3Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош
СветАвтобус слета од пат во близина на Мачу Пикчу во Перу, повредени се над 30 туристи (ФОТО)Над 30 туристи се повредени кога автобус излетал од пат во Перу, во близина на древниот град на Инките, Мачу Пикчу, објави порталот Перу 21.„Околу 32 туристи се повредени и сите се однесени во градот Куско“, изјави претставник на перуанската полиција. Порталот јавува дека возачот на автобусот изгубил контрола бидејќи видливоста била намалена поради магла. Меѓу повредените има шест Италијанци, пет Мексиканци, двајца Јапонци и еден Кинез. Полицијата отвори истрага за несреќата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСветски ден на предвремено родените бебиња - гордост и предизвик на скопска ГинекологијаОваа година, 530 грама е најмалото родено бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство во шестиот месец од бременоста, и скоро три месеци било на интензивното одделение за новороденчиња на Клиниката за гинекологија. Денеска е светскиот ден на предремно родените бебиња. На овој оддел се најачесто бебињата родени под еден килограм и оние до скоро два килограми, секое вдиушување е надеж за живот и среќа за вработените дека нивните мали пациенти ќе бидат еден ден големи луѓе. Во клиниката денеска виолетовата боја беше симбол на предвремено родените деца, на гости дојдоа Лазар, Кирил, Мила и уште многу денес деца, а пред неколку години тука биле со денови и месеци. Лазар неуморено прашуваше зошто се толку мали, а пред четири години тука бил едно од најмалите бебиња со 820 грама, а неговиот брат со килограм и осумсотини грама денеска најмалиот гостин кој исто бил на ова одделение. За неговите родители посебен ден, со порака и до други родители “ќе биде добро’. Цели 18 години и Мила е гостин на овој оддел во номеври. Таа учи медицина, приказната за нејзиното рано раѓање и било поттик да биде добар доктор. Најпотребно е редовна едукација, добра опрема и секако да не ги заборавиме нашите колеги кои неуморно се борат со секој здив со предверемно роденит бебиња, вели директорката на клиникта Папастиев. Оваа година се родиле 610 деца предвереме од терминот, во моментов на одделот за интензивнот лекување има 43 бебиња. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија12 тони млечни производи од Македонија вратени од Косово поради ешерихија коли во претходни пратки Две пратки со вкупно 12.268 килограми млечни и прехранбени производи од млекарница од Тетово се запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ и се враќаат во Македонија, објави косовските медиуми. Двете пратки, како што пишува„Радио Ким“ не добиле дозвола за влез во Косово поради забраната за увоз од овој производител, воведена на 6 ноември. Тогаш лабораториските анализи на производите покажале присуство на бактеријата ешерихија коли над дозволените граници. Од Македонската Агенција за храна и ветеринарство веќе спровела вонреден инспекциски надзор во тетовската млекарница, во чии анализи во текот на претходните испитувања не биле утврдени недоследности. ,,АХВ и колегите сме во тек, уште веднаш направивме вонреден инспекциски надзор во процесот на целото производство во фабриката, земени се брисеви и анализи и однесени се во две лабаратории..Робата што моментално се враќа од Косово доколку е утврдена од страна на косовските власти и институции дека има одредени неправилности веднаш ќе биде уништена стоката чим стигне,, Ова не е прв случај македонски производи да бидат вратени од странските пазари. Неодамна, Бугарската агенција за безбедност на храната врати речиси 20 тони македонски јаболка поради утврдено присуство на пестициди над дозволените граници. Исто така лани од Хрватска беше вратена пратка зелка поради сомнеж за недозволени пестициди, додека во септември годинава беа одбиени и пратки со пиперки и грозје на странските граници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПартиите продолжуваат со меѓусебните обвинувања за влезот на Алта банкаСватови, кредити, акции... Продолжува политичката пресметка меѓу партиите кој е виновен за влезот на Алта банка во Македонија. Од Вреди на прес-конференција презентираа нови документи со кои тврдат дека Артан Груби лично ја потпишал одлуката за продажба на државните акции во Стопанска банка Битола, кои, како што велат, завршиле кај Давор Мацура. Според Вреди, од записникот на владината седница од 6 јуни 2023 година се гледа дека првиот вицепремиер Артан Груби заедно со Димитар Ковачевски, претседавале со седницата на која била донесена одлуката за давање согласност за продажба на државните акции во Стопанска банка АД Битола, а Груби се потпишал на одлуката објавена во „Службен весник“. - Прво: Артан Груби, во присуство на Фатмир Бесими, Бујар Османи и Крешник Бектеши, во Владата донесуваат па потпишува одлука државата да ги извади на продажба конфискуваните акции во Стопанска банка Битола. Второ: Во игра влегува сватот на Али Ахмети преку фирмата „АС Сењак“, кој купува пакет акции во истата таа Стопанска банка Битола, а негова поврзана фирма повлекува 5 милиони евра кредит директно од централата на „Алта банка“ во Белград. Трето: И државните акции што ги ослободи со потпис Артан Груби, и приватните акции на сватот на Али Ахмети, завршуваат во рацете на контроверзниот Давор Мацура за преземање на банката, изјави Саранда Имери Стафаи-ВЛЕН. Реагираа од ДУИ од каде ги отфрлија обвинувањата дека владината одлука на СДСМ и ДУИ од 2023 година го отворила патот за влез на „Алта банка“ во земјава. Одговорноста ја гледаат исклучиво кај актуелната влада и институциите што ги издале дозволите. - Ако ДУИ ја донела Алта Банка како таа влезе во Македонија за време на вашето владеење? Како институциите што вие ги раководите го дозволија нејзиниот влез? Функционерите на ВМРО од ВЛЕН се однесуваат токму како во народната поговорка: „Крадецот вика: држете го крадецот!“, велат од ДУИ. Од ВМРО-ДПМНЕ ги прозваа Филипче и СДСМ дека заедно со ДУИ го отвориле патот за влез на банката, а сега, според владејачката партија, СДСМ се ставиле во одбрана на ДУИ и фирмата на сватот на Ахмети. -Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ. Лицемерието кај Филипче е на високо ниво. Ако денес, за Филипче Мацура е криминалец, а Алта банка е банка со сомнителен капитал, зошто во 2023 година кога ДУИ спроведувале влез во Македонија, СДС шурувале? изјави Манасиевски. Според СДСМ, пак, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои ја внеле Алта банка во Македонија, сега се обидуваат да ја префрлат одговорноста спојувајќи ја СДСМ со ДУИ. Од опозициската партија како целосна манипулација го оценија документот од 2023-та според кој Мицкоски и власта тврдат дека претходната влада ги продала акциите за Алта. - Извадија документ од „Службен весник“ од јуни 2023 година како наводен доказ дека претходната влада склучила зделка со Алта банка. Тоа е целосна манипулација. Станува збор за пакет од 7.213 акции (околу 1,85% од капиталот на Стопанска банка АД Битола) што државата ги конфискуваше од Сашо Мијалков и фирмата „Ексико“ со правосилната пресуда за случајот „Империја“, изјави Борозан. Сватот на Али Ахмети, Селаудин Арифи, пак, за дел од медиумите, негира каква било вмешаност во случајот со Алта банка и најави тужби. Од неговата компанија „АС Сењак“ тврдат дека ниту зеле кредит од Алта банка, ниту влијаеле за нејзиниот влез на македонскиот пазар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook