СветАвстријка ќе оди во затвор зашто го заразила соседот со Ковид- тој починал, а имал и рак Жена од Корушка е осудена за убиство од небрежност бидејќи заразила сосед со вирусот САРС-КоВ-2 во декември 2021 година, кој потоа починал.За убиство од небрежност, 54-годишната жена доби четири месеци затвор и парична казна од 800 евра. Овој случај е потврда дека е можно да се осуди некој за убиство со коронавирус, т.е. утврди дека кривичното дело убиство од небрежност е сторено со тоа што конкретен вирус или кластер на вируси преминал од „сторителот“ на кривичното дело на „жртвата“ на неутврден начин. Госпоѓата од Австрија е осудена за убиство на лице, кое претходно боледувало од рак. „Жената мораше да одговара по втор пат пред регионалниот суд во Клагенфурт поради нејзината болест предизвикана од коронавирусот. Минатото лето беше осудена на 4 месеци условна затворска казна за намерно загрозување на лица со заразни болести“, пишува австриски Куриер и објаснува: „Виролошкиот извештај покажа совпаѓање на вирусната ДНК од ПЦР примероците на обвинетиот и лицето кое подоцна умрело. Примерокот го изненади експертот кој вчера изјави: „такво 100 процентно совпаѓање е многу ретко бидејќи коронавирусот брзо се менува“. „Во обновениот судски процес, кој се уште е во тек, судијката Сабине Гец мораше да ги разјасни можните контакти меѓу обвинетата и нејзиниот сосед. Ова беше изјава против изјава: синот и снаата на починатиот, како и неговата сопруга изјавиле дека имало контакт на скалилата на 21.12.2021 година (односно во моментот кога обвинетата веќе знаела дека имала ковид). Пријавената стоела на вратата од нејзиниот стан во ходникот од зградата, додека лицето кое подоцна починало стоело наспроти неа. Семејството на починатиот се пожали на сосетката“, опишува Куриер. Синот и снаата на починатиот пациент изјавиле: - Изгледаше навистина болно. Ја прашав дали има корона, таа рече не ,тоа е само грип“, рече синот. Беше многу загрижен бидејќи знаеше колку може да биде опасна инфекцијата со Ковид за пациентите со рак. Обвинетата жестоко го негираше тоа: „Тој ден не можев да станам од кревет или да зборувам затоа што бев многу болна. Така што тоа не можеше да се случи на тој начин“, рече таа. Жената, исто така, за време на судењето рече дека инфекцијата со коронавирус никогаш не била тема за неа: „Јасно ми беше дека тоа е бронхитис, кој го имам секоја година во зима“. Нејзиниот лекар, исто така, снимил уште една контроверзна изјава на обвинетата пред полицијата: „Сигурно нема да дозволам да ме уапсат“, му рекла кога брзиот тест за корона бил позитивен. „Не си го олеснивте донесувањето на пресудата“, рече судијата Гец објаснувајќи ја пресудата и додаде: „Лично ми е жал за вас - мислам дека вакво нешто веројатно се случило сто пати. Но, вие ја имате несреќата што вештакот речиси со сигурност утврдил дека инфекцијата потекнува од вас. Ова ми ја даде потребната сигурност да донесам пресуда за вина“, заклучила судијката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЈеменските Хути ослободија 600 воени заробенициЈемските бунтовници Хути изјавија дека ослободиле околу 600 луѓе заробени за време на најновата ескалација на конфликтот во Јемен, а Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) го потврди нивното ослободување.Службеникот на Хутите задолжен за прашањата на затворениците, Абдул Кадер ал-Муртада, рече дека ова е „најголемото еднострано ослободување на притвореници во двегодишната граѓанска војна во Јемен“, објави Ал Џезира. Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) потврди дека „властите во Сана, со поддршка на тимови од организацијата, еднострано ослободија 600 луѓе „кои беа притворени во врска со вооружениот конфликт“. „Нашите претставници разговараа со секој од затворениците пред ослободувањето, поддржувајќи го нивното достоинствено враќање во своите домови“, соопшти МКЦК. Организацијата нагласи дека нема никаква улога во утврдувањето на бројот на ослободени или во одлучувањето кој ќе биде ослободен. Извор: Б92Тагови: Хутите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МетеоУтре променливо облачно со повремени сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работиВо рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ! Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот! Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter