Австрија противник на македонските одбојкари во Европската лига - Канал 5

Австрија противник на македонските одбојкари во Европската лига

Репрезентацијата на Австрија ќе биде противник на македонската одбојкарска репрезенцаија во полуфиналето на Европската лига.

Австрија противник на македонските одбојкари во Европската лига
Ова е исходот по вчера одиграниот меч од групата Б во кој Австрија загуби од Естонија во неизвесен дуел со 3:2 по сетови 25-14, 25-22, 23-25 и 34-32, по кој Австријците завршија како второплсирани во оваа група.

Па така Македонските одбојкари, кои групната фаза ја завршија со максимален учинок од шест победи во исто толку одиграни натпревари, и го освојија првото место во А групата, во полуфиналето на завршниот фајнал-фор турнир кој ќе се одржи во Варна, Бугарија, за противник ќе ја имаат селекијата на Австрија.

Македонија веќе има искуство со Австрија од неодамна и тоа позитивно, кога во првата сезона за нас во Европската лига во 2014 година, како гости на два наврати ги совладавме Австријците со 3-1 во сетови.

Полуфиналните натпревари на завршниот турнир ќе се играат на 1 јули, додека финалето и мечот за трето место ќе се играат ден подоцна. Во второто полуфинале ќе играат домаќинот Бугарија и репрезентацијата на Естонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии

Царински службеници на граничен премин Богородица запленија седум млади змии, од кои четири питони и еден гуштер, откако истите во соработка со полициски службеници беа откриени при контрола на возило управувано од косовски државјанин. 

Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии

Со намера да нелегално да ги внесе во државава, сторителот, змиите претходно спакувани во кутии и марами ги скрил под седиштето. Главно станува збор за заштитени видови, два питони од видот „Carpet Spilota“, еден питон од видот „Short tailed“, еден питон од видот „Brandly Carpet“, една змија „Chinese Ring rat“, како и од „Raticulated Super Dwarf“. Воедно меѓу запленетите змии е и отровна змија „Baron sneake“.

Влекачите ќе бидат предадени на надлежните институции, а против сторителот од страна на Царинска управа е поведена соодветна постапка.

Потенцираме дека заштитените видови се строго регулирани со задолжителни дозволи согласно Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна и секој внес без овие дозволи се смета за недозволен внес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драматични сцени по земјотрес во Панама: Згради се нишаат, оштетени цркви и хотели...

Силниот земјотрес што во синоќа ја погоди Панама предизвика голема материјална штета, а на социјалните мрежи се шират драматични снимки од оштетени и урнати згради.

Драматични сцени по земјотрес во Панама: Згради се нишаат, оштетени цркви и хотели...

Особена загриженост предизвикуваат сцените од градот Пенономе, оддалечен повеќе од сто километри од епицентарот, каде што се оштетени цркви, хотели и други објекти.

Земјотресот беше почувствуван и во соседните држави, додека надлежните служби продолжуваат да ги проценуваат последиците. Според првичните податоци од Институтот за геонауки при Универзитетот во Панама, земјотресот имал магнитуда од 7, а жариштето било на длабочина од десет километри, на околу 39 километри западно од Тоноси.

Сепак, подоцнежните анализи на меѓународните сеизмолошки институции укажаа на посилно тресење на тлото.

Американскиот геолошки институт (USGS), во еден од своите прелиминарни извештаи, ја процени магнитудата на 7,7 и предупреди на можноста од човечки жртви и голема материјална штета.

Бројни видеа што набрзо се појавија на интернет сведочат за силината на земјотресот. Жителите опишуваат како зградите силно се нишале, предмети паѓале од мебелот, а многумина во страв истрчале надвор од своите домови.

Според информациите објавени од CNN, потврдена е автентичноста на снимките од Пенономе на кои се гледаат тешко оштетени згради.

Меѓу нив е и црква чија камбанарија делумно се урнала, додека оштетен е и дел од надворешната фасада на друга зграда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Целосно реконструирана улица „9“ во н.м Илинден

Општина Илинден целосно ја реконструираше улица „9“ во населеното место Илинден, капитален инфраструктурен проект од суштинско значење за подобрување на сообраќајната поврзаност, безбедноста и квалитетот на живот на граѓаните.

Целосно реконструирана улица „9“ во н.м Илинден

Со реконструкцијата на улицата во должина од околу 1.200 метри и широчина од 6 метри, со изградбата на тротоари од двете страни, како и со уредување на водоводната и канализационата мрежа и останатата подземна инсталација, се заокружува еден капитален инфраструктурен зафат со кој се унапредуваат условите за одвивање на сообраќајот и движење на пешаците.

Улица „9“ претставува важна сообраќајна артерија која поврзува повеќе населени места и патни правци. Нејзината важност е дополнително нагласена и со фактот што долж неа се наоѓаат објекти од јавен интерес кои секојдневно ги користат голем број граѓани, меѓу кои зградата на Општина Илинден, ООУ „Гоце Делчев“ и Домот на култура „Илинден“.

„Реализацијата на овој проект е дел од континуираните активности на Општина Илинден за реконструкција, модернизација и унапредување на локалната инфраструктура. Преку вложувањата во улиците и патната мрежа, Општината создава подобри услови за секојдневно движење, полесна пристапност до јавните објекти и поефикасно поврзување на населените места.“ – истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

Општина Илинден продолжува со реализација на проекти насочени кон развој на локалната инфраструктура, унапредување на комуналните услови и создавање современа, безбедна и квалитетна средина за живеење за сите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер