ЗдравјеАвстралија развива спреј за нос како лек против Ковид-19Австралиската биотехнолошка компанија Ena Respiratory денеска објави дека развива спреј за нос, а неговата цел е да го подобри човечкиот имунолошки систем како дел од борбата против настинка и грип, воедно и да го намали новото на коронавирус.Компанијата во соопштението вели дека тоа го покажале резултатите од неодамнешното истражување спроведено на животни. Истражувањето спроведено под покровителство на Агенцијата за јавно здравје на Англија било спроведено врз творови и покажало дека производот наречен INNA-051, што може да се користи како додаток на вакцината, го намалува нивото на вирусот што предизвикува ковид-19 до 96 проценти. Компанијата објави дека ќе биде подготвена да го тестира спрејот ИННА-051 на луѓе за нешто помалку од четири месеци, а на ова мора да му претходи регулаторно одобрување. Инвестирани се 8,24 милиони американски долари за развој на спрејот. Меѓу инвеститорите се вклучуваат Brandon Capital Ltd, Австралиска Влада, пензиски фондови и биотехнолошкиот гигант CSL Ltd CSL.AX. Неколку компании ширум светот работат на развој на вакцина за коронавирус. Австралија склучи договори со некои фармацевтски компании за да инвестираат милијарди во потенцијални вакцини против ковид-19, од кој што починаа речиси милион луѓе ширум светот. Досега имало 875 смртни случаи и нешто повеќе од 27 000 инфекции со коронавирус во Австралија, многу помалку отколку во другите развиени земји. Повеќе од 32,9 милиони случаи на инфекција се официјално дијагностицирани ширум светот, од кои досега се излечиле најмалку 22,5 милиони. Светската здравствена организација изрази загриженост дека во пандемијата може да починат два милиони луѓе ако светот повеќе не работи на спречување на ширењето на вирусот и повикува на фер дистрибуција на идните вакцини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Пет недели труење во Гостивар - Мицкоски ниту еднаш не отиде, оди на одморВеќе пет недели граѓаните на Гостивар се трујат.Водата не е безбедна за пиење. Луѓето стојат во редици за пластични шишиња. Деца, стари, болни - сите се соочуваат со основен проблем: чиста вода. Отруена е и болницата, пациентите се префрлени во друг град. Има епидемија на жолтица, нема лекари и медицински техничари. Во тие пет недели премиерот Христијан Мицкоски не се појави ниту еднаш во Гостивар. Не само што не дојде. Тој замина на годишен одмор. Единственото што го направи во овој период беше да го нарече сопствениот народ „талог“ и да продолжи со кампања на поделби и сеење омраза - по методите на Ванчо Михајлов и Александар Вучиќ. Додека граѓаните пијат вода од шишиња и чекаат да престане труењето, премиерот е на одмор и ја напаѓа сопствената јавност. Ова е односот на оваа власт кон луѓето. Кога има лента за сечење - доаѓаат. Кога има криза што ги погаѓа обичните граѓани - исчезнуваат и напаѓаат. Пет недели. Ниту една посета. Годишен одмор. И кампања против сопствениот народ. Тоа е сè што треба да се знае за приоритетите на Мицкоски и на организираната криминална група ВМРО. Скопје, 12.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаНиколоски: Очекувам свлечиштето на патот кон населбата Теферич да биде санирано за една годинаВицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во телевизиско тгостување рече дека проблемот со свлечиштето на патот кон населбата Теферич во Општина Кисела Вода е комплициран и бара поголема експертиза.Николоски рече дека затоа министерството ќе ја преземе обврската да го санира. „ Имајќи предвид дека се работи за проблематика што е мошне сложена, за проблематика каде што е потребна голема стручност, сметавме дека е добро тоа да го преземе министерството за транспорт, со експертите што ги имаме и на тој начин да се санира проблемот. Рече Николоски. Тој нагласи и дека тендерот за изведувач сè уште трае, а по изборот на изведувач ќе започнат работите на терен и очекува за една година проблемот со лизгањето на земјиштето да биде решен.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНови напади врз бродови, додека разговорите за крај на војната САД - Иран наидоа на нов ќорсокак И САД и Хутите од Јемен, кои се сојузници на Иран, објавија одделни напади врз бродови, додека изгледите за завршување на војната со Иран се чинеа слаби, а Техеран изјави дека Ормутскиот теснец ќе остане затворен доколку Вашингтон не ги прифатНападите, на виталните точки за глобалните резерви на нафта – продолжуваат и покрај постојаните тврдења од американскиот претседател Доналд Трамп дека договорот е неизбежен. Цените на нафтата пораснаа, поради обновениот песимизам за брзо завршување на конфликтот. И Иран и САД ја засилија реториката во последните два дена. Највисокиот ирански безбедносен службеник, Мохсен Резаи ,вчера изјави дека виталниот бродски пат низ Ормускиот теснец ќе остане затворен доколку САД не ги прифатат условите на Иран за завршување на војната - ослободување на замрзнатите средства на Иран и крај на конфликтите низ целиот регион, вклучително и во Либан и Газа. Тоа следеше по новото барање на Трамп во понеделникот дека Иран треба да плати отштета за луѓето убиени во 50-годишните војни, напади и протести.Тагови: Иран Ормутскиот теснец САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook