СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
1СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
2ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
СветАвстриската полиција втор ден во трага по убиецот на градоначалник, 50 луѓе се под заштита Огромна потера на австриската полиција по Роланд Дрекслер, осомничен за убиството на две лица во понеделникот во Милвиертел на северот на Австрија, меѓу кои и градоначалникот, и вечерва остана без резултати.Полицијата ќе продолжи со потрагата најмалку до утре. Се верува дека бегалецот се уште е во областа, објави Kurier. Во моментов не се знае точно каде се наоѓа Дрекслер. „Постои одреден сомнеж дека сторителот сè уште е некаде во областа каде што во последните часови се одвиваше голема полициска акција“, рече Готфрид Митерлехнер, шеф на провинциската канцеларија за криминал. Можно е, се разбира, да побегнал со автомобил. Чешката граница е блиску, а не е далеку ниту границата со Германија.“ Денеска беа претресени шумски површини и домови, вклучувајќи ги и имотите на Дрекслер, бидејќи тој има неколку домови покрај неговата главна куќа во тој регион. Има и информации од различни извори за можни дополнителни куќи или колиби. Полицијата нагласува дека има многу опции кои треба да се проверат. Доколку се појават одредени траги, полицијата ќе пребарува поголеми површини и шуми. „Тешко е затоа што нашите полицајци мора сѐ да прават со големо внимание и со заштитна опрема, имајќи предвид дека не се знае дали сторителот чека некаде во заседа“, рече Митерлехнер. Претходно денеска беше соопштено дека 50 лица се ставени под полициска заштита. Големиот број Митерлехнер го објаснува со тоа што меѓу нив има и некои семејства кои се јавиле во полиција бидејќи се чувствуваат загрозени. Наодите од обдукцијата покажале дека двете жртви починале од прострелни рани во главата. Градоначалникот на Кирхберг об дер Донау, Франц Хофер (ОВП), најпрво бил погоден од три истрели од кратко огнено оружје, но тие повреди биле „помалку сериозни“ и тој се обидел да избега преку ливада. Потоа напаѓачот со пушка го застрелал во главата, што било фатално. И втората жртва била убиена со истрел во главата. Полицијата упатила предупредување да се избегнува престој во шума во целата општина Рорбах за да не се вознемируваат припадниците на интервентните единици. Се вели дека Дрекслер патува во сребрен VW Caddy со регистарска табличка RO-231 EL, а во случај да се забележи, веднаш треба да се контактира со итната помош, без да се обидете сами да контактирате со бегалецот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината. Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ. Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски. Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари. Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност. Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ. Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Скопје, 13.11.2026 година СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУДокументите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија.Вистината за случајот со Алта банка излегува на виделина. Документите и фактите јасно покажуваат дека СДС и Венко Филипче пласираат невистини и се обидуваат да создадат политичка хистерија околу влезот на Алта банка на македонскиот финансиски пазар. Како што беше посочено и на надзорната расправа во Собранието, уште во 2023 година, за време на владата на СДС и ДУИ, на 194 седница на Владата додека претседател бил Димитар Ковачевски, одржана на 24 октомври, тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими побарал одобрување Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка од Србија во сопственост на Давор Мацура. Тоа значи дека токму владата на СДС и ДУИ ја разгледувала и ја прифатила можноста за воспоставување деловна соработка со истата банка и истиот сопственик, за кои денес, Филипче и СДС шират обвинувања. Исто така, невистинити се и тврдењата дека Алта банка имала забрана за работа во Европската Унија или дека била санкционирана од Европската централна банка. Податоците објавени на официјалната веб-страница на Адико банка во Виена покажуваат дека Алта банка Белград поседувала 9,63 проценти од акциите на оваа банка, а тој удел банката го има до ден денес. Дополнително, Алта банка склучила договор со Рајфајзен банка од Виена во врска со планираното преземање на Адико банка и идното пренесување на нејзините филијали во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Ваквата одлука е активна до моментот на одземањето на лиценцата на Алта банка во Србија, по што Рајфајзен банка носи нова одлука со која ја прекинува соработката со српската банка. Овие факти се во спротивност со политичките тврдења на СДС дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ. Особено е важно да се потенцира дека македонските институции постапуваат врз основа на законите и надлежностите, а не врз основа на политички конструкции и неаргументирани обвинувања. Банката не само што не била забранета, туку била дел од сопственичките структури на ЕУ банка. Од друга страна, СДС и Венко Филипче треба да одговорат зошто во 2023 година нивната влада ја разгледувала деловната соработка со Алта банка, а денес истата таа банка ја користат за политички конструкции и напади, со кои свесно шират паника за да ја нарушат довербата во финансискиот систем и државата, а тоа нема да им успее. Затоа го повикуваме Јавното обвинителство да ги истражи сите овие основни сомнежи и да започне постапка против претседателот на СДС, Венко Филипче. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМакедонија на поправен во Глазгов по први бодови во Б сегементот од Лигата нацииНајдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва (од 20.45 часот) во Глазгов во рамките од 5 коло во сегментот Б од Лигата на нации и гостува на силната селекција на Шкотска.Во претходните 4 кола црвено жолтите се без постигнат гол и освооен бод, поради што нашите најдобри фудбалер вечерва и посакуваат да ја прекинат оваа лоша серија во Лигата на нации. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски посакува подобро издание на Македонија и прекин на негативната резултатска серија во ова натпреварување. „Следниот меч е голем меч, со една силна Шкотска. Знаеме со какви играчи располага. Игравме пред еден месец со овој ривал во Скопје и успеа да не победи. Свесни сме за грешките и мора да ги поправиме. Во изминатите три дена трениравме, имаме одлична атмосфера. Играчите се фокусирани и мотивирани. Се надевам дека она што го работевме ќе го покажат и на теренот. Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар. Резултатите се такви какви што се, свесни сме и ние и играчите, но се надевам дека со мечот против Шкотска ќе излеземе од негативната серија. Против себе ќе имаме силен ривал, кој го доби Мектоминеј како повратник. Мора да играме храбро, играчите да уживаат и да не се плашиме. Драго ми е што сите репрезентативци добиваат минутажа во клубовите и се надевам дека ќе продолжат и понатаму така“, изјави Седлоски. Матеј Гаштаров е еден од младите фудбалери во македонската репрезентација во овој циклус од Лигата на нациите. Фудбалерот на Црвена Звезда се надева дека ќе стигнеме до позитивен резултат против Шкотска на „Хампден парк“. „Кога го носиме дресот на Македонија, мислам дека не треба да бараме посебна мотивација, затоа што самото тоа што сме во А-репрезентацијата ја носи мотивацијата. Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма. Ќе излеземе на теренот да дадеме се од себе и да уживаме. За мене, во дваесет дена ми се смени целиот живот и ова е нешто ново. Гледам кога ќе излезам на теренот да уживам. Играв против многу големи играчи и големи репрезентации, немам притисок и гледам да уживам во моментот“, изјави Гаштаров. По четири кола води Швајцарија со 12 бода, а потоа се Словенија со седум, Шкотска со четири и Македонија без бодови. Во лигата Б, победниците на групите ќе се пласираат во лигата А, второпласираните ќе играат плејоф за пласман во највисокото ниво на Лигата на нациите, третопласираните ќе опстанат во лигата Б и ќе ја завршат сезоната, а четвртопласираните ќе настапат во плејофот за опстанок во лигата Б, против второпласирана селекција од групите во лигата Ц.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter