Австралиски олимписки боксер: Ги лакирам ноктите, сакам да носам фустани - Канал 5

Австралиски олимписки боксер: Ги лакирам ноктите, сакам да носам фустани

Хари Гарсајд е австралиски боксер кој се натпреварува во лесна категорија на Игрите.

Австралиски олимписки боксер: Ги лакирам ноктите, сакам да носам фустани

Тој стигнал до полуфиналето каде ќе се натпреварува со Кубанецот Енди Круз, но Гарсајд го ​​привлече вниманието на јавноста со активностите надвор од рингот.

Тој објави слика на својот профил на Инстаграм на која се гледа како ги лакира ноктите пред борба. Во интервју за австралиските медиуми, тој ја објасни својата постапка: "Денес ги средив ноктите. Само сакам да ги скршам стереотипите, да бидам искрен со себе. Тоа ми е многу важно. Има многу луѓе кои мислат дека треба да бидат нешто само затоа што се машки или женски.Јас мислам поинаку“.

Боксерот, кој обезбеди за себе и за својата татковина барем бронзен медал, додаде дека сакал да направи настап на отворањето на Игрите: „Сакав да облечам фустан, но не го направив затоа што може да навреди некого. Чувствував дека некои луѓе ќе го сфатат како провокација, па затоа се одлучив за поинаков гест “.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар

Советот на општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата центар. 

Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар

На денешната седница, во тензична атмосфера сите девет советници едногласно се изјаснија против иницијативата според која дата центарот би се правел на пет парцели кои според достапните информации во Агенцијата за катастар се во атарот на селото Панчарево со површина од околу 30 декари и имаат двајца сопственици. Но инвеститорот не е објавен ниту пак други детали околу самиот проект. Да се тргне од дневен ред оваа иницијатива предложи и самиот градоначалник на Пехчево Александар Китаноски како што рече по силни реакции на граѓаните..

-Останувам на моето мислење и покрај тоа што има некои придобивки, можеби има некои штетни влијанија, по консултации ми кажуваат дека уредите ствараат буџава, но не сум запознаен. Моето мислење е, бидејќи поголем дел од граѓаните реагираа , таа иницијатива да се тргне од денецен ред и процедурата и постапката за иницијативата да заврши тука. – Александар Китански – Градоначалник на О. Пехчево

Како точката се најде на дневен ред не е познато, но и петте советници на ВМРО-ДПМНЕ и опозициските предвоени од СДСМ претходно побараа да биде тргната.

Пехчево на денешната седница присуствуваа И жители на кои сакаа и да се вклучат во расправата.

Прашан за случувањата во Пехчево околу иницијативата за иградба на дата центар, премиерот Христијан Мицкоски кажа дека станува збор за пријаватна иницијатива, која Владата генерално ја поддржува, доколку се почитуваат еколошките стандарди.

-Тоа што беше во Општина Пехчево е приватна иницијатива, не е владина политика. Вештачката ителигенција и податоќните центри се замене новата нафта. Ако сега не го препознаеме тој момент и не обезбедиме услови со што нормално ќе биде заштитена и животната средина и грашаните, тогаш не можеме да обезбедиме долгорочен раст на држават и македонската економија. Апсолутно стојам позади тоа дека треба да се градат дата центри, се разбира соодветно на законот, да не настане нарушување на животната средина. Државата има ваква политика, конзистентна и ќе продолжи во таа насока, затоа тие што ја мразат Македонија и кои не скааат да се развива во оваа насока ќе продолжат за нивните грантови да растураат пердува. А наша цел е да продолжиме да се развива државата. И јас сум подготвен ако оваа политика е погрешна да ја платам политичката цена. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада

Лидерот на СДСМ Венко Филипче пак преку видео обраќање повика на национална мобилизација против, како што вели, ставањето на водата и струјата во функција на профити од дата-центри.

