Австралискиот премиер се премисли- ќе учествува на самитот за климата COP26 во Глазгов

Австралискиот премиер Скот Морисон денеска ја повлече упатената закана дека следниот месец ќе го пропушти исклучително важниот самит на ОН за климата, откако состанокот го нарече „важен настан", пренесоа француските медиуми.

-Го потврдив моето присуство на самитот во Глазгов, на кој со нетрпение очекувам да присуствувам, им рече Морисон на новинарите.

Наоѓајќи се под зголемен притисок за усвојување поамбициозни цели за климата, конзервативниот лидер навести дека нема да им се придружи на другите шефови на влади во најголемиот шкотски град.

Но, неговите коментари ги разгневија активистите за климата и беа примени како директно дипломатско одбивање на Обединетото Кралство, домаќин на самитот и близок сојузник.

Во една од ретките свои политички изјави, британскиот принц Чарлс изрази изненадување од неподготвеноста на Морисон и кажа дека би било „катастрофа" доколку лидерите не преземат одлучни дејствија за запирање на климатските промени.

Австралија, земја за која се смета дека заостанува во бробата против климските промени, е еден од најголемите светски извозници на јаглен и гас и долго време се спротивставуваше на целта да се усвои неутралност во однос на емисиите на јаглерод.

Иако се приближи до одредување на крајниот датум за завршување на оваа цел, 2050 година, Морисон одби да ја постави целта како задолжителна и се уште не се обврзува со позначајни цели за намалување на емисиите до 2030 година.

Самитот во Шкотска, што ќе трае 12 дена, ќе биде најголемата конференција за климата по преговорите во Париз во 2015 година и се смета за клучен чекор во поставувањето на целите за намалување на глобалните емисии за забавување на глобалното затоплување.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер