Австралија: Невакцинираните имаат 16 пати поголем ризик од смрт од Ковид - Канал 5

Австралија: Невакцинираните имаат 16 пати поголем ризик од смрт од Ковид

Само околу три отсто од оние кои завршиле на интензивна нега примиле две дози од вакцината, додека повеќе од 63 отсто од 61.800 случаи откриени меѓу 16 јуни и 7 октомври биле невакцинирани.

Австралија: Невакцинираните имаат 16 пати поголем ризик од смрт од Ковид

Невакцинираните имаат 16 пати поголема веројатност да завршат на интензивна нега или да починат од последиците од инфекција со Ковид-19, се вели во извештајот на австралиската држава Нов Јужен Велс, додека официјалните лица бараат од жителите да се вакцинираат.

Податоците од Министерството за здравство на Нов Јужен Велс објавени доцна во понеделникот покажуваат дека само 11 отсто од 412-те луѓе кои починале од Делта варијантата на коронавирусот во рок од четири месеци, до почетокот на октомври, биле целосно вакцинирани.

Само околу три отсто од оние кои завршиле на интензивна нега примиле две дози од вакцината, додека повеќе од 63 отсто од 61.800 случаи откриени меѓу 16 јуни и 7 октомври биле невакцинирани.

„Младите луѓе со примени две дози од вакцината имаа помала стапка на инфекција и речиси никој потешка форма на болеста, додека оние невакцинираните во таа возрасна група беа изложени на поголем ризик да развијат Ковид-19 и потреба од хоспитализација", вели Кери Кант, претставник на здравствените власти во Австралија.

Овие наоди се совпаѓаат со оние на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, кој објави во септември дека невакцинираните поединци имаат 11 пати поголема веројатност да починат од последици на коронавирусот отколку оние кои се целосно вакцинирани.

Австралија во голема мера беше поштедена од инфекцијата оваа година се додека позаразната Делта варијанта не доведе до повеќемесечно затворање на Сиднеј, Мелбурн и Канбера на почетокот на јуни.

Градовите сега почнаа да ги олеснуваат ограничувањата откако процентот на вакцинирани надмина 70 отсто, а потоа 80 проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија во Грција: Гром удри во директорка на гимназија пред учениците

50-годишна жена била пренесена во болница откако доживеала срцев удар во областа на полициската станица во Илиополи, предградие на Атина.

Трагедија во Грција: Гром удри во директорка на гимназија пред учениците

Директорката на Второто средно училиште во Илиополи, која наводно доживеала срцев удар пред училиште во областа, откако била удрена од гром, според неофицијални информации.

Според информациите, жената била преземена од екипата на Итната медицинска помош (EKAB), која веднаш започнала со кардиопулмонална реанимација (CPR) и ја продолжила постапката континуирано во текот на целиот нејзин транспорт. Пред да ја преземат Итните служби, медицински техничар од основното училиште ѝ обезбедил и CPR.

50-годишната жена немала витални знаци кога амбулантното возило пристигнало во болницата, но лекарите успеале да ја реанимираат. Според информациите, таа е интубирана во болницата.

Првичните извештаи дека срцев удар може да биде поврзан со удар од гром во областа не се потврдени. Околностите околу инцидентот се испитуваат. Жената се струполила на улицата пред училиштето, што ги натерало минувачите да повикаат помош, а екипа на брза помош веднаш пристигнала на местото на настанот, објавија грчките медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му - 11 се ранети

Турскиот министер за правда, Акин Гурлек, изјави дека 11 ученици се повредени во вооружениот инцидент што утрово се случи пред средно училиште во Маниса, од кои двајца се тешко повредени.

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му - 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му.

Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина на Измир. Напаѓачот побегнал од местото на настанот, но брзо потоа бил фатен и уапсен од полицијата. Тој е снимен од камери за видеонадзор – облечен е во темна облека, а во раката држи пушка.

Мотивот за нападот сè уште е непознат, а за случајот е покрената истрага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

САД планираат повторно да воспостават воена база од времето на студената војна во јужен Гренланд и да отворат уште една на источниот брег, во рамките на договорот што треба да го потпишат со Данска и Гренланд денеска во рамките на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Текстот на договорот не е јавно објавен, а три лица запознати со него изјавија дека деталите нема да бидат финализирани сè додека договорот не се потпише.

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

Договорот доаѓа по повеќемесечниот притисок од Доналд Трамп, кој бараше САД да имаат контрола врз Гренланд и во одредени моменти не ја исклучуваше можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на оваа полуавтономна данска територија. Заканите на Трамп, кои го достигнаа својот врв во јануари, предизвикаа дипломатска криза во рамките на НАТО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер