МакедонијаАВМУ преку правилник ќе ги следи и регулира „инфлуенсерите“Несовесните „инфлуенсери“ кои преку нивната содржина го „загадуваат“ интернет просторот прво ќе се опоменуваат, а потоа ќе си заработат и прекршочни пријави.АВМУ преку правилник ќе ги мониторира и регулира „инфлуенсерите“ кои имаат преку 10.000 следачи на социјалните мрежи, првенствено за да се создаде побезбедна интернет средина за корисниците, особено за помладите и децата кои во голем број ги следат креаторите на содржини. Дополнително, на контото на агенцијата годишно ќе се слева по 0,5% од годишната заработка на секој „инфлуенсер“, кој ја има потребната бројка на следачи, а кои вообичаено за едно видео и три „сториња“ наплаќаат од 300 до 1.000 евра, но не постојат стандардизирани цени. Целта на регулацијата не е да се ограничи креативноста, туку да се воспостави јасна линија кој подлежи на јавна одговорност и зошто, со ваквата регулација и публиката добива поголема заштита, а и самите „инфлуенсери“ добиваат појасни правила за работата и им помага да изградат доверба кај публиката преку транспарентност. На крајот, идејата е да обезбедиме фер и одговорна медиумска средина што одговара на реалноста во која живееме денес. Од штетни „медикаменти“, опасни чаеви за слабеење, до рекламирање на казина, обложувалници и брзи кредити, тик-токерот Александар Динев, кој има преку 325.000 следачи на платформата, вели дека регулацијата е добра, оти има многу креатори кои не се грижат каква штета ќе предизвикаат се додека имаат прегледи.. -Да не шириме говор на омраза, ние како инфлуенсери, креатори и јавни личности, но истовремено да не се промовираат кои навистина се свесни за луѓето, особено за младите. Јас сум целосно ЗА тоа да се воведе затоа што воопшто не подржувам, алкохол, цигари, казина,брзи кредити итн и сметам дека тоа не се добри вредности кои што треба да ги промовираме на нашите генерации. Александар Динев – „Инфлуенсер“ Сепак, од страна на креаторите на содржини има замерка за традиционалниот начин кој Динев вели агенцијата го наметнува за рекламирање на производите од кои заработуваат. Ако јас треба на секое видео да кажувам, ова е реклама, се губи таа креативност, се губи моментот на спонтаност. Тие рекламни правила ни сметаат и ни ја кратат креативноста до одреден степен. Ова е рекламно видео, ова видео е реклама, ова видео е спонзорирано, по самото тоа што се снима видеото и се споменува продуктот луѓето знаат дека е реклама. Правилникот наредната недела ќе се објави во слубен весник, а на почетокот на август, овој подзаконски акт ќе стапи на сила. „Инфлуенсерите“ кои имаат над 10.000 следачи и ги исполнуваат останатите услови да се нарекуваат така имаат обврски до крајот на годината да се пријават до агенцијата и да бидат евидентирани во регистарот. Правилникот, инаку се носи согласно европските директиви...Тагови: инфлуенсерки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Топлото време ќе продолжи и во следните денови, можна нестабилност во попладневните часовиГолем дел од источна и северна Македонија во текот на вчерашниот ден беше зафатена од силно невреме кое на повеќе локации предизвика и штети... Од УХМР велат дека топлото време ќе продолжи и следните денови со можна нестабилност во попладневните часови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСрбин два пати летово „летал“ низ Македонија двојно побргу од дозволеното- уапсен е Лишен од слобода српски државјанин, двапати летово возел со повеќе од двојно над дозволената брзина.Вчера (29.08.2026) во 23:20 часот, на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Д.П.(34) од Република Србија, откако при проверка на патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од него, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека во два наврати бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на 22.07.2026 година, во 13:42 часот, на автопатот А1, во близина на Демир Капија, Д.П. управувал со возилото со брзина од 163 километри на час, а на 20.08.2026 година, во 19:40 часот, на истата делница, повторно управувал со брзина од 169 километри на час, и во двата случаи на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Д.П. бил лишен од слобода и спроведен во Полициската станица од општа надлежност Неготино за понатамошна постапка. За случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувањата на брзината. Безобѕирното и пребрзо возење сериозно го загрозува животот и безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Возете одговорно и почитувајте ги правилата – брзината никогаш не е поважна од човечкиот живот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПожарот на „Пелистер“ локализиран, опасноста од ширење и натаму голема Пожарот кој изби во атарот на село Макази, ресенско, и беше опасност за Националниот парк „Пелистер“ е ставен под контрола. Сепак, заканата и натаму постои... Пожарот што вчера попладне избувна од преспанската страна поради силниот ветер брзо се прошири во пониските делови на Националниот парк „Пелистер“. По повеќечасовна битка со огнот, пожарот во текот на ноќта е локализиран, но опасноста од негово повторно активирање и ширење останува голема и ќе зависи од временските услови. Во гаснењето на пожарот нема повредени пожарникари велат од ДЗС. „Во доцните часови беше воспоставена блага контрола врз овој тежок за гаснење пожар но побарав дополнителна поддршка од доброволните пожарникари во Битола кои во текот на целата ноќ беа поддршка на противпожарните тимови. Обезбедивме и механизација која над боровите врши противпожарна пресека каде ќе се обидеме да го спореме огнот. Но на пладне почнаа повторно почнаа да се појавуваат горливи точки. Дејствуваат ер трактори на ДЗС.“ На терен цела ноќ биле екипи на Националниот парк, противпожарните единици од Битола и Ресен, доброволното противпожарно друштво како и екипи со механизација. Денес во гаснењето е вклучен и армиски хеликоптер, а се очекува дополнителна воздушна поддршка со два „ер трактори“. „Се надеваме дека ер-тракторите ќе успеат да го намалат движењето на пожарот за да можеме во текот на вечерните ќасови да реагираме на терен за целосно да го локализираме пожарот.“ Пожарот го зафати понискиот дел од Националниот парк „Пелистер“, каде огнената стихија се шири низ шумскиот појас. Екипите на терен продолжуваат со гаснењето и со локализирање на жариштата, а поради тешко пристапниот терен интервенцијата е отежната. „Се работи за мал дел од територијата на националниот парк Пелистер, за понискиот дел. Со повисоките температури во текот на денот имаме повторно разгорување.“ Надлежните остануваат на терен и во текот на денот, со цел да се спречи повторно активирање на пожарот. Во моментов приоритет е целосно локализирање на жариштата и заштита на шумскиот фонд во Националниот парк „Пелистер“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40