фашистичкиот окупатор. Секоја негова улица носи дел од тоа паметење. Секое име врежано на спомениците носи приказна за еден живот, една младост, еден сон прекинат за да можат да живеат соништата на генерациите по нив. Нивната жртва засекогаш е вградена во темелите на слободно Скопје. Наша должност е да ја чуваме од заборав и да ги учиме нашите деца колку скапо е платено правото да живеат слободно. Антифашистичката борба ни остави завет да стоиме исправени пред неправдата, да го браниме човечкото достоинство и да ја чуваме силата на заедништвото. Тоа е духот на Скопје. Градот што и во најтешките мигови знаел да се издигне, да подаде рака и да покаже дека солидарноста е посилна од секоја поделба – рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека денес наша обврска е тој завет да се преточи во дела и да создаваме град на ред, чистота и сигурност.

- Скопје во кое нашите деца ќе сакаат да останат, да создаваат и да ја градат својата иднина. Со таа мисла работам секој ден. Пред една година затекнавме закочени проекти и наталожени проблеми. Денес, промените се гледаат, големите проекти се движат кон завршницата, а со секој нов парк, мост и обновена улица градиме подобри услови за скопјани. Круна на мојот мандат ќе биде првата подземна сообраќајница, дело што ќе им служи и на генерациите по нас.Нашите ослободители го исполнија својот завет со храброст и со жртва. Нашиот мора да го исполниме со одговорност и со дела. Да бидеме достојни за слободата што ни ја оставија. Да изградиме Скопје достојно за генерациите што доаѓаат. Нека е вечна славата на ослободителите. Нека ни е честит 13 Ноември. Да живее слободно Скопје. Да живее Македонија – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит

По барањето на Максим Димитриевски ќе има лидерска средба на владините партнери во декември, потврди премиерот Христијан Мицкоски..

На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит

Тоа ќе биде прв пат на иста маса да седнат Мицкоски-Димитриевски-Касами и Меџити, повод е новиот закон за правосудниот испит, за кој во коалицијата имаат различни ставови дали треба тој да е на македонски, на албански или комбиниран.

Премиерот и денеска повтори дека предлогот кој е испратен до Венецијанската комисија е тој на правда - теоретскиот дел да може да се полага на албански, турски или англиски, но практичниот дел исклучиво на македонски јазик. За заканите на Димитриевски дека во случај ова решение да биде усвоено е можно да ја напушти коалицијата не сакаше да коментира.

„Владата се избира со мнозинство од 61 пратеник во парламентот. Ние имаме мнозинство кое е многу повеќе од 61 пратеник, така што Владата е стабилна, односно најстабилна во овој дел на Европа, можеби и пошироко. Продолжуваме да го испорачуваме за граѓаните она коешто е важно, еве како овој објект и друг тип политики.“ Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Наспроти ставот на премиерот, лидерите на Вреди јавно тврдат дека и практичниот дел во иднина ќе се полага на албански, а претседателот на ЗНАМ бара тој да е целосно на македонски. Предлогот за кој треба да даде мислење Венецијанска комисија според него е хибриден и само би го искомлицирал правниот систем на државата..

-ЗНАМ, без разлика од позиција на власт или опозиција, за едно такво решение доколку дојде до парламентот, ќе се произвесеме негативно. А доколку не бидеме испочитувани како владин партнер, ќе го размислиме нашето практикување на власт. Верувам дека ќе дојде до лидерска средба во демекври, бидејќи тоа го побарав од премиерот. Ние до ден денеска немаме седнато на една иста маса со владините партнери, освен онаа општа лидерска средба во поширок формат... Јас не сакам да бидам информиран, јас сакам да бидам консултиран. Сакам да бидам составен дел и јас и ЗНАМ на решението,- Максим Димитриевски – претседател на ЗНАМ.

Во вторникот Владата соопшти дека донела одлука да побара итно мислење од Венецијанска комисија, за независна меѓународна експертска оценка дали текстот е усогласен со Уставот, меѓународното право и европските стандарди. Венецијанската комисија уште во 2019 година даде мислење и за Законот за јазиците, но нивните забелешки никогаш не беа имплементирани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унија

Околу 71 отсто од граѓаните на Европа поддржуваат формирање армија на Европската унија, додека 78 проценти од испитаниците во земјите-членки на унијата сметаат дека треба да се зајакнат нејзините одбранбени капацитети во соработка со НАТО.

Над 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унија

Тоа покажуваат резултатите од спроведеното истражување на безбедносниот Тинк-Тенк Глобсек за 2026 година, објавени во бриселски „Политико“.

Поддршката за формирање европска војска е забележана во сите анкетирани земји-членки на ЕУ. Најголема е во Романија, каде што идејата ја поддржуваат 82 отсто од испитаниците, потоа следуваат Литванија со 78 и во Франција со 75 отсто.

Во Полска и Бугарија поддршката изнесува околу 70 отсто, додека во Германија е 69 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер