Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураАвстриска вечер на „Охридско лето“ со уметничка изложба и концерт на виенскиот квартет „Арпеџо“Австриската вечер во рамки на Фестивалот „Охридско лето“ носи две содржини и тоа уметничка изложба посветена на жените од Австрија и Македонија, како и целовечерен концерт на Квартетот „Арпеџо“ од Виена.Квартетот „Арпеџо“ го сочинуваат Леонард Фурда и Јохана Лакроа на виолина, Ентони Гилберт на виола, како и Мара Ахлајтнер на виолончело. Вчерва со нив ќе настапи и харфистката Тина Жердин. Роден во Клуж-Напока во Романија, Леонард Фурда е докажан виолинист и член на Виенскиот камерен оркестар. Виолина започнува да учи во родниот град каде на бројни натпревари освојува први награди. Образованието го продолжува на Универзитетот во Виена од каде излегува како зрел музичар. Негова основна пасија е живата изведба, како солист или во дуо со пијано. Настапува во престижни концертни сали како „Атенеум“ во Букурешт и Филхармонијата во Минхен. Комбинирајќи виртуозна техника и експресивна интерпретација, Леонард ја освојува публиката ширум светот настапувајќи со Виенскиот камерен оркестар но и со други ансамбли. Јохана Лакроа е слободен уметник од Виена. Нејзините ангажмани ги вклучуваат: Камерната опера во Виена, барокните ансамбли како „Бах Консорт“- Виена, „Ле Талан Лирик“, Оркестарот на Виенската академија, „Оркестар 1756“, Ансамблот „Матеус“, Ансамблот „Клаудиана“, а исто така, настапува и во различни камерни формации. За време на нејзините студии на Универзитетот во Грац во класата на Естер Хафнер, таа се фокусира на современа и барокна музика, дополнувајќи ги студиите со посета на семинари во Клангфорум Виена, Ансамблот „Решерше“, Фрајбуршкиот барокен оркестар и др. Од 2014 година е дел од серијата концерти водени од „Амбитус“, група посветена на современата музика, а истовремено настапува и во разни интердисциплинарни проекти како солист и камерен музичар. Од 2017 година Лакроа заедно со Чанда Вандер Харт е уметнички диркетор на „Тејлспин-музички бајки за млади и стари“, и е ко-автор на книгата и ЦД „Мајмунот кој си ја бараше бељата“. Книгата е промовирана во виенскиот „Музикферајн“ пред распродаден аудиториум. Во 2022 година ова дуо ја издава и аудио книгата „Моргиана и 40-те разбојници“. Ентони Гилберт е виолист од Мемфис, Тенеси. Од 2020 година живее во Виена и редовно настапува како член на Виенскиот камерен оркестар. Во периодот од 2016-2020 година е заменик – водач на групата виоли во Филхармонискиот оркестар на Малта. Како камерен музичар, Ентони настапувал со Ансамблот „Призм“ во Мемфис и бил предавач на летната школа на истоимениот фестивал. Во периодот од 2007-2011 година бил извршен директор на ансамблот „Ероика“. Ентони студирал на колеџот „Оберлин“, а магистерските студии во 2003 година ги завршува на Колеџот за изведувачки уметности во Чикаго. Мара Ахлајтнер е родена во Пало Алто, Калифорнија, а живее во Виена од 2003 година. Откако три години настапува во оркестарот на ОРФ (Радио Виена), Мара започнува соработка со ансамблот „Лукс“, квартет од Виена кој е посветен на изведба на дела од современи автори. Како водач на групата виолончела, Мара настапувала на турнеи во Јапонија и во Европа со Оркестарот на виенскиот бал, а редовно настапува со Виенскиот камерен оркестар и Ансамблот „Контрапункт“ во престижните Музикферајн и Концертхаус во Виена. Таа е водач на групата виолончела на „Биг Ајланд“ оркстар кој е специјализиран за снимање на музика за филм и мултимедија. Словенечката харфистка Тина Жердин ги завршува студиите по харфа на Универзитетот во Виена со голем успех. Актуелно е харфистка на оркестарот на Виенската академија, на Виенскиот камерен оркестар како на Австро-унгарската „Хајдн Филхармонија“ и на оркестарот „Синхрон“. Често е ангажирана и во Виенската опера како и во други виенски оркестри. Како солист и камерен музичар Тина Жердин е активна најмногу во Австрија и Словенија, но и во други земји во Европа и Азија. Изведува современа музика со ансамблите „Клангфорум“, „Реконсил“, „Контрапункт“, а од 2017 године е членка на квартетот „Ерборн екстендед“. Амбасадор е на словенечката современа музика и е вклучена на бројни аудио изданија. Од 2024 година е менаџер на Словенечкиот културен центар „Коротан“ во Виена. Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот. Претходно од 19:30 часот, на Малата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе биде отворена изложбата „Калиопе“ – Жените во општеството, културата и науката на Австрија и на Македонија. Како што е набеведено во описот, изложбата е израз на заложбата да се прикажат последнитеве 200 години во светлина на биографиите за значајни Австријки, жени што со талентот, силата на волјата, храброста и борбеноста ѝ дале печат на својата земја и ја збогатиле. Со целосна свест за празнините, кои се делумно скандалозни, овде егземпларно ќе им се оддаде почит на нивниот живот и на нивните дела, кои сочинуваат најмалку половина од духовниот идентитет на Австрија. На изложбата хронолошки ќе се рекапитулираат животните приказни на аристократки, уметнички, домаќинки на салони, научнички, активистки за женските права, политичарки, актерки, музичарки, режисерки и други жени... Пасивното присуство на жените како објекти во уметничките дела на мажите ќе се промени кога храбрите жени ќе одлучат да станат активни уметнички учеснички. Со нивното присуство во уметничката сцена и преку нивните дела, за прв пат се претставува светот гледан од „женска“ перспектива и се пренесуваат нивните лични искуства на платно. Таа промена на парадигмата е видлива и во периодот на првите македонски академски уметници, каде жените пионерки имаа значајна улога во формирањето на траекторијата на современата македонска ликовна уметност. Катја Ефтимова, Кераца Николова, Лена Стефанова и Борка Аврамова стојат како примери на ова трансформативно движење. Со преминувањето на постoечките граници во свет доминиран од мажи, тие се етаблираат како пионери на современата македонска уметничка сцена... