Австралиска истрага открива дека Абориџините биле жртви на „геноцид“ - Канал 5

Австралиска истрага открива дека Абориџините биле жртви на „геноцид“

 Европските доселеници извршиле геноцид врз Абориџините во Австралија, според наодите на истражна комисија во југозападната држава Викторија, која ја повикува владата да спроведе мерки за репарација.

Австралиска истрага открива дека Абориџините биле жртви на „геноцид“

Комисијата, која започна со работа пред четири години, во својот извештај нагласува дека Абориџините биле жртви на масакри, дека децата биле одземени од нивните семејства и дека нивната култура била нападната со цел да се асимилираат.

-Ова е геноцид, заклучува извештајот.

Меѓу своите препораки, комисијата се залага за финансиска компензација на Абориџините за претрпената штета и враќање на нивните предци.

Премиерката на државата, Јасинта Алан, ѝ се заблагодари на комисијата, уверувајќи ја дека нејзината влада „внимателно ќе ги разгледа“ нејзините препораки.

-Овие наоди ги истакнуваат тешко сварливите вистини и ги поставуваат темелите за подобра иднина за сите (жителите на Викторија), рече таа во соопштението.

Кога европските доселеници пристигнале во Австралија во 1788 година, имало околу еден милион Абориџини. Денеска, тие сочинуваат само 3,8 проценти од 26-те милиони жители на Австралија.

Австралија долго време се бори да го намали јазот во здравјето и благосостојбата помеѓу домородните народи и остатокот од населението.

Очекуваниот животен век за овие малцинства е околу осум години понизок од националниот просек, а нивните стапки на затворање продолжуваат да растат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дејвид Гета со спектакуларен концерт во Скопје, Македонија прослави 35 години независност

Со спектакуларниот концерт на светската диџеј и продуцентска ѕвезда Дејвид Гета, Скопје синоќа беше во знакот на големата музичка прослава по повод 35 години независност на Македонија.

Дејвид Гета со спектакуларен концерт во Скопје, Македонија прослави 35 години независност

Бројната публика во арената „Тодор Проески“ уживаше во големото шоу, моќната продукција, светлосните ефекти и препознатливиот звук на еден од најуспешните светски музички артисти. Вечерта започна со настапите на Семпре и Диџеј Никифор, кои ја подигнаа атмосферата и ја подготвија публиката за главниот дел од програмата.

YouTube video

Потоа на сцената се појави Дејвид Гета, кој приреди вистински музички спектакл и пред македонската публика ги донесе своите најголеми светски хитови. Од првите тактови до самиот крај, арената беше исполнета со енергија, светла и илјадници посетители кои пееја и танцуваа. Концертот е последниот настан од прославата на 35-годишнината од независноста.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, во раните утрински часови  се пријавил кај македонските власти по што бил уапсен. Бајрами самиот се предал откако беше во бегство од 2024 година.

Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

Од министерството за внатрешни работи за Мета информираат дека Бајрами утрово во 5 часот и 35минути , самоволно и пеш се пријавил кај надлежните органи. Бајрами е обвининет во кривичниот процес во врска со незаконското работење на државна лотарија, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој исто така беше во бегство и исто така самиот се предаде на полицијата. МВР против бајрами и груби распишаа меѓународна потерница во декември 2024 година откако кривичниот суд им определи мерка притвор од 30 дена, но тие не беа достапни за органите на прогонот. Груби се предаде во февруари годинава на граничниот премин блаце, на македонско-косовската граница и беше во притвор, што подоцна беше заменет со куќен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: „Tалог“ кампањата што ја води Мицкоски и на Денот на независноста е по моделот на Ванчо Михајлов

Исто како на Илинден, наместо единство и прослава на државноста, вчера, на Денот на независноста Мицкоски ја продолжи кампањата „талог“, ги продолжи навредите и поделбите на граѓаните.

СДСМ: „Tалог“ кампањата што ја води Мицкоски и на Денот на независноста е по моделот на Ванчо Михајлов

Нема ништо државничко кај Мицкоски, ниту пак има чувство за значењето на 8 Септември – за Денот на независноста.

Операцијата „Талог“ и сеењето омраза којашто Мицкоски ја спроведува е класична фашистичка кампања по моделот на Ванчо Михајлов и најмрачните периоди од нашата историја.

Прво забранија да се зборува за мигрантите. Изгласаа декрет во Собранието по теркот на Хитлер.

Во Ново Село нападнаа деца поради транспарент со предупредување за отруената вода во Гостивар.

Повикаа советник на СДСМ од Кавадарци во полициска станица поради Фејсбук статус за незадоволството на лозарите.

Оваа форма на кампања Мицкоски ја тера само затоа што нема ниту еден резултат зад себе, во ниту една област.

Економијата, земјоделството, здравството, образованиеѕо, социјлата...насекаде е хаос.

Народот едвај врзува крај со крај.

Потрошувачката кошничка стигна до 90.000 денари со кирија, а минималната плата е закована на 26.000 денари, најниска во Европа. Цените отидоа до плафон, стандардот на граѓаните паѓа, луѓето живеат се потешко.

Долгот Мицкоски го зголеми веќе за 4 милијарди евра само за две години.

Еврипскиот пат е замрзнат. Се слави злосторник како Ратко Младиќ, спротивно на сите европски и човечки вредности.

Сè што се прави е копи-пејст рецепт од неговиот ментор Вучиќ.

Додека нема ниту еден добра вест за граѓаните од оваа влада. Ниту една.

Мицкоски веќе изгуби повеќе од 150 илјади гласови, сега следува уште поголем пад на неговиот личен рејтинг.

Патриотските теми веќе не поминуваат - сите се прочитани.

Кога нема резултати зад себе, кога сите негови лаги се прочитани, само уште тоа му остана на Мицкоски, поделби и сеење омраза.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер