Австралија: Најголемата сончева фарма во светот ќе напојува три милиони домови - Канал 5

Австралија: Најголемата сончева фарма во светот ќе напојува три милиони домови

 Австралиската влада направи голем чекор кон тоа да стане предводник на полето на обновливите извори на енергија, со одобрување нов индустриско-сончев проект во областа Северна Територија.

Австралија: Најголемата сончева фарма во светот ќе напојува три милиони домови

Инталацијата „Австралија - Азија пауер линк“ (Australia - Asia Power Link) што се промовира како „најголемата сончево-енергетска станица во светот“, зафаќа површина од 12.000 хектари и ќе генерира енергија - доволна за напојување три милиони домови. Според австралиската министерка за животна средина, Тања Плиберсек, проектот ќе вклучува сончеви панели, батерии, но и посебен кабел што ќе ги поврзува Австралија и Сингапур со цел извоз на вишокот енергија.

„Овој огромен проект претставува дел од инфраструктурата што ја дефинира оваа генерација. Тоа ќе биде најголемата сончева станица во светот, најавувајќи ја Австралија како светски лидер во зелената енергија“, рече министерката.

Проектот го инсталира компанијата за обновливи извори на енергија, „Санкејбл“ (SunCable), со финансиска помош од милионерот Мајк Кенон-Брукс. Тоа ќе значи директно и индиректно отворање 6.800 до 14.300 работни места - за првите 35 години од работењето. Испораката на електрична енергија се очекува во 2030-тите.

Австралија е еден од најголемите извозници на јаглен и гас во светот, но низата природни катастрофи последниве години, како што се поплавите и пожарите, ја натераа новата Влада да се сврти кон поеколошки извори на енергија. За две години беа почнати 55 проекти за обновлива енергија, коишто засега се доволни за напојување на речиси седум милиони домови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 770 училишта во Британија добиле закани за поставена бомба

Повеќе од 770 училишта во Велика Британија, вклучувајќи 470 во Шкотска и повеќе од 300 во Северна Ирска, денес добија идентични е-пораки со закани за бомба.

Над 770 училишта во Британија добиле закани за поставена бомба

Полицијата на Шкотска соопшти дека нејзината единица за сајбер криминал и измами спроведува широка истрага за да го утврди изворот на пораките, додека полицајците продолжуваат да соработуваат со партнерите за спроведување на законот низ Велика Британија и на меѓународно ниво, објави Индепендент Радио Њуз.

Полицијата на Шкотска соопшти дека пораките се оценуваат и се третираат како лажни.

Образовниот орган на Северна Ирска соопшти дека пораката испратена до училиштата на нејзина територија има сличности со лажната закана од минатиот месец.

Најмалку 300 училишта во Италија беа евакуирани денес откако добија иста е-пошта со закана за бомба, која исто така содржеше закана до италијанскиот премиер Џорџо Мелони, изјави италијанскиот министер за образование Џузепе Валдитара.

Тој рече дека бројот на училишта што добиле заканувачки пораки може да се зголеми, објави Анса.

Новата порака испратена до училиштата се заканува со зборовите: „Ќе ве уништиме“, а пораката е потпишана со името „Михаил Андропов“.

„Поставивме бомба во моторот на автомобилот на вашиот премиер“, се наведува и во е-поштата.

Сличен инцидент се случи во Италија во последните денови кога е-пошта беше испратена на адресите на 280 директори на училишта.

Во Европа, целите на хибридни напади неодамна беа супермаркети, банки за крв, воздушен сообраќај и телевизиски станици.

Заканувачките е-пораки испратени до телевизиски станици и авиони низ Европа беа потпишани и со името Михаил Андропов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се зголеми бројот на загинати работници во челичарница во Турција- избувнаа протести (ВИДЕО)

Стотици луѓе се собраа за да бараат одговорност и подобри услови за безбедност на работното место, еден ден по силната експлозија во турска челичарница во која загинаа 18 лица, а 12 беа повредени.

Се зголеми бројот на загинати работници во челичарница во Турција- избувнаа протести (ВИДЕО)

Во меѓувреме, семејствата на жртвите започнаа со погреби, пишува АФП.

Сведоци ја опишаа експлозијата во понеделник во челичарницата ХАБАС во Алиага, недалеку од Измир, како слична на земјотрес. Еден од работниците изјави за АФП дека резервоар со 120 тони течен челик паднал врз печката, предизвикувајќи детонација. Меѓу 12-те повредени, едно лице е во критична состојба. ХАБАС е еден од најголемите турски производители на челик.

Заменик-министерот за правда, Џан Тунџај, ги пренесе наодите на форензичките експерти, според кои жртвите починале од „изгореници толку тешки што телото било карбонизирано“. Пред Институтот за судска медицина во Алиага, семејствата, како што изјавија за АФП, цела ноќ чекаа резултати од ДНК анализата за идентификација. Откако го потврдија идентитетот, ги презедоа телата.

Идентификација на жртвите

Полицијата уапси шест лица во понеделник, а еден ден подоцна беше приведен претседателот на одборот на ХАБАС, Мехмет Рушту Басаран, објави агенцијата Анадолу. Покрената е потрага по уште десет лица.

Вечерта, околу 700 луѓе се собраа во Алиага, меѓу нив работници, роднини на загинатите и локални жители, кои бараа правда и построги безбедносни мерки. Тие скандираа „Не е несреќа, ова е убиство! Стоп на смртта на работниците“, а на транспарентите ја повикаа ХАБАС на одговорност.

