Австралиска тинејџерка одби 50.000 долари за билетот за концерт на Хари Стајлс (ВИДЕО) - Канал 5

Австралиска тинејџерка одби 50.000 долари за билетот за концерт на Хари Стајлс (ВИДЕО)

Оние над 20 години најчесто имаат проблем да ја разберат фасцинацијата на милионската публика од ликот и делото на Хари Стајлс - пејач, актер, модна икона.

Австралиска тинејџерка одби 50.000 долари за билетот за концерт на Хари Стајлс (ВИДЕО)

Интернетот е полн со наслови „10 причини зошто луѓето го сакаат Хари Стајлс“. Или 15 причини или нешто слично. Покрај стандардните причини како „има ангелски глас“, „ги сака обожавателите“, „добро момче е“, постојат и поконкретните „се потстрижа за болните од рак“, „тој донира пари за хуманитарни организации“ и „многу е смешен“.

А најновиот доказ за големата љубов на „Харис“ или „Стајлерс“ (како што ги нарекуваат неговите следбеници), според поранешниот пејач на One Direction, пристигнал од Австралија каде моментално е на турнеја.

Неговата посветена обожавателка одби 50.000 долари (речиси 32.000 евра) и ѝ беше понудено да го скине билетот за неговиот концерт во Сиднеј.

На девојката по име Џес, која купила билет за концертот по долго чекање во ред, ѝ пришле продуцентите на многу популарното радио шоу „The Kyle and Jackie O Show“ во Австралија и ѝ ги понудиле првите 1.500 долари (околу 950 евра. ) ако го уништи билетот.

- Жал ми е, нема шанси да го пропуштам овој концерт - рекла таа без размислување.

Водителот Кајл Сендилендс ја тестирал решителноста на обожувателката и продолжи да ја зголемува сумата на понудата, но девојката не отстапи. Паузирала само кога ѝ биле понудени 5.000 долари. Нејзините пријатели и другите супер обожаватели на сестраниот Хари ја бодреа, повикувајќи ја да ги одбие сите понуди, особено кога од изгледот на нејзиното лице стана јасно дека Џес чувствува фрустрација и силни емоции.

Кога водителот прашал: „Што е со 50.000 долари?“, девојката одговорила: „Не, никогаш не сум го видела Хари во живо“.

Другата водителка, Џеки 'О' Хендерсон била импресионирана и ѝ честиташе на нејзината одлучност.

- Те сакам Џес. Ти си вистински обожавател на Хари Стајлс. Треба да бидеш горда, рече таа.

Додуша, во толпата имало и такви кои сакале да се најдат на местото на одлучната Џес за пет и петнаесет илјади долари, но понудата била наменета само за неа.

Стајлс минатиот месец го започна австралискиот дел од неговата „Love On Tour“ во Перт, настапи во Мелбурн и Сиднеј, а ќе заврши со настап во Бризбејн. И каде и да излезе на сцената, добива јасни докази за љубовта на неговата публика. Некои од нив може да бидат означени како „18+“.

Имено, за време на еден концерт, Стајлс престанал да пее кога видел постер направен од фан Френки Фишер.

„Мислам на тебе кога имам секс со момчето!“, пишувало на постерот, на што Стајлс глумеше шок, се насмеа и продолжи да пее. Таа на својот профил на TikTok објави клип од концертот со натпис: „Реакцијата на Хари на мојата порака“.

@frankieefisher Safe to say i think he liked it #fyp #hslot #sign #hslotgoldcoast #2023 #sign #harrystyles #australia #loveontour ♬ original sound - kenia🎀

Фишер нормално ја следат околу 17.000 луѓе, нејзините дела обично ги гледаат неколку илјади, а снимката со Хари ја виделе 2,1 милион луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Берлин одби екстрадиција на Македонка: Женските затвори во Македонија не ги исполнуваат стандардите

21-годишна Македонка приведена во Германија, а во земјава осудена во отсуство на пет години затвор за сообраќајка со смртни последици во Македонија, нема да биде испорачана назад во земјава за отслужување на затворската казна. 

Берлин одби екстрадиција на Македонка: Женските затвори во Македонија не ги исполнуваат стандардите

Германските власти процениле дека во македонските женски затвори нема хумани услови за издржување на казната. 21-годишната Викторија Зерзева набргу по сообраќајката била лоцирана во Германија, а тамошните власти ја привеле во имиграционен притвор, по што македонското министерство за правда побарало нејзина екстрадиција. Сепак, германските власти, сега го одбија барањето.

-Надлежниот виш покраински суд ја прогласи екстрадицијата за недозволена од причини поврзани со внатрешното право. Судот смета дека не се обезбедени услови за сместување во притвор во Казнено-поправната установа Скопје, како и, во случај на подоцнежна правосилна осудителна пресуда, во Казнено-поправната установа Идризово, кои би ги исполнувале барањата на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи од 5 ноември 1950 година,- Министерство за правда.

Станува збор за сообраќајна несреќа од 5 ноември 2024 година, во близина на општина Росоман, кога Зерзева при судир во друг автомобил го усмртила 40-годишниот Марјан Петровски од Белес. Во Германија, Вишите регионални за секој поединечен случај одлучуваат дали екстрадицијата е правно дозволена.

Доколку постојат конкретни индиции дека лицето кое се наоѓа во притвор е изложено на ризик од нехумани или понижувачки услови во земјата во која треба да биде пренесено, екстрадицијата се одбива. Ова важи сè додека државата што ја бара екстрадицијата не даде обврзувачки гаранции дека лицето ќе биде сместено во услови што се во согласност со стандардите за човекови права. Во однос на нехуманите услови во македонските затвори со неповолен извештај пред два дена излезе и народниот правобранител.

Во него се констатира дека затворите се пренатрупани, а во најголемиот затвор во земјава еден доктор се грижи за речиси 700 пациенти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Дијалогот со Бугарија продолжува по изборите, ќе ја прифатиме секоја поддршка од ЕУ за долгорочно решение

Дијалог со Бугарија има, закажана нова средба со министерката за надворешни Чамова нема- шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски .

Муцунски: Дијалогот со Бугарија продолжува по изборите, ќе ја прифатиме секоја поддршка од ЕУ за долгорочно решение

Дијалог со Бугарија има, закажана нова средба со министерката за надворешни Чамова нема- шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски уверува дека за евроинтеграциите на земјава има активен дипломатски ангажман во кој нема отстапки од македонските позиции. Без да навлегува во детали за бегството на Ива Михајлова која во изминатиот период предизвика заострување на реториката меѓу двете земји, Муцунски ја оцени како непристојна нејзината заштита во Бугарија. Најави дека во декември ќе има неколку министерски самити кадешто ќе има можност отворено за сите прашања да разговара со Чамова.

-Навистина е непристојно една земја членка на ЕУ да станува прибежиште за тие што или се осудени за кривични дела или се лица за кои има степен на сомнеж и се водат постапки во рамки на судовите во државата. ќе бидам внимателен во јавните изјави, како што неодамна кажа и претседателот на Владата Мицкоски, Македонија нема интерес да стане дел од „естрадата“ поврзана со оваа тема во Бугарија, која е поврзана и со претседателските избори што се во тек во таа држава. Дијалог има и тој ќе продолжи. Воспоставуваме билатерален дијалог со Бугарија, но и со претставници на Европската Унија и со земјите членки на ЕУ,- Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи и надворешна трговија.

Муцунски беше домаќин на неговиот колега од Словачката Република Јурај Бланар со кој зборувале и на оваа тема и за блокадата на Македонија во ЕУ. Бланар рече дека Братислава е голем поддржувач на македонските евроинтеграции и треба да направи исчекор со оглед на спроведените реформи, во спротивно вели фрустрациите ќе се зголемат. Потенцираше дека во проширувањето на унијата нема еднаков третман за сите земји кандидатки.

-Словачка Република е против какви било двојни стандарди во пристапувањето кон Европската Унија помеѓу државите како Украина, Молдавија или Грузија. Не можеме да прифатиме европска интеграција заснована на европски стандарди да има различни критериуми за различни држави,- Јурај Бланар – министер за надворешни работи на Словачка.

Муцунски и Бланар кажаа дека Македонија и Словачка имаат одлични билатерални односи и економска соработка која најавија дека ќе се продлабочува. Покрај тет-а-тет и билатерлната средба на делегациите, шефот на словачката дипломатија оствари средби и со претседателката Сиљановска Давкова и со собранискиот спикер Гаши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев

За операции на очи наплаќале двојно, и од пациентите и од Фондот.. Голема полициска акција се одвива на 10-ина локации во земјава, во чија истрага се опфатени вработени во Фондот за здравство и одговорни лица од позната приватна болница..

Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев

Штетата на буџетот, што ја причиниле се проценува на околу еден и пол милион евра.

Пред Фондот за здравство е Дејан Трајкоски.. Дејан, неофицијално, во истрагата е опфатен и поранешен директор на Фондот?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер