Царинска управа: Поднесена кривична пријава против косовскиот државјанин кој насилно ја преминал граничната линија
ВМРО-ДПМНЕ: Изборниот законик не се донесе за СДС, ДУИ и Левица да имаат алиби и да се претстават жртви на следниот се поизвесен изборен пораз
1Царинска управа: Поднесена кривична пријава против косовскиот државјанин кој насилно ја преминал граничната линија
2ВМРО-ДПМНЕ: Изборниот законик не се донесе за СДС, ДУИ и Левица да имаат алиби и да се претстават жртви на следниот се поизвесен изборен пораз
3Тешка несреќа во Уганда: Возачот изгубил контрола, автобус полн со деца излетал од патот,голем број загинати
СкијањеАвстријката Фенингер победничка на денешната велеслаломска трка во МариборАвстриската скијачка Ана Фенингер е победничка на денешната велеслаломска трка што се возеше во Марибор, Словенија. Таа на целта стиган со вкупно време 2:24.50 минути. Фенингер до победата дојде со одлично возење во последната третина од втората трка кога успеа да надополни половина секунда во однос на второпласираната Викторија Ребенсбург од Германија која заостана само четири стотинки. На подиумот место имаше и за третопласираната Тина Вајратер од Лихтенштајн која беше 30 стотинки побавна зад победничката. Пласман во велеслалом Светски куп: Фенингер 342 бода, Ева-Марија Брем (Австрија) 296, Микаела Шифрин (САД) 271. Во Генералниот пласман води Тина Мазе (Словенија) со 985 бода, пред Фенингер која собра 901, следуваат Американките Микаела Шифрин – 650 и Линдзи Вон 646,... Утре во Марибор ќе се вози женскиот слалом. зс/сд/15:21 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФИФА во американски стил, победниците на Мундијалот ќе добијат и шампионски прстениСветската куќа на фудбалот - ФИФА дополнително го „американизираше“ Светското првенство пред неделното големо финале во Њу Џерси меѓу Аргентина и Шпанија. ФИФА воведе уште една новина инспирирана од американската спортска традиција, бидејќи победникот на Светското првенство во 2026 година, покрај пехарот и златните медали, за првпат ќе добие и шампионски прстени. Како што е објавено на официјалната веб-страница на ФИФА, на победничкиот тим по финалето меѓу Шпанија и Аргентина ќе му бидат врачени специјално изработени прстени. Ова претставува преседан во историјата на натпреварувањата на ФИФА и дополнително го доближува најважниот фудбалски турнир до обичаите што со децении се карактеристични за професионалните лиги во САД. Прстенот ќе биде изработен во ограничена серија од вкупно 2.026 нумерирани примероци, како симбол на годината во која се одржува првенството. Триесет примероци се наменети за членовите на шампионскиот тим, додека преостанатите 1.996 ќе им бидат понудени на навивачите како официјално лиценциран сувенир. На едната страна од прстенот ќе биде прикажан трофејот од Светското првенство, додека другата страна ќе биде прилагодена на визуелниот идентитет на победничкиот тим. Секој примерок ќе има уникатен сериски број, ќе биде изработен по нарачка и ќе се испорачува со сертификат за автентичност. Финалето на Светското првенство ќе се одигра во недела, 19 јули, на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси. Веднаш по финалето, капитенот и селекторот на шампионскиот тим ќе добијат привремени копии од прстените, додека сите 30 прстени ќе бидат персонализирани за секој член на тимот. Шампионските прстени се еден од најпрепознатливите симболи на успех во американскиот професионален спорт, особено во лигите како што се NFL, NBA, MLB и NHL. Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦаринска управа: Поднесена кривична пријава против косовскиот државјанин кој насилно ја преминал граничната линијаПоднесена кривична пријава против косовскиот државјанин кој насилно ја преминал граничната линија откако беше фатен во обид да криумчари дрога.Косовскиот државјанин Р.Е. е лишен од слобода, откако на граничниот премин Блаце, при царинска контрола, насилно и противзаконски го преминал преминот со автомобил во кој криумчарел дрога, при што го довел во опасност животот на царинскиот службеник кој го запрел за детална контрола. Против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори", како и за „спречување службено лице во вршење службено дејствие", двете казниви според Кривичниот законик. На 15 јули, во вечерните часови, царинските службеници на граничниот премин Блаце го застанаа за царинска контрола сега приведениот Р.Е. Контролата е извршена од двајца царински службеници, при што лицето е повикано да го отвори багажникот на возилото за проверка. Во моментот кога осомничениот увидел дека еден од царинските службеници ја забележал кесата под совозачкото седиште и посегнал да ја провери, противзаконски влегол во возилото и насилно ја преминал граничната линија, повлекувајќи го царинскиот службеник кој се обидел да го сопре. Повикана е граничната полиција, која заедно со царинскиот службеник, по десетминутна потера, му го пресече патот и лицето е лишено од слобода. Осомничениот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги при Царинска управа, кое го презеде случајот и по спроведените истражни дејствија поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје. Во текот на бегството, осомничениот, ја фрлил кесата со дрога која е пронајдена во близина на местото на приведувањето. По налог на јавен обвинител, дрогата е дадена на вештачење, при што е утврдено дека станува збор за опојна дрога марихуана со тежина од еден килограм. Кај осомничениот е пронајдено и ладно оружје. Царинскиот службеник кој насилно беше повлечен при обид да го спречи осомничениот во бегството, се здоби со лесни телесни повреди. Двајцата царински службеници кои учествуваа во интервенцијата на граничниот премин Блаце, се пример за секојдневната храброст која вработените ја вложуваат во службата, со цел заштита на државата. Тагови: царина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСилно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Технологија„Спејс Екс“ го одложува 13-от пробен лет на „Starship“ во последен моментЛансирањето на ракетата „Старшип“ на „Спејс Екс“ вчера е откажано во последен момент пред нејзиниот 13-ти пробен лет од Тексас, со што мисијата е одложена до следната недела, додека компанијата истражува што го предизвикало прекинот.„Го запревме погонскиот мотор кога моторите на „Раптор“ почнаа да се палат“, изјави портпаролот на „СпејсИкс“, Ден Хаут, зборувајќи во пренос во живо. „Ќе поминеме некое време истражувајќи што го предизвикало тој прекин кога лансирачкиот засилувач почнал да пука, по што ќе откриеме каков ќе биде нашиот пат понатаму“, додаде тој. „Некои од моторите не запалија“. Прекинот на лансирањето се случи помалку од една секунда пред закажаниот лет во 18:45 часот по локално време во Старбејс, оперативниот центар на SpaceX во Јужен Тексас. „Некои од моторите не успеаја да се вклучат, што предизвика автоматско прекинување на лансирањето. Сега го истоваруваме горивото. Следниот обид за лансирање се очекува за неколку дена“, напиша извршниот директор на компанијата, Елон Маск, на Сју.Тагови: Спејс Икс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook