Автобус падна од вијадукт во близина на Венеција, па се запали- најмалку 20 загинати (ВИДЕО)

Најмалку 20 лица загинаа, а десетици други се повредени вечерва во автобуска несреќа во Италија.

Автобус во кој имало многу луѓе вечерва околу 20 часот излетал од надвозникот Либерта во Местре и по 10 метри лет паднал на железничката пруга и се запалил.

Според првите информации, загинале најмалку 20 лица, од кои некои се јагленисани, додека четириесетина се повредени.

На терен се пожарникари и брза помош. Автобусот е во сопственост на компанијата La Linea, пренесува La Stampa. Локалната здравствена управа 3 во Венеција го активира протоколот за „итни случаи“ кој предвидува достапност на сите болнички соби за итни случаи и повикување на работа на персоналот за засилување.

„Апокалиптична сцена. Немам зборови“, изјави градоначалникот на Венеција, Луиџи Брунјаро.

Засега не се познати околностите за несреќата.

Поради несреќата прекината е железничката линија меѓу Местре и Венеција.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, автобусот на удолницата ја пробил заштитната ограда, паднал и завршил меѓу магацинот и шините на станицата Местре, при што се запалил.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони поорача дека нејзините мисли се со жртвите. „Изразувам најдлабоко сочувство, лично и на целата влада за тешката несреќа што се случи во Местре“, објави таа на социјалните мрежи.

Се празнува Св. Климент Охридски - изворот на нашата духовност и образование

 Со низа настани денеска во земјава ќе биде одбележан 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски, и патронен празник на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија.

Во Собранието на Република Македонија ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“ за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Согласно одлуката на Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2023 година, годинашен добитник за остварување во областа на воспитанието и образованието е проф. д-р Рабије Мурати, универзитетски професор, а за остварување во областа на културата и уметноста е филмскиот режисер Антонио Митриќески.

Владата на Република Македонија, под мотото „Свети Климент Охридски, извор на нашата духовност и образование", со пригоден настан ќе го одбележи државниот празник, 8 Декември - Свети Климент Охридски. Централниот настан за одбележување на празникот ќе се одржи во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Одбележувањето на државниот празник ќе започне во 10:45 часот, со положување цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски на платото пред НУБ „Свети Климент Охридски“. Владината делегација ќе ја предводи претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, а во состав на делегацијата ќе бидат Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик-министерка за правда и Беким Реџепи, заменик-министер за транспорт и врски.

Во 11:00 часот во НУБ „ Свети Климент Охридски“, започнува свечениот настан за одбележување на државниот празник, на кој ќе се обрати премиерот Ковачевски.

МПЦ-ОА со празнични богослужби го одбележува својот патрон. Празнувањата почнаа во изминатите денови, а продолжуваат денеска со божествени литургии во храмовите. Во Скопје ќе има едноцрквие во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ каде ќе биде одржана архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

Денешниот ден е прогласен за дражвен празник и е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Блинкен: Воената помош за Украина ќе создава раст и работни места во САД

Соочени со големиот политички отпор за понатамошна помош за Украина, американската влада сега користи економски аргументи за кампања за понатамошна поддршка за Киев, јавува денеска германската новинска агенција ДПА.

По вчерашниот состанок со неговиот британски колега Дејвид Камерон во Вашингтон во американскиот државен секретар Антони Блинкен рече: Ако ги погледнете инвестициите што ги направивме во одбраната на Украина за да се справиме со оваа агресија, 90 отсто од безбедносната помош што ја обезбедивме всушност е потрошена овде, во САД, со нашите производители.

Блинкен нагласи дека ова „создаде повеќе американски работни места, поголем раст во нашата сопствена економија“.

- Ова е во прилог на важноста на поддршката за Киев за глобалната политика и националната безбедност на САД, додаде Блинкен.

САД се најважниот воен поддржувач на Украина во одбраната од руската инвазија. Од почетокот на војната во февруари 2022 година, САД обезбедија милијарди долари воена помош за Киев. Сепак, ослободувањето на поголема помош е блокирано од внатрешнополитичкиот спор меѓу демократите и републиканците во Конгресот.