-Во Пехчево на мала врата денеска се обидоа да протнат изградба на дата центар. Работат „под радарот“, како што кажаа и јавно. Под притисок на СДСМ, на советниците на СДСМ и на јавноста точката се повлече од дневен ред. Но тоа не значи дека власта се откажала од идејата. Затоа повикувам на национална мобилизација да спречиме водата и струјата да паднат во раце на профитери на грбот на народот. Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат водата и струјата на граѓаните да ги продадат и да ги стават во функција на странски дата центри за сопствени тендерски профити. – Венко Филипче – Претседател на СДСМ

Предлог – одлуката што беше повлечена, превдидуваше прифаќање на иницијатива за отпочнување на постапка за изработка на урбанистички план за формирање на градежна парцела за изградба на објект со намена– Градби за чување и складирање на дигитални податоци... Сопствениците досега во јавноста не објаснија што точно планираат да градат...

Проектот се надоврзува на неодамнешните измени во Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, со кои дата центрите добија статус на градби од национално значење и е воведена забрзана постапка во која стручна ревизија и јавна анкета не се задолжителни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови смарт-табли во ООУ „Блаже Конески“ за целосно современа настава

Новата учебна година во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин започнува со уште подобри услови за учење.

Нови смарт-табли во ООУ „Блаже Конески“ за целосно современа настава

Со набавката на новите смарт-табли, целото училиште е опремено со современа технологија која овозможува интерактивна, интересна и модерна настава.

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска беше во посета на училиштето кое е целосно подготвено да ги пречека учениците на 1 септември – со современа технологија, подобри услови и средина во која учењето ќе биде поинтересно, поинтерактивно и поблиску до современиот начин на живот.

Со ова, ООУ „Блаже Конески“ се издвојува како едно од најмодерно опремените основни училишта во земјава – училиште кое ги следи современите образовни трендови и создава подобри услови за своите ученици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кинезите направија тоалет што доаѓа кај вас кога ви е потребен

Кинеската компанија YUEBAN претстави робот-тоалет што доаѓа кај корисникот секогаш кога е потребно. 

Кинезите направија тоалет што доаѓа кај вас кога ви е потребен

Уредот, наречен Xiaoban, се движи низ домот, се паркира покрај креветот или фотелјата, се чисти по употребата и се враќа на својата станица.

Иако звучи како реквизит од некоја бизарна епизода на научно-фантастична серија, зад уредот стои многу практична идеја. Xiaoban е дизајниран да им го олесни одењето до тоалетот на постарите лица и на луѓето со ограничена подвижност, за кои тоа често претставува голем физички напор или ризик од пад. YUEBAN го претстави роботот на Меѓународниот саем во Шангај во 2026 година, посветен на грижата за стари лица, помагалата и рехабилитациската медицина. Уредот е претставен како помагало наменето за постари лица, неподвижни лица и оние што закрепнуваат од операции или повреди.

Корисникот го повикува роботот преку далечински управувач со големи копчиња или со гласовни команди кои функционираат и без интернет, така што нема потреба од користење паметен телефон или каква било апликација.

Кога е активиран, Xiaoban користи комбинација од LiDAR, ласерски и ултразвучни сензори за да го мапира просторот, да ги избегнува пречките и да го пронајде патот низ станот, препознавајќи мебел, врати и скали.

Самиот уред е многу пософистициран од обична тоалетна школка. Xiaoban поседува вградено биде, систем за сушење со топол воздух и механизми за контрола на непријатни мириси. По употребата, роботот автоматски се чисти и дезинфицира, а УВ-стерилизацијата и затворениот простор за складирање отпад ја намалуваат потребата од рачно чистење.

Откако ќе заврши, Xiaoban самостојно се враќа на станицата за приклучување, која може да се поврзе со домашната водоводна и канализациска мрежа. На тој начин, роботот го празни отпадот, се чисти себеси, ја дополнува водата и ја полни батеријата, а вградениот механизам за мелење треба да спречи затнување.

Доколку станицата нема поврзување со канализацискиот систем, роботот може самостојно да отиде до тоалетот и, со помош на механизам на извлекување, да го префрли отпадот во обична тоалетна школка.

Во Кина, „Xiaoban“ се продава по цена од 28.999 јуани, што изнесува меѓу 4.000 и 4.300 долари, во зависност од девизниот курс. Засега не е познато дали уредот ќе биде достапен надвор од кинескиот пазар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер