1Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
3Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
СкијањеАвстријците најдобри на „Четирите скокалници“, Аман со тежок пад Стефан Крафт од Австрија е победник на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ која вчеравечер заврши во Бишофсховен каде победи неговиот сонародник Михаел Хајбек за потполна радост на домашните навивачи. Крафт на последната скокалница од турнејата беше трет, пласман доволен за вкупна победа, додека Хајбек ја забележа првата победа откако се натпреварува во светскиот куп. Тој се искачи на највисокото место на подиумот со скокови од 137,5 и 136,5 метри или вкупно 288,4 бодови. Второпласиран во Бишофсховен беше Норијаки Касаи од Јапонија со 277,1 бод, Крафт освои 271,3 бода. Натпреварот го одбележа и Швајцарецот Симон Аман кој имаше тежок пад во втората серија по што заврши во болница со повреди на главата и според последните информации се наоѓа во стабилна состојба. Генерален пласман во Светскиот куп: Хајбек 689 бодови, Крафт 617, Петер Превц (Словенија) 584, Роман Куделка (Чешка) 576, Андрес Фанмел (Норвешка) 566, Аман 556,.../МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИзбори во Бразил: Болсонаро испрати остра порака од гласачкото место Бразилскиот претседателски кандидат Флавио Болсонаро, откако гласаше во вториот круг од претседателските избори на гласачко место во Рио де Жанеиро, изјави дека „дојде време за промени“.„Дојде време за вистински промени. Бразил не може да издржи уште четири години на својот сегашен пат“, рече Болсонаро, објави „Глобо“. Синот на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро беше придружуван од неговата сопруга Фернанда Антунес Болсонаро. Болсонаро и сегашниот бразилски претседател Луиз Инасио Лула да Силва, левичар, се натпреваруваат во вториот круг. Тие имаат спротивставени идеолошки ставови за односите меѓу САД и Бразил, климатските промени, социјалната заштита и други прашања. Победата на Болсонаро би означила поместување кон десно за најнаселената земја во Латинска Америка и нејзината најголема економија. Избирачките места се отворија во 8 часот наутро и ќе се затворат во 17 часот по бразилско време. Во првиот круг, Болсонаро освои 2,2 милиони гласови повеќе од Лула. Во Бразил, гласањето е целосно електронско, што значи дека гласовите се бројат побрзо отколку во другите земји.Тагови: Болсонаро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаДесетгодишно девојче се јавила во болница поради болки во стомакот, докторите откриле дека е бремена- уапсен е очувот Ужасен случај на сексуална злоупотреба на деца ја потресе Аргентина откако лекарите утврдија дека 10-годишно девојче е бремено шест месеци. Полицијата го уапси нејзиниот очув (33), кој е осомничен дека сексуално ја злоупотребил. Девојчето и нејзината мајка дошле во болницата во Колонија Дора, во аргентинската покраина Сантијаго дел Естеро, жалејќи се на болки во стомакот. За време на прегледот, лекарите откриле дека детето е во напредна фаза од бременоста. Според австрискиот Krone, девојчето рекло дека нејзиниот очув ја злоупотребувал додека нејзината мајка била отсутна. Медицинскиот персонал ги известил властите, по што е започната истрага. Според аргентинските медиуми, полицијата уапсила 33-годишен маж во вторник во рурална област на департманот Авеланеда. За време на операцијата, му бил запленет мобилен телефон, кој ќе биде предмет на вештачење. Истрагата ја води обвинителот Гилермо Фаријас, а властите се обидуваат да ги утврдат сите околности на злоупотребата и евентуалната кривична одговорност на осомничениот. Според медиумските извештаи, мајката на девојчето има 25 години и е исто така бремена со уапсениот маж. Двајцата се запознале преку интернет и почнале да живеат заедно пред околу една година. Семејството има и уште три малолетни деца. Аргентинските медиуми известуваат дека истражителите продолжуваат да собираат докази, додека конечната одговорност на осомничениот ќе биде утврдена на суд.Тагови: бремена девојче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТежок инцидент пред избирачко место во Панчево- настана општа тепачка (ВИДЕО)Денеска се случи сериозен инцидент пред Земјоделското училиште во Панчево, каде што се наоѓа гласачкото место, кога група маскирани мажи се судрија со неколку млади мажи. За време на тепачката, беа употребени и пиротехнички средства, а најмалку едно лице е повредено, објави Телеграф. Како што објави на социјалните мрежи локалниот портал „Панчево си ти“, група маскирани мажи нападнаа неколку луѓе на улицата пред училиштето, додека снимки од насилството набрзо се појавија на социјалните мрежи. Снимките покажуваат физичка конфронтација, при што некои учесници користеа пиротехнички средства. Еден млад човек беше удрен во лицето, по што беше снимен со видливи повреди и крв на лицето. Според извештаите на локалните медиуми, за време на инцидентот беа употребени и стапови, а некои од учесниците носеа маски и качулки. Набрзо на местото на настанот пристигнаа полицајци, кои интервенираа по конфронтацијата. И покрај инцидентот пред Земјоделското училиште, гласањето на гласачкото место продолжи непречено, објавува „Блиц“. Во моментов нема официјални информации за бројот на евентуално приведени лица, ниту пак се познати сите околности што доведоа до конфликтот. Снимките од инцидентот се споделуваат на социјалните мрежи. Погледнете ги снимките од инцидентот: Pančevo danas: Jeziva tuča bakljama kod izbornog mesta https://t.co/ZivLShktZo — FantomBeograda (@FantomBeograda) October 25, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter