Австралиската манекенка повторно шокираше (фото и видео) - Канал 5

Австралиската манекенка повторно шокираше (фото и видео)

Еве што според неа никако не смеете да ги прашувате жените без деца за време на празниците!

Австралиската манекенка повторно шокираше (фото и видео)

Ели цврсто стои зад своите ставови, а коментарите на мрежите стануваат сè побројни.

Ели Гонсалвес (33) е австралиска манекенка и модел која честопати ги шокира луѓето на социјалните мрежи со своите ставови и провокативниот изглед. Таа неодамна предизвика големо внимание во јавноста откако објави список со 117 причини поради кои не сака да има деца.

Во свој стил, Ели овојпат повторно шокираше со необична листа од 12 работи што не треба да им се кажуваат за време на празниците на жени кои избрале да немаат деца. Оваа објава на Инстаграм го привлече вниманието на 120.000 луѓе.

Што е на списокот?

Ели и нејзиниот сопруг Рос се венчаа минатата година, по 15 години врска. Според неа, пред осум години се договориле дека не сакаат да имаат деца, но секојдневно трпат притисок од познаниците и семејството да добијат наследници.

Овој пат, таа отиде чекор понатаму и на својот профил на Инстаграм обелодени 12 нешта кои таа ги нарекла заповеди што никако не треба да им се кажуваат на жени без деца за време на празниците. Меѓу другото, на списокот има прашања како што се: Кога ќе имате деца? Кога ќе се мажиш? Може ли да те запознаам со пријател/член на семејството?

Гонсалвес, исто така, понуди општи совети за празниците, вклучувајќи го и изразувањето на незадоволство од храната што не сте ја подготвиле, посочувајќи дека тоа е крајно непристојно. Таа нагласи дека учтивоста е неопходна дури и кога ќе добиете подарок што не сте го посакувале. Таа, исто така, ги предупреди луѓето за време на празниците да не бидат непријателски настроени кон геј членовите од фамилијата.

Иако беше свесна дека и овојпат ќе се соочи со бројни остри критики, таа реши цврсто да застане зад своите ставови. Ели нагласи дека некои од причините што ги навела се духовити, но дека повеќето од нив се засновани на факти. Таа истакна дека општествениот притисок, кога станува збор за мајчинството, е многу конзервативен и дека поради стравот од реакцијата на јавноста, ретко се слуша глас за поддршка за оние со различни ставови.

Ели уште еднаш покажа храброст и истрајност да го живее својот живот според сопствените правила, а не според она што го наметнува општеството, пишува Њујорк пост.

Очекувано следеа бројни реакции на оваа нејзина објава.

- Се согласувам со повеќето ваши ставови, морам да го споделам ова.

- Ви благодарам за овие зборови, морам да им ја покажам вашата листа на членовите на моето семејство и роднините.

- Ова звучи како член на семејството со кој не се согласувам добро. Вашите точки објаснуваат каков нарцис сте.

- Во шок сум!

- Осаменоста ќе ви биде пријател додека стареете. Нема да бидете вечно млада и модел. И никогаш нема да ја почувствувате вистинската љубов што би ја имале спрема детето и тоа кон вас. Еден ден ќе се сетите на моите зборови - беа само дел од коментарите на нејзината објава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сомнителни книги во библиотека од 30 милиони евра- се истражува дали ги напишала вештачка интелигенција

Суд во Индија нареди истрага за наводите дека јавна библиотека во јужната држава Тамил Наду купила стотици книги за кои се сомнева дека се генерирани од вештачка интелигенција (ВИ).

Сомнителни книги во библиотека од 30 милиони евра- се истражува дали ги напишала вештачка интелигенција

Контроверзноста избувна откако тамилскиот писател Перумал Муруган посочи книги со неточни информации и сомнително авторство во новоизградена библиотека во градот Коимбаторе, објави Би-Би-Си.

Набавки и сметки под истрага

Високиот суд во Мадрас ѝ наложи на антикорупциската агенција да ја истражи спорната набавка и да ги замрзне банкарските сметки поврзани со издавач за кој се сомнева дека ги снабдувал книгите.

Случајот се однесува на библиотеката Перијар Аривулагам, чија изградба чинела околу три милијарди рупии (30,7 милиони евра).

Авторот Муруган тврди дека речиси 1.800 книги на тамилски јазик биле купени од малку познат издавач, Агал Вилаку Патипагам, а меѓу спорните примери се публикации со непознати автори, невообичаено високи цени и сомнителни меѓународни стандардни броеви на книги (ISBN).

Дополнителни сомневања покрена книга пронајдена во друга јавна библиотека, во која како автор е наведен познатиот економист Жан Дрез.

Сепак, тој рече дека не ја напишал книгата и изрази загриженост дека неговото име е употребено без дозвола.

Некои книги веќе се отстранети

Министерот за образование на државата Тамил Наду, А. Рајмохан, го опиша случајот како потенцијално „прва измама со вештачка интелигенција во Индија“ и најави преглед на купувањата во јавните библиотеки низ целата држава.

Тој рече дека 523 книги веќе се отстранети од историската библиотека Конемара во Ченај, на југоистокот од земјата, поради сомневања за нивната автентичност и квалитет.

Повеќе од 160 писатели, истражувачи, уметници и издавачи потпишаа заедничка изјава во која бараат независна истрага, објавување на документи за набавки и ревизија на фондот на библиотеката.

Случајот, исто така, предизвика политички спор, при што сегашната влада ја обвини претходната администрација на Дравида Мунетра Кажагам (DMK) за нарачка на спорните книги.

DMK ги отфрли обвинувањата како политички мотивирани и исто така побара истрага.

Сè уште не е познато дали спорните книги се всушност создадени со помош на вештачка интелигенција, а истрагата треба да утврди и дали имало злоупотреба на јавни пари при нивната набавка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин се согласи Европа да се приклучи на преговорите

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил со учеството на европски претставници во следната рунда преговори за завршување на војната во Украина.

Путин се согласи Европа да се приклучи на преговорите

„Европејците ќе се приклучат на следниот состанок, кој го сметаме за исклучително важен момент бидејќи тие се наши партнери, а нивното учество е важно за нас“, изјави Виткоф за руската државна телевизија по средбата со Путин во Кремљ.

Џаред Кушнер, кој заедно со Виткоф се сретна со рускиот претседател, му рече на Путин дека забележал „голема промена“ во ставот на европската страна и дека е убеден дека вклучувањето на европски претставници нема да го забави напредокот на преговорите.

Путин: Европејците го прекинаа дијалогот

Путин изјави дека никогаш не бил против дијалогот со Европа, тврдејќи дека европските земји ја прекинале комуникацијата со Москва. „Тие се оние што го прекинаа дијалогот со Руската Федерација“, рече Путин.

„Многу би сакале вие, господа, и целата американска администрација да соработувате со вашите европски сојузници за конечно да одлучат дали сакаат мир или војна во Украина“, додаде рускиот претседател.

Сепак, Путин предупреди дека европскиот план за испраќање војници во Украина по евентуален мировен договор веднаш ќе доведе до обнова на војната, бидејќи Русија би го сметала таквиот потег за закана за сопствената безбедност.

Датумот и местото на следните преговори не се објавени

Досега не е познато кој ќе ја претставува Европа во следната рунда преговори, а не се објавени ниту датумот ниту местото на нивното одржување. Соединетите Американски Држави и украинскиот претседател Володимир Зеленски сакаат Европа да назначи претставник кој ќе преговара со Москва во нивно име.

По средбата во Кремљ, се очекува Виткоф и Кушнер да отпатуваат во Даблин, каде што треба да го информираат Зеленски за денешните разговори со Путин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два танкера се погодении во Ормутскиот теснец- Иранците тврдат дека се движеле по недозволена рута

Два супертанкери беа онеспособени од силни експлозии откако ги игнорираа предупредувањата да не користат „неовластена рута“ во Ормутскиот теснец, објави морнарицата на Иранската револуционерна гарда.

Два танкера се погодении во Ормутскиот теснец- Иранците тврдат дека се движеле по недозволена рута

Два танкера „експлодираа откако удриа во поморски мини“, објавија подоцна иранските државни медиуми, прикажувајќи наводни видеа од инцидентите.

Чести напади

Не е познато под чии знамиња пловеле бродовите.

Во текот на претходните месеци од конфликтот меѓу САД и Израел со Иран, кој започна во февруари, морнарицата на Иранската револуционерна гарда објави дека директно ги нападнала танкерите. Неодамна, објави дека бродовите се запалиле откако удриле во поморски мини додека користеле „неовластена рута“, како што ја нарекуваат, во јужниот дел од тој стратешки важен воден пат.

Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO) неколку пати објави дека танкери во теснецот биле погодени од непознати ракети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер