Австријка која го чувала синот (12) во бокс за кучиња се брани на суд: Сакав да ме слуша

Во тридневното судење, кое започна денеска во регионалниот суд во Кремс, Австрија, мајката која го малтретирала својот 12-годишен син се бранела велејќи дека само „сакала да го прави она што му кажала“.

Вознемирувачката содржина била прикажана како дел од доказите, а на неа е прикажано гладно, видно измачено и болно момче кое трпело насилство со месеци. Црвени рани, џумки на главата, рани на рацете, сето тоа е прикажано на судот во форма на фотографии и видеа, објави Билд.

„Тој само врескаше цело време, не слушаше“, рекла мајката, објаснувајќи зошто го врзала и му ја затворила устата со селотејп.

Таа му испратила фотографии и видеа на својата пријателка и додала дека го ставила во бокс за куче кога тој се заканил дека ќе скокне од прозорецот, а според извештаите, момчето веќе еднаш го направило тоа, во октомври 2022 година.

„Сакав да ме слуша, да го прави тоа што ќе му кажам.“

На суд, мајката и нејзината наводна пријателка, втора обвинета за злоставување на момчето, изгледале резервирано и срамежливо. Според австриските медиуми, нивната блискост изгледа многу чудно „како за врска“.

Според извештаите, мајката ретко го пуштала момчето да оди на училиште, а во повеќето случаи барала совет и дозвола од својата пријателка што да прави.

Кога судијата ја прашал дали го пуштала да оди на училиште, мајката се расплакала.

Следното прашање се однесувало на исхраната на момчето, бидејќи во периодот од пролетта 2022 до ноември 2022 година изгубило повеќе од 20 килограми или 30 отсто од својата телесна тежина. По оваа сцена и двете жени заплакале.

„Мислев дека ќе земе нешто на училиште“, му рекла мајката на судијата кога ја прашале што јадело момчето.

Таа на суд признала сѐ што му правела на момчето.

„Го полив со вода кога не сакаше да стане или кога беше болен. Беше влажен и го отворав прозорецот. Неколку пати на ден по час и половина. Температурите тогаш варираат помеѓу минус 3 и неколку степени“, рече 33. -годишната мајка на суд.

Да потсетиме, едно од најтешките злоставувања на деца во Австрија се случило кога, како што се наведува, мајка (32) и непозната 40-годишна жена со месеци малтретирале момче (12), го чувале во бокс за кучиња и го поливале со ладна вода.

Вучевиќ: Воен рок ќе трае 75 дена

За војската ова е предизвик да подготви обука за толку краток временски период.

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ денеска изјави дека Владата му наложила на Министерството за одбрана итно да подготви измена на Законот за укинување на суспензијата на воениот рок, „така да одиме кон седница на Собранието за да го вратиме воениот рок“, јави дописникот на МИА од Белград.

- Мислам дека в петок ќе имаме седница на Владата на која ќе го усвоиме предлогот за измена на законот. Го поканивме претседателот на државата Александар Вучиќ како врховен командант да присуствува бидејќи темата е во рамките на неговата уставна јурисдикција, изјави Вучевиќ на ТВ Пинк.

Тој потврди дека воениот рок ќе трае 75 дена, „што не го нарушува животот, школувањето, студирањето, работата, мајките и татковците ќе бидат суштински благодарни затоа што војската ќе ги подготви нивните синови уште подобро за живот, така што тие ќе стасаат и ќе станат мажи“.

-За војската ова е предизвик да подготви обука за толку краток временски период, бидејќи порано таа беше многу подолга. Подготвуваме касарни, униформи, за да им биде интересно, изјави Вучевиќ.

Тој изјави дека момчињата кои завршиле електротехника, машинство, ќе бидат ангажирани да служат воен рок во, на пример, Воено-техничкиот институт, ремонтни заводи за да може веднаш да се употреби нивното знаење.

- Ќе имаме доста млади луѓе кои се мајстори за возење дронови, кои ќе ни помогнат во ова. Тие се повеќе смртоносни со дрон отколку со пушка. Војската ќе добие многу различен потенцијал да ги зајакне своите способности, рече Вучевиќ.

Тој додаде дека Србија не се подготвува за војна, туку ќе го чува мирот, бидејќи „колку е посилна војската, толку е побезбеден нашиот мир“.

Српскиот премиер нагласи дека професионалниот состав на војската не се укинува и дека е наменет за најтешките задачи. /МИА

Најмалку осум луѓе загинаа обидувајќи се нелегално да го поминат Ла Манш

Осум луѓе загинаа синоќа додека се обидувале да го поминат каналот Ла Манш од Франција во Англија, соопшти француската полиција.

Спасувачките служби биле алармирани откако гумениот чамец со 50 луѓе почнал да тоне северно од Булоњ-сур-мер во Па-де-Кале.

Несреќата се случи за помалку од две недели откако 12 лица, меѓу кои шест деца и една трудница, загинаа кога потона брод со десетици мигранти. Во несреќата на 3 септември годинава загинаа најмногу луѓе на Ла Манш.

Во изминатите два дена зголемен е бројот на обиди за преминување на каналот поради мирното време. Француските поморски власти објавија дека во петокот и саботата за 24 часа биле спасени 200 луѓе. /МИА

Албанија бележи рекордни странски инвестиции, доминираат вложувањата во недвижен имот

Централната банка на Албанија оценува дека растот на странските инвестиции е главен фактор за зајакнување на домашната валута - лекот.

Во првата половина на годинава Албанија забележала рекорден износ на странски инвестиции или 749 милиони евра што за 55 милиони повеќе во споредба со истиот период минатата година и 113 милиони евра повеќе во споредба со 2022 година, објави Централна банка на Албанија.

Според истиот извор само во вториот квартал, странските директни инвестиции се проценети на 395 милиони евра, со раст од околу четири отсто на годишно ниво. Најмногу вложувале Холандија, Италија и Турција.

- Во вториот квартал од 2024 година, влезните девизни текови во форма на странски директни инвестиции главно биле концентрирани во недвижности во обем од 25 проценти, секторот за финансиско посредување, нафтата и транспортот. Интересот за недвижности е директно поврзан со интересот на странците да купуваат имот и куќи, особено на крајбрежјето, наведува Банката.

Централната банка на Албанија оценува дека растот на странските инвестиции е главен фактор за зајакнување на домашната валута - лекот, бидејќи директно влијае на зголемувањето на оптекот на европската валута во албанската економија.

Годинава, вредноста на еврото доживеа рекорден пад, и сега се менува за 99 леки. /МИА

притисни ентер