„Условите се ужасни“, изјави за АФП 45-годишната демонстрантка Арзу Јилдиз, додавајќи дека самата работи во блиска фабрика која е „една од најризичните фабрики“. „Скршени сме од загубата на нашите пријатели. Ќе направиме сè што можеме за да видиме дека правдата е задоволена и никогаш нема да се откажеме од борбата“.

Други 150 демонстранти се собраа во Истанбул, извикувајќи: „Убиствените шефови ќе одговараат!“. Во соопштението на организаторот, кое беше прочитано пред публиката, се вели: „Поради убиствата на работното место што секој ден ги отпишувате како „несреќи“, оваа земја се претвори во огромни работнички гробишта“. Слични слогани се слушнаа и во Анкара, каде што се собраа околу 300 луѓе.

Севал Озчелик, сестрата на 25-годишниот починат Кан, им рече на новинарите: „Ми го одзедоа брат ми. Нема да дозволам ова да помине така... Ќе одговараат за ова, еден по еден“.

Работник се самозапали пред фабриката

Лекарите се борат за животот на возачот на камион кој ја преживеа експлозијата, но се вратил во фабриката за да ги бара своите колеги. Фотограф на АФП кој бил на местото на настанот изјавил дека работникот, тешко трауматизиран, подоцна се самозапалил пред фабриката. Мажот, идентификуван од портпаролката на покраинскиот здравствен оддел како Турана Илбаја, е на лекување во Градската болница во Измир. „Неговата состојба е сериозна, тој е на интензивна нега“, изјави таа за АФП.

Илбај (40), кој работи во фабриката 23 години, претходно го опиша моментот на несреќата за агенцијата Анадолија. „Се слушна силен звук, како бомба, камионот се тресеше... Кога влегов во фабриката, ја видов најлошата глетка во мојот живот“, рече тој. Неколку часа подоцна, се запали пред главната порта, потврди фотографот на АФП, Беркџан Зенгин. „Тој отиде таму каде што беа камерите, си го истури бензинот по главата, а потоа и по целото тело додека одеше. Потоа се запали“, опиша Зенгин. „Падна на земја и избега. Жандармите интервенираа со противпожарни апарати, а брзата помош го однесе во болница“.

Несреќата предизвика негодување поради, како што наведоа работничките здруженија, лошиот безбедносен рекорд на компанијата ХАБАС. Левичарскиот весник „Евренсел“ пишува дека најмалку 11 работници загинале во таа фабрика во последните десет години. Компанијата ХАБАС одби да одговори на прашањето на АФП.

Партијата ДЕМ, третата по големина партија во Турција, рече дека експлозијата била „убиство на работното место“. Тие побараа оставки од министрите за труд и индустрија и од водечките функционери задолжени за безбедноста. Главната опозициска партија Јени Парти, исто така, бара целосна парламентарна истрага за експлозијата и евентуалните безбедносни пропусти, објави новинската агенција АНКА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Испробал ново копче на екран на „Тесла“ и направил хаос- сега мора да плати 22.000 евра

Тесла воведе нова безбедносна функција за итно полнење што им овозможува на возачите веднаш да избегаат во случај на ситуација што го загрозува животот без претходно да го исклучат кабелот. 

Испробал ново копче на екран на „Тесла“ и направил хаос- сега мора да плати 22.000 евра

Иако оваа функција е дизајнирана исклучиво за екстремни ситуации и одбрана од напаѓачи, еден сопственик на Модел 3 во американскиот град Остин веќе направи огромна и скапа грешка.

Уморен возач неколку пати ги притиснал контролите на екранот на својот автомобил рано наутро на станица за брзо полнење на Тесла, по што возилото одеднаш се поместило напред додека дебелиот кабел сè уште бил вклучен во струја.

Следел силен тресок, инсталацијата била насилно искината од држачот, а возачот излегол во шок и се зграпчил за глава кога сфатил што направил.

Претходните безбедносни системи кај електричните автомобили строго го блокирале моторот да се вклучи сè додека конекторот бил вметнат во штекерот. Новото ажурирање овозможува намерно заобиколување на оваа заштита, но со строга постапка каде што возачот мора да ја држи сопирачката и да го потврди предупредувањето на екранот дека маневарот сериозно ќе ја оштети и станицата и самиот автомобил.

Saw someone accidentally use the new emergency drive away feature
by u/Joshalander in TeslaLounge

Последиците од невнимателното притискање на екранот без читање на текстот се исклучително скапи, бидејќи поправката на уништен брз полнач може да чини дури 25.000 долари, или околу 22.000 евра, без да се сметаат сериозните оштетувања на приклучокот и на каросеријата на самиот автомобил.

Иако на прв поглед изгледа ризично софтверот да дозволи толку насилно кинење на опремата, причината за воведување на ова решение е вооружен напад што претходно се случи во Америка, кога напаѓачите пукаа во луѓе додека седеа во паркирани возила на полнач.

Новата опција му дава шанса на возачот веднаш да си го спаси животот без ризик да ја напушти кабината за да го исчисти патот, но производителот јасно нагласи дека функцијата може да се користи само во состојба на непосредна опасност по животот, додека секоја злоупотреба или небрежност е строго казнета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер