Австралија Опен: Петчасовен прекин поради високите температура - Канал 5

Австралија Опен: Петчасовен прекин поради високите температура

Топлотниот бран што денеска го погоди Мелбурн ги принуди организаторите на Австралија Опен да воведат прекин од речиси пет часа за да го заштитат здравјето на тенисерите, во согласност со протоколот за високи температури.

Австралија Опен: Петчасовен прекин поради високите температура

Во времето на прекинот во 14:30 часот по локално време, температурата изнесуваше 35°C и се очекуваше да се искачи на 40°C до 17:00 часот, според градската метеоролошка служба. Кога натпреварувањето продолжи на сите терени околу 19:15 часот, температурата падна под 37°C.

Во време на паузата, беа во тек натпреварите меѓу Јаник Синер и Елиот Спицири, Лоренцо Мусети и Томас Мачак и Линда Носкова против Ванг Синју.

Дуелите Синер-Спицири и Мусети-Мачак на терените Род Лејвер и Џон Кејн беа само накратко прекинати додека организаторите не ја активираа кровната конструкција.

Вториот светски тенисер Јаник Синер на крајот се пласираше во осминафиналето, откако го победи Американецот Спицири (АТП – 85) со 4-6, 6-3, 6-4, 6-4 по три часа и 42 минути.

Следен противник на Синер, кој ја брани титулата на Австралија Опен, ќе му биде сонародникот Лучијано Дардери (АТП-25), кој го победи Русинот Карен Качанов со 7-6, 3-6, 6-3, 6-4 во третото коло.

Петтиот светски тенисер Италијанец Лоренцо Мусети, исто така, обезбеди пласман во осминафиналето со победа од 5-7, 6-4, 6-2, 5-7, 6-2 над Чехот Томас Махач по четири часа и 25 минути игра.

Настапот на првиот овосезонски грен слем го продолжува и седмиот светски тенисер, Американецот Бен Шелтон, кој беше поуспешен од Валентин Вашеро од Монако со 6-4, 6-4, 7-6.

На женскиот турнир, Американките Медисон Кис и Џесика Пегула се пласираа во осминафиналето. Кис, која е бранителката на титулата, ја победи поранешната светска тенисерка број еден Каролина Плишкова од Чешка со 6-3, 6-3, додека Пегула ја совлада Русинката Оксана Селехметева со 6-3, 6-2.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најтешка епидемија на ебола во историјата на Конго- починал секој втор заразен

Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго надмина 9.000, а 4.381 лица починаа како резултат на болеста. 

Најтешка епидемија на ебола во историјата на Конго- починал секој втор заразен

Според податоците објавени од Конгоанскиот институт за јавно здравје, вкупниот број на заразени достигна 9.066. Интервентните тимови на терен се обидуваат да го забават ширењето на инфекцијата во неколку активни жаришта, пишува Ројтерс.

Тековната епидемија, предизвикана од сојот Бундибугио, беше прогласена во мај. Во меѓувреме, таа стана најголемата и најсмртоносна во историјата на Конго, надминувајќи ја онаа што траеше од 2018 до 2020 година. Во моментов нема одобрени вакцини или докажани третмани за овој сој на вирусот.

Втора најлоша епидемија во светот

Според податоците од Светската здравствена организација, ова е втората најлоша епидемија на ебола на глобално ниво. Единствената друга епидемија што беше посериозна беше во Западна Африка од 2014 до 2016 година, кога повеќе од 28.600 луѓе беа заразени во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, а повеќе од 11.000 починаа.

Болеста се прошири надвор од границите на Конго. Уганда регистрираше 20 случаи и два смртни случаи претходно оваа година, но беше прогласена за слободна од ебола во август. Кенија, исто така, го потврди својот прв увезен случај минатата недела. Станува збор за кениски државјанин кој патувал од Конго преку Уганда и подоцна починал во Најроби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жесток судир на студентите со полицијата во Тирана: Се користат водени топови и тули (ВИДЕО)

Студентските протести во Тирана ескалираа во судири со полицијата. 

Жесток судир на студентите со полицијата во Тирана: Се користат водени топови и тули (ВИДЕО)

Демонстрантите фрлаа тули и парчиња бетон врз зградата на Министерството за образование, на што полицијата одговори со солзавец и водни топови. Неколку лица беа приведени, јавува Ројтерс.

Организаторите наведуваат дека студентите протестираат поради лошите услови на факултетите, високите школарини и недостатокот на финансиска поддршка. Проблем се и слабите перспективи за вработување по добивањето диплома. Некои од демонстрантите истакнуваат дека излегле на улиците поради општата нееднаквост во општеството и незадоволството од работата на Владата.

„На Албанија ѝ е потребна револуција, промена и целосен колапс на системот бидејќи повеќе не функционира вака“, рече демонстрантката Лулјета Кола. Таа додаде дека во земјата има длабока социјална неправда и дека постои огромен јаз меѓу богатите и сиромашните.

Реакција на Владата

Албанската вицепремиерка Албана Кочиу преку Фејсбук изјави дека насилството не е решение. „Насилството никогаш не било, ниту пак ќе биде решение. Фрлањето камења, нападите врз институциите и државната полиција и бесмисленото уништување на јавниот имот не се начинот на кој младите треба да се изразуваат“, напиша таа.

Протестите во Албанија се совпаѓаат со слични активности на студенти и ученици низ цела Европа. На пример, во Франција, средношколците протестираат и блокираат училишта со недели. Тие бараат повеќе наставници и подобра инфраструктура и тврдат дека неуредните згради и преполните училници го загрозуваат квалитетот на наставата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во авион: Холивудска актерка ги нападнала стјуардесите и сакала да ја отвори вратата среде лет

Актерката Селма Блер предизвика сериозен инцидент на летот за Њујорк откако физички нападна членови на екипажот и се обиде да ја отвори вратата на авионот додека бил во воздух.

Драма во авион: Холивудска актерка ги нападнала стјуардесите и сакала да ја отвори вратата среде лет

Според американскиот портал TMZ, две стјуардеси пријавиле повреди за време на инцидентот, а една од нив е однесена во болница.

Блер била уапсена по слетувањето, а потоа однесена во болница на евалуација.

Според извештајот, актерката сè уште била под медицински надзор.

Нејзиниот претставник изјавил дека актерката доживеала ненадејна здравствена криза што довела до нејзиното однесување. По слетувањето, таа веднаш добила медицинска помош и нејзината состојба е стабилна.

Сè уште не е познато што ја предизвикало здравствената криза, ниту дали Блер ќе се соочи со кривични пријави за инцидентот.

Ова не е прв пат актерката да има проблеми за време на летот. Во 2016 година, таа беше симната од авионот на носилка по инцидент за време на кој се однесувала вознемирено.

Селма Блер е позната по своите улоги во филмовите „Cruel Intentions“, „Legally Blonde“, „The Sweetest Thing“ и „Hellboy“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер