Австралискиот премиер нема да се сретне со Макрон во Њујорк

Откажувањето на договорот ја налути Франција, која ги обвини Австралија и САД дека ја прободеле со нож во грбот и ги повлече своите амбасадори од Канбера и Вашингтон.

Австралискиот премиер Скот Морисон денеска соопшти дека нема да разговара со францускиот претседател оваа недела во Обединетите нации, иако гневот на Франција поради откажувањето на одбранбениот договор тежок 40 милијарди долари може да го загрози трговскиот договор меѓу Австралија и Европската унија.

Австралија минатата недела го откажа договорот со француската поморска група за изградба на конвенционални подморници и наместо тоа ќе изгради најмалку осум подморници со нуклеарен погон со американска и британска технологија, по трилатералното безбедносно партнерство со двете земји.

Откажувањето на договорот ја налути Франција, која ги обвини Австралија и САД дека ја прободеле со нож во грбот и ги повлече своите амбасадори од Канбера и Вашингтон.

Додека американскиот претседател се обидуваше да разговара со францускиот претседател Емануел Макрон за да ги намали тензиите, Морисон рече дека нема да има одделни билатерални средби со францускиот лидер.

– Сега нема можност за тоа. Сигурен сум дека таква можност ќе се појави со време, изјави Морисон пред новинарите во Њујорк одговарајќи на прашањето дали ќе разговара со Макрон на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

Полицијата изврши претрес во бриселската канцеларија на европратеникот од АфД, Крах

Случајот со вработениот во Крах предизвика загриженост во Европа за кинеските шпионски активности. Германија, исто така, уапси три лица минатиот месец за пренос на чувствителна технологија за воени цели во Кина.

Германските истражители денеска наредија претрес на канцеларијата во Брисел на европратеникот на екстремната десница Алтернатива за Германија (АфД) Максимилијан Крах, откако неговиот помошник беше уапсен минатиот месец под сомнение дека шпионирал за Кина.

Случајот со вработениот во Крах предизвика загриженост во Европа за кинеските шпионски активности. Германија, исто така, уапси три лица минатиот месец за пренос на чувствителна технологија за воени цели во Кина.

Случајот ја намали поддршката на АфД во анкетите пред европските избори во јуни. Крах е водечки кандидат на таа партија.

Мерките се дел од постапката против Џијан Г. поради сомнение дека дејствувал како разузнавач, соопшти германското обвинителство, додавајќи дека претресите биле извршени и во канцеларијата на Крах и во канцеларијата на неговиот помошник.

Еден од становите на помошникот бил претресен на 24 април, соопштија истражителите.

Крах на Х го потврди претресот на канцеларијата на неговиот поранешен вработен.

- Ова се очекуваше по неговото апсење и затоа воопшто не изненадува. Ниту јас, ниту вработените не сме опфатени со тоа, напиша тој.

Нови цени на бензините

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70% во однос на одлуката од 29.4.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,438%, кај дизелот за 2,100%, кај екстра лесното масло за 2,605% и кај мазутот намалувањето е за 1,907%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,407%

Од 8.5.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 86,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 88,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,832 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,829 ден/кг и сега ќе изнесува 45,832 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.5.2024 година, стои во соопштението од РКЕ.

Барселона е заинтересирана за Дарвин Нуњез

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез може да ја продолжи кариерата во Шпанија, пренесува „The Sun“.

Според британскиот весник, Барселона е заинтересирана за 24-годишниот Уругваец. Каталонскиот клуб го гледа напаѓачот како замена за Роберт Левандовски.

Оваа сезона Нуњез одигра 52 натпревари, постигна 18 голови и 13 асистенции.

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 70 милиони евра.

притисни ентер