Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер во официјална посета на Македонија - Канал 5

Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер во официјална посета на Македонија

Муцунски денеска беше домаќин на неговата австриска колешка Беате Мајнл-Рајсингер, која е во прва официјална посета на Македонија.

Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер во официјална посета на Македонија

Од Европската Унија очекуваме предвидливост и бараме билатералните прашања да останат настрана од процесот на пристапување кон Унијата, рече министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, по пораките од претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта, дека договореното од 2022 година треба да се испорача.

На средбата со Претсеталката Сиљановска, Кошта кажал дека предлогот уставни измени со одложено дејство е неприфатлив за бугарската страна, но Муцунски вели дека полноправно членство во ЕУ останува стратешката цел за Македонија, а додека не се одблокира патот, ќе се продолжи со Реформската агенда.

-Нашата позиција во однос на тоа прашање е кристално јасна, и тука не треба ниту граѓаните да имаат дилема, ниту вие како медиуми. Секогаш ќе има дијалог и секогаш ќе работиме, но ќе повторам нешто што постојано го кажувам - не решение по секоја цена и решенија коишто дополнително ќе биде ризик и камен на сопнување како ова решение од 2022 година што сега на дело се докажува дека е решение кое создава дополнителни проблеми меѓу државите, наместо да биде чекор напред. Бараме решение коешто ќе ни обезбеди предвидливост напред кон членството, почит за нашето достоинство и идентитет, очекување дека и земјите членки на ЕУ ќе ги почитуваат оние принципи поврзани со малцински права, коишто очекуваат ние да ги почитуваме. - Тимчо Муцунски- министер за надворешни работи

Муцунски денеска беше домаќин на неговата австриска колешка Беате Мајнл-Рајсингер, која е во прва официјална посета на Македонија. Таа нагласи дека Австрија ја поддржува европската перспектива на Македонија и дека сите отспаки кои земјава ги направила не остануваат незабележани.

Претседателот на Европскиот совет Кошта вчера за време на посетата на Скопје порача дека процесот на евроинтергација на земјава се одвива многу долго и оти сега е време да се испорачаат резултати. На новинарско прашање дали има план Б за тоа да се надминат барањата од страна на Бугарија, Кошта истакна дека не треба да се потценува планот А и дека треба да се фокусираме на негова испорака.

YouTube video

Моди во разговор со Трамп: Индија не прифаќа посредување во конфликтот со Пакистан

Индискиот премиер Нарендра Моди му рече на американскиот претседател Доналд Трамп дека Индија никогаш не прифатила медијација од трета страна во конфликтот со Пакистан и никогаш нема да ја прифати во иднина, објавија локалните медиуми.

Моди во разговор со Трамп: Индија не прифаќа посредување во конфликтот со Пакистан

Во Индија постои целосен политички консензус за ова прашање, рече Моди во телефонски разговор со Трамп вчера, според изјавата на индискиот министер за надворешни работи Викрам Мисри.

Моди и Трамп разговарале по телефон 35 минути откако состанокот што требаше да се одржи на маргините на самитот на Г7 беше откажан бидејќи американскиот претседател се врати во САД порано, рече Мисри.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да покрене постапка за Филипче

Зачудува заштитничкиот однос на Јавното обвинителство кон претседателот на СДС, Венко Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да покрене постапка за Филипче

Како да постои само да го заштити Филипче, да не биде гонет за разните корупциски скандали и криминални афери од кои дебело профитирал.

Венко Филипче добил луксузен џип, вреден 130.000 евра од фирма добитник на тендери во време кога СДС беше на власт, а обвинителството молчи и не отвора случај.

Посебно симптоматичен е молкот на обвинителство за луксузниот џип на Филипче, имајќи го во предвид фактот дека за ист ваков случај отворило предмет за поранешниот директор на СОЗР кадар на СДС, Пеце Мирчевски кој добил автомобил од фирма добитник на тендери.

Која е разликата меѓу Мирчевски кој е процесуиран од обвинителството и за случајот од судот му бил определен 30 дневен притвор, и Филипче за кого обвинителството се прави и глуво и слепо за ист таков случај.

Или пак привилегијата на Венко Филипче е што е претседател на СДС, а Мирчевски обичен директор од СДС, кој треба да оди курбан, што кај нив е нормална работа, за Филипче да се спаси од прогон.

Крајно време е, по разните корупциски скандали и криминални афери, Јавното обвинителство да покрене постапка за претседателот на СДС, Венко Филипче.

Ако обвинителството не го процесуира и не го истражи случајот за луксузниот џип на Филипче, ќе потврди дека е во служба на негова одбрана и заштита и дека работи под диктат на СДС.

Но едно е сигурно, ЈО и да отвори и да не отвори постапка за Венко Филипче, тој веќе нема легитимитет, народот јасно гледа дека тој главен учесник и во криминалните афери како Онкологија и модуларната и дека е заштитен.

А, тоа ќе биде мотив уште повеќе да го казни на избори.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Русија: Северна Кореја испраќа 6.000 војници за обнова на Курск

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја во понеделникот соопшти дека распоредувањето на севернокорејски трупи во Русија е јасно кршење на санкциите на ОН и повика на итен прекин на таквата соработка меѓу двете земји.

Русија: Северна Кореја испраќа 6.000 војници за обнова на Курск

Северна Кореја ќе испрати 5.000 воени градежни работници и 1.000 деминери во регионот Курск за да помогнат во обновата по украинската инвазија, изјави шефот за безбедност на рускиот претседател Сергеј Шојгу по состанокот со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун што се одржа вчера.

На состанокот беа разгледани и планови за одбележување на „херојските подвизи“ на севернокорејските војници во операциите во регионот Курск, дел од Русија кој беше нападнат од украинските сили минатата година, соопшти претходно севернокорејската телевизија КЦНА.

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја во понеделникот соопшти дека распоредувањето на севернокорејски трупи во Русија е јасно кршење на санкциите на ОН и повика на итен прекин на таквата соработка меѓу двете земји.

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе-Мјунг, и јапонскиот премиер Шигеру Ишиба, се согласија за понатамошна соработка во врска со Северна Кореја на самитот на Г7 во Канада, соопштија Ишиба и претседателската канцеларија на Јужна Кореја.

Истрагата на Ројтерс откри дека Северна Кореја ѝ снабдила на Русија милиони артилериски гранати и илјадници војници за борбите во Украина.

Ким ја изрази својата „безусловна поддршка“ на Русија, и покрај загриженоста на јужнокорејските и западните претставници дека Северна Кореја можеби добива напредна воена технологија, како и економска помош од Москва.

притисни ентер