Австралија го добива првото летачко Убер такси

Мелбурн во Австралија ќе биде првиот град надвор од САД кој ќе и има свое летачко Убер такси. На тој начин Мелбурн ќе стане еден од светските лидери во јавниот превоз.

На овој начин Мелбурн ќе го решава проблемот со големите сообраќајни гужви и ќе влезе во елитното друштво на Далас и Лос Анџелес, градови кои имаа свое аеро такси.

Тест летовите на аир таксито во Мелбурн ќе започнат во 2020 година, а комерцијалните возење би требало да стартуваат од 2023 година , пренесува СНН.

Неколку компании веќе ги развиваат своите аеро такси како еден од новите начини на јавен превоз.

Од компанијата Убер сметаат дека летачкото такси е одлично решение за сообраќајните гужви во големите градови.

За неносење маска 385 санкции

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се  385 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи и денеска апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Во Скопје 228 санкционирани возачи, 21 за брзо возење

На територијата на град Скопје во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 228 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 25 санкции.

Од МВР денеска информираат дека од нив 11 се за технички неисправни и нерегистрирани возила, 17 мерки се за користење на мобилен телефон. Изречени се и 13 мерки за возење под дејство на алкохол, 21 санкција за непочитување на брзината на движење и 51 мерка за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли, посочуваат од МВР, продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Царовска: Новата концепција за основно образование е влез во нова ера на развој, раст

Остануваме посветени и вложуваме во подобри услови и во нови образовни програми, со кои ќе ги поттикнеме најмладите критички да размислуваат и да фатат чекор со нивните врсници од најразвиените земји.

Меѓународниот ден на образованието – 24 јануари годинава го одбележуваме во време на пандемија којашто ни наметна целосно нови услови за одвивање на образовниот процес, но и предизвици во изнаоѓање на решенија за непречена настава и квалитетно образование и во овие исклучително сложени услови. И покрај пандемијата Министерството за образование и наука продолжува силно да вложува во образованието и во подготвувањето на целосна нова реформа која ќе гарантира подобро и поквалитетно образование за нашите деца. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во видео обраќање по повод денешниот Меѓународен ден на образованието.

„Остануваме посветени и вложуваме во подобри услови и во нови образовни програми, со кои ќе ги поттикнеме најмладите критички да размислуваат и да фатат чекор со нивните врсници од најразвиените земји. Силно верувам дека новата концепција за основно образование е влез во нова ера на развој, раст и унапредување на идните генерации и влог во иднината на земјата. Правото на образование е основно човеково право, а квалитетното образование е основа за развој и просперитет на секое дете и на општеството во целина“, вели Царовска.

Министерката Царовска потенцира дека и во време на пандемија е овозможено образовниот процес да тече непречена настава со комбинираниот модел: настава со физичко присуство, онлајн и со емитување часови на телевизија што не беше ни малку лесно. За сето ова да успее најголем придонес имаат учениците, наставниците и родителите.

„Децата, нашите ученици се и нашите херои во ова време, херои кои ни покажаа на сите нас дека може да се постигнат резултати и при учењето на далечина, ни одржаа лекција за прилагодување и прифаќање на променетите услови, за учење и просперитет и во вонредни околности“, вели Царовска.

Според податоците на УНЕСКО од кризата со Ковид-19 и затворањето на училиштата, универзитетите и другите образовни институции, како и прекинот на многу програми за доживотно учење и описменување, влијаеше врз животите на над 1,6 милијарди ученици во повеќе од 190 земји во светот. Во сите овие земји вклучувајќи ја и нашата, образованието е во фокусот на обновата од влијанието на кризата како клучен фактор за трансформацијата кон поинклузивно, побезбедно и одржливо општество.

Министерство за образование и наука

притисни ентер