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерството за спорт со поддршка за инклузивната трка „Run Together 2026“ во ГевгелијаДржавниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски денеска присуствуваше на инклузивната трка „Run Together 2026“ што се одржa во Гевгелија, во рамките на спортскиот настан November Run, и изрази поддршка за учесниците и за организаторите.Трката која годинава го бележи третото издание, ја организира Фондацијата „Ице Бегов“ во соработка со Атлетскиот клуб „7 Ноември“. „Run Together“ е ненатпреварувачка трка на 1 км. на која лица со и без попреченост, деца, семејства, спортисти, волонтери, претставници на училишта и на здруженија се движат заедно на иста патека. Настанот создава простор за рамноправно учество и ја поттикнува инклузијата и достапноста на спортот за сите. „Вистинската вредност на спортот е во можноста секој да учествува, да биде прифатен и да се чувствува како дел од заедницата. Токму таа порака ја испраќа инклузивната трка „Run Together 2026“, настан кој преку спортот ги обединува сите луѓе со добра волја. Ми претставува особено задоволство што Министерството за спорт ја поддржува оваа прекрасна иницијатива, која покажува дека спортот е многу повеќе од натпреварување – тој е заедништво, еднаквост, почитување и можност за сите“ - истакна Огњеновски. Во трите досегашни изданија трката обедини над 2.250 учесници и поддржувачи од целата држава. Спорт достапен за сите во целата држава е една од целите и заложбите на Министерството за спорт што се реализира преку програмата за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура и поддршка за спортските и рекреативните настани кои значат промоција на спортот и на спортските вредности. Со почит, Министерство за спортТагови: Министерство за спорт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаПретрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 13.11.2026 во 23:10 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(29) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, извршен со наредба од Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето. Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Неготино, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, координаторот на пратеничката група на ЗНАМ и член на Извршниот одбор, Бобан Карапејовски, директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Александар Гелевски, како и државниот секретар во Министерството за земјоделство, сточарство и водостопанство, Надица Џерковска. Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека Извештајот на Европската комисија за 2026 година е доказ за напредокот и предизвиците во клучните области од работењето на институциите, посочувајќи дека во областите во кои ЗНАМ има свои функционери е нотиран значаен напредок. „Резултатите не се мерат според тоа колку гласно зборувате за нив, туку според тоа што навистина сте го направиле. Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за оценување на институционалниот напредок, а ЗНАМ преземените одговорности ги преточи во конкретни промени и подобри институции.“ истакна Димитриевски. Во таа насока, тој се осврна на резултатите во областите на правосудството, јавната администрација и дигиталната трансформација. Извештајот на Европската комисија нотира напредок во повеќе сегменти, меѓу кои усвојувањето на новиот Закон за Судскиот совет, надградбата на Информациониот систем за за управување со човечките ресурси и проширувањето на понудата на електронски услуги за граѓаните. Димитриевски посочи дека ЗНАМ е единствената партија која ги презентира резултатите од работата на своите функционери пред граѓаните, нагласувајќи ја важноста на отчетноста како принцип на политичкото и институционалното дејствување. „Отчетноста значи да застанете пред граѓаните, да кажете што сте ветиле, што сте реализирале и што останува да се направи. Тоа е суштината на јавната одговорност. Нашите средби не се само осврт на изминатиот период, туку и можност отворено да се разговара за следните чекори и за обврските што ги преземаме“ нагласи претседателот на ЗНАМ. Димитриевски нагласи и дека активно се спроведуваат активностите предвидени со Акцискиот план за 2026 година на Движењето ЗНАМ, со посебен акцент на организациското јакнење. По формирањето на Клубот на млади, во наредниот период следува и формирањето на Клубот на жени, како дел од планираните активности за развој на партиската структура. Движење ЗНАМ останува посветено на политиката на отчетност, одговорност и исполнување на преземените обврски, затоа што довербата на граѓаните не се бара со зборови, таа се гради со работа и се оправдува со резултати. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00