Многу републиканци изразуваат сомнеж за поддршката за Украина или целосно ја одбиваат. /МИА

Маричиќ на состанок на Одборот на Инвестициската рамка за Западниот Балкан

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, тема на разговорите ќе биде политиката на проширување на ЕУ.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач на земјава со ЕУ, Бојан Маричиќ денеска ќе присуствува на петтиот состанок на Стратешкиот одбор на Инвестициската рамка за Западниот Балкан (ВБИФ) заедно со генералниот директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија (НЕАР), Герт Јан Копман и со генералниот директор на Одделот за Европа и меѓународна трговија при норвешкото Министерство за надворешни работи, Фроде Оверленд Андерсен.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, тема на разговорите ќе биде политиката на проширување на ЕУ со посебен акцент на Планот на ЕК за раст на Западниот Балкан, како и текот на реформите и останатите актуелни случувања во земјава.

Со денешната средба Маричиќ ја завршува неколкудневната посета на Брисел, во чии рамки вчера имаше воведно обраќање на билатералниот состанок за „Поглавјето 31 - Заедничката надворешна и безбедносна политика“ од Кластерот 6, со чие затворање официјално заврши скрининг процесот на Северна Македонија.

Тој посочи дека гледаме напред кон позитивниот моментум на нашиот евроинтегративен пат, потенцирајќи ја при тоа важноста на успешното завршување на сеопфатниот циклус на скрининг процесот инициран со новата методологија за пристапување и нагласувајќи ја колективната решителност за унапредување на интеграцијата на земјава во Европската Унија.

Пред последната седница од скринингот, Маричиќ порача дека имајќи ја предвид нашата посветеност и напорите да станеме полноправна членка на ЕУ, очекува на Европскиот совет идната недела да добиеме препорака да продолжиме со втората Меѓувладина конференција.

- Со ова, секој следен чекор во процесот на пристапување на нашата земја во Европската Унија, како и динамиката на преговори, ќе зависи само од нас, од донесување на уставните измени. Се наоѓаме на клучна точка во својата историја која ќе го трансформира македонското општество. Ова е еден историски момент за Северна Македонија, за Западен Балкан и за Европската Унија. Оваа шанса мораме да ја искористиме без дилема, без грижи и без страв, туку со уверување дека и тоа како ќе придонесе за просперитет на државата и граѓаните, порача Маричиќ.

Според него, одложувањето или блокирањето на процесот на преговори и членството на Македонија во ЕУ претставува опасност за нашите реформи и развој.

- Уверен сум дека со мнозинството македонски граѓани кои сакаат да ја видат Република Македонија во Европската Унија во 2030 година заедно ќе успееме. Ајде заедно да ги надминеме пречките и да ја обезбедиме европската иднина за сегашните и идните генерации, истакна вицепремиерот за европски прашања.

Покрај, учеството на завршната сесија од скрининг процесот, вицепремиерот Маричиќ имаше и работни средби со потпретседателот на Европската комисија и еврокомесар за промоција на европскиот начин на живеење Маргаритис Схинас.

Схинас по средбата на Икс објави дека Северна Македонија веќе презеде големи чекори кон пристапувањето во ЕУ. - Ги охрабруваме нашите пријатели во Скопје да го зграпчат моментумот и да продолжат со клучните реформи, со фокус на уставните измени и владеењето на правото, наведе Схинас во објавата.

Маричиќ имаше и брифинг состанок со делегатите од Работна група на Европскиот совет за проширување и за земји кои преговараат за членство во ЕУ (КОЕЛА), на кој стана збор за успешното завршување на скрининг процесот, следните планови во однос на доставувањето на потребните документи за реализација на реформите, стратегијата за Планот за раст што државата во моментов ја развива, како и предизвиците на патот кон ЕУ.

Во средата Маричиќ, заедно со премиерот Димитар Ковачевски учествуваа на билатералниот состанок од скрининг процесот по „Поглавјето 30 - Надворешни односи“ од Кластерот 6, како и на дебата во Европскиот парламент посветена на проширувањето на ЕУ со европратеници од редовите на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократи (СД).

На првиот ден од работната посета на Брисел во вторникот, вицепремиерот Маричиќ присуствуваше и имаше обраќање на семинарот организиран од СД на темата „Обликување на прогресивната агенда за проширување“. /МИА

притисни ентер