Австралија го прогласи Хезболах за терористичка организација

Австралија денеска го прогласи либанскиот Хезболах за терористичка организација, проширувајќи ја забраната за неговото воено крило на цела организација која има голема моќ во Либан.

Членството во организацијата и нејзиното финансирање сега ќе бидат забранети во Австралија, која има голема либанска заедница.

Австралиската министерка за внатрешни работи Карен Ендрјус изјави дека проиранската шиитска организација „продолжува да се заканува со терористички напади и да дава поддршка на терористичките организации", претставувајќи „реална и веродостојна" закана за Австралија.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет, кој се состана со австралискиот премиер Скот Морисон претходно овој месец на климатската конференција на ОН, каде што тој апелираше до него да го забрани Хезболах, го поздрави таквиот потег.

– Им благодарам на австралиската Влада и на мојот пријател Скот Морисон за нивната намера да го дефинираат Хезболах како терористичка организација. Ќе продолжиме да дејствуваме против тероризмот на секој можен начин, вклучително и на меѓународната сцена, изјави Бенет.

Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид истакна дека „Австралија е близок пријател на Израел во борбата против глобалниот тероризам".

Тој потсети дека слична одлука во изминатите две години донеле 17 земји, кои сфатиле дека не постојат посебни крила на терористичката организација, туку таа е „едно тело и секоја поделба меѓу нејзините делови е вештачка".

Некои западни земји го нарекоа Хезболах терористичка организација, но некои држави не сакаат да го санкционираат неговото политичко крило, плашејќи се од дестабилизација на Либан и нарушување на контактите со властите.

Хезболах е прогласен за терористичка организација во момент кога Либан се соочува со политичка и економска криза и речиси 80 отсто од населението живее под прагот на сиромаштија.

Австралија денеска ја стави на црната листа и ултрадесничарската група База, која се смета за насилна, расистичка и неонацистичка и дека планирала и подготвувала терористички напади.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер